Орањестад (Аруба)

главен град на Аруба

Орањестад (холандски: Oranjestad) — главен и најголем град на холандската прекуморска земја Аруба. Меѓу мештаните кои го говорат јазикот папијаменто, градот е познат и како „Плаја“ (Playa). Во 2015 г. населението броело 35.000 жители.

Орањестад
Oranjestad
град
Поглед Орањестад
Поглед Орањестад
Прекар(и): Плаја
Гесло: Еден среќен остров
Карта

Орањестад во рамките на Аруба
Држава Кралство Холандија
Земја Аруба
ОкругОрањестад
Надм. вис.&100000000000000040000004 м
Население (2015)
 • Вкупно34,980
Час. појасAST (UTC-4)
КлимаBSh
Центарот на Орањестад

Историја

уреди

Градот настанал околу тврдината Заутман накратко по нејзината изградба во 1796 г. Во прво време немал официјално име, туку бил познат како населба на Заливот на Коњите (Paardenbaai), каде имало ергеле за размножување на коњи кои се извезувале на соседниот остров Курасао.

Официјалното име го добил во 1820-тите години, со зголемениот интерес за Аруба поради откриените златоносни талози. Наречен е по првиот крал на Холандија, Вилем I (вл. 1815-40), кој ѝ припаѓал на династијата Орање.

Географија

уреди

Орањестад лежи на морскиот брег, на западната(или северозападната) страна на островот. Помали делови од него се образувани со мелиорација на земјиште од морето, меѓу кои денешниот пазар „Ренесанс“ (порано наречен „Сипорт“), како и соседниот парк „Кралица Вилхелмина“.

Клима

уреди

Градот има врела полусува клима (класа BSh). Температурите се високи преку целата година, со влажен воздух и мали дневни температурни разлики. Има само малку врнежи поради неговата положба во дивергентна зона помеѓу југоисточните пасати од југ и северноамериканскиот монсун понасевер. Врнежите настапуваат во мал дел од годината (октомври-декември) кога повлекувањето на меѓутропоската конвергентна зона во јужен правец предизвикува позачестени североисточни ветрови.

Култура

уреди
 
Здание во холандски колонијален стил.
 
Новата протестантска црква.

Во центарот на градот има градби и куќи во холандски колонијален стил кои денес се обновени и заштитени од власта.

Стопанство

уреди

Туризам

уреди

Меѓу поважните знаменитости на Орањестад се тврдината Заутман, бесцаринското пристаниште и кулата „Вилем III“, сместени близу до неа.

На островот има осум музеи.

Градот има разни продавници за посетителите: трговскиот центар на отворено „Ројал плаза“, неколку гради на плоштадот и на Главната улица. Богат избор на производи има и долж булеварот Лојд Г. Смит, кој е поблиску до пристаништето и терминалот за крстосувачи.

Ренесансен Остров

уреди

Ренесансниот Остров е плитак (или препречен гребен) недалеку од брегот на Орањестад и зафаќа површина од 16 ха. Тој е во приватна сопственост, со единствените приватни плажи на Аруба,[1] наречени Игуана и Фламинго. На 50-тина метри од брегот, во водата се потопени два стари авиони („Бичкрафт 18“ и „Конвер 400“) за да се добие интересно место за нуркање.[2] На островот можат да се забележат и фламинга,[3] кои се донесени на островот од странство.[4]

Сообраќај

уреди
 
Поглед на Орањестад.

Градот го опслужува Меѓународниот аеродром „Кралица Беатриса“, на растојание од 2,5 км од центарот. Низ стариот дел на градот сообраќа трамвајска линија, пуштена во декември 2012 г.[5][6]

Пристаништето е најголемо на островот и има сместивост од пет големи пловила наеднаш. Во 2003 г. ова пристаниште примило преку 200 контејнерски бродови. Во Баркадера, на 5 км источно, има пристаниште за помали товарни бродови. Предложено е проширување на големото пристаниште, како и изградба на марина со која би се решил недостигот на места за едреници, јахти и рибарски бродови.

Во градот е седиштето на месниот авиопревозник „Тијара ер“, кој почнал со работа во 2006 г.[7] заменувајќи го дотогашниот национален превозник „Ер Аруба“, затворен во 2000 г поради банкрот.

Образование

уреди

Во Орањестад работи Универзитетот на Аруба кој има правен и економски факултет, како и најголемото средно училиште (нареечено Colegio Arubano) — обете со настава по холандскиот систем. Многу од младите мештани се решаваат да студираат во Холандија.

Во градот е и Медицинскиот факултет „Ксавиер“, кој работи по американски систем. Нуди двегодишно образование за здравствени работни и четиригодишно образование за доктори. Сета настава е на англиски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Renaissance Aruba Resort & Casino“. Посетено на 2014-08-20.
  2. Huber, Joyce (2011). Best Dives of Aruba, Bonaire & Curaçao. Hunter Publishing, Inc. ISBN 9781588437495.
  3. Suri, Charu. „Where to see Flamingos in Aruba“. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 2014-08-20.
  4. „Everything You Need To Know About Flamingo Beach Aruba“. 1 July 2017. Архивирано од изворникот на 2023-01-14. Посетено на 2019-09-04.
  5. „THE BATTERY TRAMS OF ARUBA“. www.tramz.com. Архивирано од изворникот на 2019-02-14. Посетено на 2019-09-04.
  6. „The Streetcars of Oranjestad“. www.tramz.com. Архивирано од изворникот на 2019-02-12. Посетено на 2019-09-04.
  7. "Contact." Tiara Air. March 2, 2009. посет. 23 март 2014 г.

Надворешни врски

уреди

12°31′07″N 70°02′09″W / 12.5186° СГШ; 70.0358° ЗГД / 12.5186; -70.0358