Пасати
Пасати се постојани ветрови кои дуваат од 300 СГШ и 300 ЈГШ кон екваторот, односно од области со висок атмосферски притисок кон области со низок атмосферски притисок. Поради Земјината ротација тие скршнуваат кон запад. Често имаат слоеви, со површински слој кој станува сè повлажен и нестабилен како што воздухот се движи кон екваторот. Над него постои покривниот слој, кој е сув и стабилен. Пасатите се познати за обезбедување пат преку Атлантикот за бродовите, уште од ерата на истражување. Главна улога играат и во Тихиот Океан.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |