Свети Кристофер

За други значења на поимот „Свети Кристофер“, видете ја страницата за појаснување.


Свети Кристофер (Saint Christopher) или Свети Китс (Saint Kitts) е остров во Карипското Море. Свети Кристофер е дел од Заветрените Острови, подгрупа на Малите Антили. На запад островот излага на Карипското Море, додека на исток на Атлантскиот Океан. Свети Кристофер, заедно со соседниот остров Невис, ја сочинуваат федерацијата Свети Кристофер и Невис.

Свети Кристофер
Liamuiga, Saint Christopher, Saint Kitts
Наречен и: Град на шеќерот
Saint Kitts and Nevis, administrative divisions - mk - monochrome.svg
Карта на Свети Кристофер и Невис
Географија
МестоКарипско Море
Координати17°15′N 62°40′W / 17.250° N; 62.667° W / 17.250; -62.667
АрипелагЗаветрени Острови
Највисока котаЛијамуига
Управување
Најголема населбаБастер (pop. 15,500)
Демографија
Население35,000
Густина на население208,33 /km2 (53.957 /sq mi)
Етнички групиАфроамериканци, мулати, Азијци, Британци, Португалци, Либанци[1]

Островот се наоѓа на околу 2100 км југоисточно од Мајами, САД. Островот има вкупна површина од 168 километри квадратни, долг е околу 29 километри, а широк околу 8 километри. Свети Кристофер има вкупно население од околу 35.000 жители, од кои мнозинство се Афроамериканци. Главен и службен јазик на островот е англискиот, со писменост на население од околу 98%. На Свети Кристофер се наоѓа Националниот парк Хил Фортрес, кој е заштитен од УНЕСКО и претставува најголема тврдина изградена во Источните Кариби.

Административна поделбаУреди

Островот, административно, е поделен на 9 парохии:

  1. Крајст Чрч Никола Таун
  2. Сент Ен Сенди Поинт
  3. Сент Џорџ Бастер
  4. Сент Џон Капистер
  5. Сент Мери Кајон
  6. Сент Пол Капистер
  7. Сент Питер Бастер
  8. Сент Томас Мидл Ајланд
  9. Тринити Палмето Поинт

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Ben Cahoon (2000). "Saint Kitts and Nevis". WorldStatesmen. Посетено на 2010-07-17.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди