Опсада на Адријанопол (813)

Опсадата на Адријанопол се одвила во перидот од летото до есента 813 година на градот на Едрене, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Опсадата е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Опсада на Адријанопол
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 813
Место Адријанопол
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Крум непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато големи
10,000 заробени

Заднина

уреди

Опсадата претставува дел од походот на бугарскиот хан Крум ротив Византија. Како главен град на тема Македонија и седиште на епископот[1], во почетокот на 9 век Адријанопол (Едрене) претставувал еден од главните воено-административни и духовни седишта во Византиска Тракија. Градот бил стратешки важен поради својата местоположба на главните патишта кои водат од север и северозапад кон византиската престолнина Цариград[2]. Градот исто така бил користен и како најблискиот пункт и излезна база за византиските воени експедиции против Бугарија во 807 и 813 година[3].

Заедно со Сердика, Вереја, Филипопол и Дебелт, Адријанопол претставувал една од најголемите тврдини кои го попречувале напредувањето на Бугарите на југ од Стара Планина[4]. По поразот и загинувањето на византискиот цар Никифор I во Битката кај Плиска, овие тврдини започнале да паѓаат една по една во рацете на Бугарите[5].

Опсада

уреди

На 22 јуни 813 година, во Битката кај тврдината Версиникија, византиската армија претрпела уште едно тежок пораз. Веднаш по оваа победа хан Крум го оставил својот брат (чие име не е споменато во изворите) со дел од војската за да започне опсада на Адријанопол, а самиот тој со останатите војници заминале кон Цариград и на 17 јули пристигнале пред неговите ѕидини. Братот на Крум не успеал да ја заземе тврдината, но го блокирал гарнизонот кој се наоѓал таму и на тој начин го обезбедил партот на бугарските војници кои дејствувале против византиската престолнина[6].

Откако преговорите за мир со император Лав V Ерменец пропаднале поради неуспешниот атентат против Крум, бугарскиот владетел започнал одмаздничка игра, наредувајќи да се опустошат сите градови во Источна Тракија. На враќање од овој марш Крум се приклучил на војниците кои го држеле под опсадаградот. Во нападите врз градот, Бугарите користеле опсадни машини. Сепак византискиот гарнизон го издржал притисокот и се предал дури откако му се намалиле резервите во есента на 813 година[6][7] .

Последици

уреди

За да ја ослабне византиската власт во Тракија и да ги подготви условите за одлучен напад против Цариград, Крум наредил иселување на 10.000 од жителите на Адријанопол и неговата околина во неговите територии на север од Дунав[8]. Во градот била наметната бугарска воена администрација на чело со крумовиот брат[2].

Со мировниот договор склучен во 814/815 година од хан Омуртаг, Адријанопол бил вратен во пределите на Византија[9].

Наводи

уреди
  1. Fine, The Early Medieval Balkans, p. 79
  2. 2,0 2,1 Гюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 52
  3. Златарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 326, 346
  4. Острогорски, История на византийската държава, с. 272
  5. Златарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 338-339
  6. 6,0 6,1 Гюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 195
  7. Златарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 349-357
  8. Златарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 357-359
  9. Рънсиман, История на Първото българско царство, с. 71

Литература

уреди
  • Гюзелев, В. Кавханите и ичиргу-боилите на българското ханство-царство (VII-XI в.), Пловдив 2007, ISBN 978-954-91983-1-7
  • Златарски, В. История на българската държава през средните векове, том I, част 1, София 1970 (цитиран по електронното издание в „Книги за Македония“, посетено 2.1.2009)
  • Острогорски, Г. История на византийската държава, София 1998, ISBN 954-8079-92-5
  • Рънсиман, Ст. История на Първото българско царство, ИК „Иван Вазов“, София 1993
  • Fine, J. The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century, University of Michigan Press, 1991, ISBN 0472081497