Опиени од љубов
Опиени од љубов (шпански: Destilando Amor), е една од продукции на телевизиската куќа Телевиса. Серијата во Мексико започна со прикажување во почетокот на 2007 година. Последната епизода се прикажувашe на 16 септември 2007. Оваа теленовела се смета за една од најдобрите и најуспешните теленовели во Мексико, во последните 10 години. Насловната нумера ја испеа мексиканскиот пејач Пепе Агилар. Серијата кај нас моментално се емитува на Сител телевизија.
Опиени од љубов | |
---|---|
Жанр | драма, теленовела |
Создадена од | Фернандо Гајтан |
Улоги | Анхелика Ривера Едуардо Јанез Серхио Сендел Шантал Андер Марта Хулија |
Воведна тема | "Por Amarte" , Pepe Aguilar |
Земја на потекло | Мексико |
Првичен јазик | Шпански |
Бр. на епизоди | 170 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Никандро Диаз Гонсалес |
Местоположба | Град Мексико Халиско Лондон Њујорк Париз |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал2 |
Првично прикажување | 22 јануари 2007 – 16 септември 2007 |
Хронологија | |
Следбеник | Страст (2007–2008) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | esmas.com/destilandoamor |
Синопсис
уредиВо преубавото мало селце во Текила, Халиско, доаѓа до силна, и чувствителна љубов, како дестилираната текила, по која и малото место го добило името. Тереза Ернандес, која сите ја викаат Гавиота, е млада берачка која патува по земјата заедно со нејзината мајка Клара, како би се издржувале. Секоја година се враќаат во Текила на жетвата на агава на хациендата Ла Монталвења, во сопственост на Дон Амадор, патријархот на фам. Монталво, најбогатато семејство во крајот, и сопственици на продукција на текила. На почетокот на приказната, Амадор знае дека му се ближи крајот и доаѓа на хациендата како би ги поминал последните денови на земјата која толку ја сака. Кога Дон Амадор, умира неговата фамилија се собира на погребот. Неговите внуци, Родриго, Арон и Софија, доаѓаат од Лондон каде студираат, додека Даниела и Патрисио доаѓаат од Њујорк. Братучедите Арон и Родриго пораснале како браќа, но пораката на дедо им кај Арон буди амбиција, бидејќи наследството на дедо му ќе достигне во рацете на оној кој ќе добие прв син. Арон е уверен како богатството ќе му припадне него, со обзир дека Родриго е импотентен и никогаш не водел љубов со жена; но со доаѓањето на Гавиота, ќе се промени и судбината на Родриго. На запознавањето, Родриго и Гавиота чувствуваат значење на прва љубов; нивните тела се спојуваат и двајцата доживуваат страстна ноќ. Родриго и ветува на Гавиота дека ќе се ожени со неа кога за една година ќе се врати од докторатот од Лондон. После некое време, Гавиота дознава дека е бремена. Заради својата наивност, одлучна сепак да тргне на пат кон Англија и да го најде Родриго. Со измама еден фотограф од нејзиното соседство и ветува дека ќе ја однесе во Лондон, но Гавиота паѓа во бело робје која ја одведува во Париз, во еден бордел. Убавата девојка побегнува од светот на борделот во потрага по човекот кој го сака. Сама, без познавање на јазикот, само со една вера во големата љубов, запознава добар Италијанец, и во група англиски верници, сепак се враќа во Мексико како би ја пронашла љубовта која одамна ја остави; животот полн со разочарувања и бол, животот во големиот град, каде владеат амбицијата, бесот, лагата, животот во која таа ќе мора да се претвори во силна и цврста жена, и да заборави на она срце кое беше полно со невиност и надеж пред заминувањето.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Анхелика Ривера | Тереза (Гавиота) Ернандес |
Едуардо Јанез | Родриго Монталво |
Серхио Сендел | Арон Монталво |
Шантал Андер | Минерва |
Марта Хулија | Исадора |
Ана Мартин | Кларита |
Ана Патрисија Рохо | Софија |
Фернанда Кастиљо | Даниела |
Јан | Патрисио |
Оливија Буцио | Федра |
Прикажувања
уредиЗемја | Превод | ТВ канали | Премиера на серијата | Емитување | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Мексико | Destilando Amor | Canal de Las Estrellas XEW-TV (Televisa) | January 22 2007 | Monday to Friday 9.30 p.m | ||
САД | Destilando Amor | Univision | March 26 2007 | Monday to Friday 9.00 p.m (Eastern Time) | ||
Порторико | Destilando Amor | WLII | August 2007 | Monday to Friday 9.00 p.m (Atlantic Time) | ||
Канада | Destilando Amor | TLN | Monday to Friday 6.00 p.m | |||
Романија | Tequila cu suflet de femeie | Acasa | Monday to Friday 7.00 p.m | |||
Словенија | Čista ljubezen | TV3 Slovenia | October 10 2007 | Monday to Friday 1.35 p.m | ||
Шпанија | Destilando Amor | TVE | Monday to Friday 3.50pm | |||
Бразил | Destilando Amor | SBT | Monday to Friday 6.15 p.m | |||
Србија | Opijeni ljubavlju | Пинк Телевизија | June 2007 | Monday to Friday 6.00 p.m | ||
Израел | שיכורה מאהבה | Viva Channel | October 29 2007 | Sunday to Thursday 8.50 p.m | ||
Латвија | Mīlestība un Tekila | LNT | February 6 2008 | Monday to Friday 4.35 p.m | ||
Црна Гора | Opijeni ljubavlju | Pink M | June 2007 | Monday to Friday 6.00 p.m | ||
Босна и Херцеговина | Opijeni ljubavlju | Pink BH | June 2007 | Monday to Friday 6.00 p.m | ||
Предлошка:МК | Опиени од љубов | Сител телевизија | March 2008 | Monday to Friday 9.00 a.m | ||
Хрватска | Opijeni Ljubavlju | ХРТ | September 4 2008 | Monday to Saturday 12.30 p.m |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 5 септември 2007 г.
- Сериалс.ру Архивирано на 25 август 2007 г.
- Пинк Телевизија Архивирано на 31 декември 2007 г.