Оплакување Христово (Св. Пантелејмон, Горно Нерези)
Оплакување Христово — фреска насликана во 1164 година од непознат уметник, за кој се претпоставува дека бил од Цариград, на внатрешните ѕидови на црквата „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези.[1]
Творец | непознат |
---|---|
Година | 1164 |
Место | Горно Нерези, Скопје |
На фреската, телото на распнатиот Христос е спуштено од крстот и положено на земја. Неговата глава ја држи Марија, неговата мајка. Апостол Јован ја држи Исусовата рака. Кај нозете, Никодим и Јосиф од Ариматеја чекаат да го подготват телото за положување во гроб.[2]
Но, фреската Оплакувањето Христово во Горно Нерези се разликува од другите слики со иста тема, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син со расчекорени нозе и тоа е единствена таква нејзина претстава во византиската иконографија. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка, а погледот е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка.
Оваа композиција во црквата Св. Пантелејмон во Горно Нерези се смета за предвесник на ренесансата во Италија и всушност ги има сите потребни елементи што ја одликуваат и Џотовата Богородица, која е претставена како млада силна жена со малку натажено лице. Ова значи дека преобразбата во ликовниот израз својствена за него и раноренесансните дејци во Италија е всушност започната во Македонија, 150 години претходно.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Фреската „Оплакување Христово" од Св.Пантелејмон, Горно Нерези (1164 година), предвесник на ренесансата“. 19.06.2020. Посетено на 1 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ „Јован 19:38-42“. Biblics. Посетено на 1 октомври 2023.