Плаштаница — платно на кое е извезено или насликано Христовото тело непосредно по симнувањето од крстот. На плаштаницата има и претстава на симнувањето од крстот и полагањето в гроб, како и претставата на Богородица, Јосиф, Никодим и евангелистот Јован.[1]

Плаштаница на Исус Христос

Плаштаницата се изнесува при пеењето на стиховите на вечерната богослужба на Велики петок и секогаш се става заедно со Евангелието во средината на храмот на посебна маса.

Развојот на плаштаницата е доста сложен и е поврзан со развојот на воздухот, големиот вход и вечерната богослужба на Велики петок.

Воздух

уреди

Воздухот е платно што е симбол на покровот во кој Јосиф и Никодим го завиткале телото Христово. Во него е завиткано Евангелието, а свештеникот го носи до градите или на рамо додека се пеат стиховите од вечерната на Велики петок и го полага на масата во средината на храмот, каде што народот му се поклонува до крајот на утрото на Велика сабота.

Потоа, утрото на Велика сабота, на тридневното големо славословие, што се пее бавно, во литија се носи Евангелието и се положува на светата трпеза, која симболично го претставува гробот Господов. Кога зборувавме за воздухот, важно е да се каже дека симболиката и практиката на Велики петок влијаела на тоа телото на мртвиот Исус Христос да се слика или везе на воздухот. Судејќи според живописните претстави на симнувањето од крстот и полагањето во гробот, претставата на Исус во воздухот сè повеќе го потиснувала Евангелието, кое пар екселанс е симбол на Христос, за подоцна да прерасне во независен литургиски објект во „плаштаница“, која со додавањето на Богородица, Јосиф и Никодим, евангелистот Јован, мироносици и ангелот се развиле во лик на „Христовата жалост“, додека воздухот повторно го добил својот стар, едноставен облик. Подоцна, плаштаницата почнала да се вади при пеењето на стиховите на Велики петок, секогаш заедно со Евангелието, во средината на храмот на посебна маса. Таму била предмет на богослужба и манифестирање на побожноста на верниците (цвеќиња, ароматични масла) до моментот на симболичното „полагање во гроб“ по завршувањето на „опелото“, односно утрото на Велика сабота.

Масата на која е поставена плаштаницата, која го симболизира каменот на кој телото Христово се подготвувало за полагање в гроб, со текот на времето се развила толку многу што добила и балдахин (кивориум), според Светата трпеза или Светиот гроб. Кога беше постигната оваа точка, лесно било оваа маса погрешно да се толкува како Господов гроб, а положувањето на Евангелието и плаштаницата почна да се смета како полагање во гробот, и конечно, за забуната да биде поголема, почнало на неа да се служи литургијата на Велика сабота.

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Плаштаница.