Оплакување Христово

тема во христијанската уметност

Оплакување Христово — многу честа тема во христијанската уметност од развиениот среден век до барокот.[1] Откако Исус бил распнат, неговото тело било симнато од крстот и неговите пријатели го оплакувале околу неговото тело. Овој настан е прикажан од многу различни уметници.

Оплакување Христово во црквата Св. Пантелејмон во селото Горно Нерези. Фреската датира од 1164 година.

Делата со оплакувањето многу често се вклучени во циклусите на Христовиот живот, а исто така претставуваат тема на многу поединечни дела. Еден посебен вид оплакување ја прикажува само мајката на Исус Марија како го лулка неговото тело. Ова оплакување е познато како Пиета (италијански значи „сожалување“).[2]

Развој на приказот

уреди
 
Средновековно ѕидно сликарство што ја прикажува низата на Распетие, Симнување, Оплакување/Пиета, Помазание, со дел од Полагање или Воскресение крајно десно

Како што приказот на Страдањата Христови се зголемувал во сложеност кон крајот на првиот милениум, биле развиени голем број сцени кои го покривале времето помеѓу смртта на Исус на крстот и неговото полагање во неговиот гроб. Извештаите во Канонските евангелија се сосредоточуваат на улогите на Јосиф Ариматејски и Никодим, но посебно е наведено присуството на Марија и Марија Магдалена. Сцените на кои се прикажува Јосиф како преговара со Понтиј Пилат за дозвола да го земе телото на Христос се ретки во уметноста.[3]

 
Уголино Лоренцети, околу 1350 година

Симнувањето на Христос, каде што неговото тело се симнува од крстот скоро секогаш е прикажано во вертикална или дијагонална положба, била првата сцена што била развиена, и прво се појавила во византиската уметност од крајот на 9 век, а набргу потоа и во отонски минијатури.[4] Носењето на телото, што го прикажува Исусовото тело кое го носат Јосиф, Никодим, а понекогаш и други, првично била слика што го покривала целото времетраење помеѓу Симнувањето и Погребувањето, и останала вообичаено во византискиот свет.

Поставувањето на телото на Исус на плоча или одар, станала важна тема во византиската уметност, со посебни видови платнени икони, плаштаница и антиминс. Западните еквиваленти во сликарството се нарекуваат Помазание Христово.[5] Погребението Христово, кое го прикажува го полагањето на Христовото тело во гробот, била западна новина од крајот на 10 век. Хоризонтално исечени гробници во карпеста површина не се познати во Западна Европа, обично е прикажан камен саркофаг или гроб исклесан во рамна карпа.

Од овие различни слики, самото Оплакување, произлегло во 11 век, секогаш давајќи ѝ позначајно место на Марија, која или го држи телото, а подоцна го има в скут, или понекогаш паѓа назад во состојба на колапс, а Јосиф и другите го држат телото. Во многу раниот византиски приказ на 11 век,[6] сцена од овој вид е поставена веднаш до отворот на гробот, но во исто време други слики ја ставаат сцената во подножјето на празниот крст - всушност се преместува тоа и во времето (до пред носењето, положувањето и помазанието на телото), како и просторот. Оваа сцена станала стандардна во западната готска уметност, па дури и кога крстот последователно се гледа поретко, позадината на пределот обично се задржува. Во ранофламанското сликарство од 15 век, во позадината на сликата, на кратко растојание од сцената, често се појавуваат три крста.

 
Герард Давид - Оплакување

До 14 век, оплакувањето не се појавило во уметноста северно од Алпите, но потоа станало многу популарно, а северните верзии дополнително ја развиле средишната положба на Марија во композицијата.[7] Типичната положба на Христовото тело се менува, од тоа да биде рамно поставено на земја или плоча, при што обично се гледа во профилот во средиштето на делото, до горниот дел од торзото што го крева Марија или други, и на крајот се држи во речиси вертикална положба фронтално или во скутот на Марија. Марија Магдалена вообичаено ги држи Исусовите стапала, а Јосиф обично е постар маж со брада, често богато облечен. Во Оплакувањата со многу ликови, со Христовото тело прикажани се Трите Марии, апостол Јован, Јосиф и Никодим, а честопати и други фигури од двата пола, а секако и ангелите и портретите на донатори.[8]

Познатиот приказ на Џото ди Бондоне во капелата Скровењи насликани се уште десет женски фигури, кои не се индивидуализирани бидејќи немаат ореоли. Темата станува сè повеќе посебна побожна слика, сосредоточена на тагата на Марија за нејзиниот син, со помал нагласок на приказната. Логичен исход на овој тек била Пиета, која ги прикажува само овие две фигури, што било особено погодно за скулптури.

Полагањето на Христос и Оплакувањето или Пиета ја образуваат 13-тата од станиците на крстот, една од седумте таги на Богородица и заедничко обележје на циклусите на Животот на Богородица, а сето тоа ја зголемува честотата со која сцената била прикажана, бидејќи низата дела засновани на овие побожни теми станале популарни.

Не секогаш е можно јасно да се каже дали одредена слика треба да се смета како Оплакување или како една од другите поврзани теми споменати погоре, а музеите и историчарите на уметност не секогаш се доследни во нивното именување. Познатата слика на Мантења, јасно мотивирана од интересот за ракурс, во суштина е помазание, а многу сцени, особено италијанските Треченто и оние по 1500 година, споделуваат одлики од Оплакувањето и Закопот.[9]

Триптихот „Оплакување“ на Амбросиј Бенсон од 16 век бил украден од Нахера (Ла Риоха) во 1913 година. Подоцна бил препродаден неколку пати. Последен пат бил на аукција во Сотби во 2008 година, каде што бил купен од анонимен купувач за 1,46 милиони евра.[10]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Schiller, 178
  2. In English usually used for images showing only Mary and Jesus, but in Italian used for Lamentations generally.
  3. Schiller, 164 lists examples
  4. Schiller, 164-5
  5. Schiller 168-72
  6. Schiller, 174
  7. Schiller, 176
  8. Schiller, 174-9
  9. Schiller, 178-9
  10. Lamentation of Christ Triptych Sold for 1.46 Million Euros

Надворешни врски

уреди