Опсадата на Ница се случила во 1543 година и е дел од Италијанските војни во кои Сулејман I и Франсоа I биле во сојуз против Светото Римско Царство на Карло V и Кралство Англија на чело со Хенри VIII. Во тоа време, Ница била под контрола на Карло III, војвода од Савоја, сојузник на императорот[2]. Оваа битка е дел од Средоземниот поход на Барбароса од 1543-1544 година.[3]

Опсада на Ница


partof=the Османлиско-хабсбуршки војни
Датум 22 август 1543[1]
Место Ница
Исход Осмаснлиско и француско повлекување
Завојувани страни
Свето Римско Царство
Династија Савоја
Османлиско Царство
Франција
Команданти и водачи
Хајредин Барбароса
Салих Реис
Франсоа Бурбонски
Сила
100 галии
30,000 војници
50 галии

Опсада

уреди
 
Катарина Сегурана

Во Средоземниот дел од Европа, честите војни довеле до сојузништво помеѓу Османлиското Царство и Франција, чиј главен противник биле шпанската Хабсбуршка династија. Француските сили биле предводени од страна на Франсоа Бурбонски, а Османлиските од Барбароса, кој се приклучил кон Марсеј во август 1543 година[4]. Како основен темел на војната се гледа во веридбата на Чарлс III со Беатрис од Португалија и сојузништвото помеѓу Савоја и Хабсбуршката монархија.[5] По ова бил направен план како да се нападне градот Ница. Тоа се случило на 6 август 1543 година[6][7]. Османлиите имале 110 галии, а Французите околу 50.[8]

Во почетокот, француско-османлсиките сили извршиле големи напади на 15 август, за да на 22 август целосно го опкружат градот. Голем број на војници биле заробени, но и покрај тоа тие не можеле да ја заземат тврдината[9][10] . Голема битка околу тврдината се случила на 8 септември, каде Французите и Османлиите морале да се повлечат. По ова следувала жалбата на Барбароса околу состојбата на француските бродови и несоодветната опрема за напад на Французите.[9]

Околу битката, најпознат мит е оној за Катерина Сегуран. Катерина е народен херој на градот Ница, денешна Франција, која одиграла значајна улога во опсадата на градот од страна на османлиските освојувачи во сојуз со Франсоа I. Во тоа време, Ница била дел од Савоја, независна од Франција. Катерина ја презела одговорноста околу одбраната на градот. Сепак, постоењето на Катерина никогаш не е докажано. Нејзиниот јуначки чин најверојатно е измислен од Жан Бадат, кој бил сведок на опсадата.

Наводи

уреди
  1. Cartography in the Traditional Islamic and South Asian Societies J. B. Harley p.245 [1]
  2. The Ottoman Empire and the world around it Suraiya Faroqhi p.33
  3. History of the Ottoman Empire and modern Turkey by Ezel Kural Shaw p.102 [2]
  4. A New General Biographical Dictionary, Volume III by Hugh James Rose [3]
  5. McCabe, p.42
  6. Subjects of the Sultan by Suraiya Faroqhi p.70
  7. The Ottoman Empire and early modern Europe by Daniel Goffman p.xxi
  8. The Cambridge History of Islam, p.328
  9. 9,0 9,1 History of the Ottoman Turks Edward Shepherd Creasy p.286
  10. McCabe, p.41