Општина Толмин

општина во Словенија

Општина Толмин (словенечки: Občina Tolmin) — општина во Горичкиот регион, западна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Во 2020 г. населението броело 11.003 жители.[1] Најголемо населено место и општинско седиште е градот Толмин.

Општина Толмин
Občina Tolmin
општина
Поглед на Толмин
Поглед на Толмин
Грб на Општина Толмин
Местоположба на Општина Толмин во Словенија
Местоположба на Општина Толмин во Словенија
Земја Словенија
СедиштеТолмин
Управа
 • ГрадоначалникУрош Брежан
Површина
 • Вкупна381,5 км2 (1,473 ми2)
Население (2020)[1]
 • Вкупно11.003
 • Густина2,9/км2 (7,5/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоtolmin.si Уредете го ова на Википодатоците

Населени места уреди

Покрај општинското седиште Толмин, општината ги опфаќа и следните населени места:

Историја уреди

Во стариот век подрачјето било населено од Илирите, а потоа освоено од Римјаните. Во VI век се доселиле и Словените, предците на денешните Словенци.

Во средниот век подрачјето било под управа на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до 1420 г. кога потпаднало под Венецијанската Република. Во 1514 г. е преземено од Хабсбурговците и дадено како лено на грофовското семејство Коронини-Кронберг. Средновековните документи сведочат за голем број востанија кои се провлекуваат низ вековите, доживувајќи го својот врв во селанската буна во 1713 г. Оваа буна започнала од Грофовијата Толмин и се проширила во Випавската Долина, висорамнината Крас и крајот Брда, па до северна Истра. Востанието било безмилосно задушено од царската војска, а неговите единаесет предводници биле обезглавени.

Во XVI век овој крај влегол во Грофовијата Горица и Градишка. За време на Првата светска војна Толмин служел како база за пробивот на Сочкиот фронт. На крајот од 1918 г. италијанската војска гп окупирала толминскиот крај, и од 1918 до 1943 г. (формално до 1947 г.) Толмин станал општина на покраината Гориција/Горица (под името Толмино), со исклучок на периодот од 1924 до 1927 г. кога Гориција била укината и ставена во покраината Удине.[2] Од 1943 до 1945 г. подрачјето е заземено од германската воена управа (Оперативна зона Јадранско приморје). Во 1945 г. е ослободен од партизаните, па во 1947 г. е официјално припоен кон Југославија. Оттогаш до денес е дел од Словенја.

Географија уреди

Општинат аги опфаќа сливовите ма релоте Толминка и Задчашчица во најнискиот пристапнен дел на Националниот парк Триглав. Од особен интерес во сливот на Толминка е топлиот извор на крајот од патеката. Во околината има неколку впечатливи водопади како Бринта (104 м) и Грегорчичевиот Водопад (88 м), како и неколку помали водопади засолнети во кланците на потоците Мрзли Поток, Годича, Пшчак и Сопотница.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-06-09.

Надворешни врски уреди