Коселска Река

река во Македонија
(Пренасочено од Опејничка Река)

Коселска Река или Опејничка Река — река во Северозападна Македонија која извира од западните падини на Плакенска Планина на височина од 1.070 м, а се влева во Охридското Езеро на височина од 693 м под името Даљан во истоимената населба на источниот крај на Охрид. Вкупната должина на речниот тек изнесува 66 км, има вкупен пад од 377 м, и просечен пад од 5,71 ‰. Сливот зафаќа површина од 214 км2. Просечниот годишен проток изнесува 1,30 м3. Најголемо количество вода има во пролет, а најмало кон крајот на летото. Во април 2010 година забележан е голем помор на риби во реката.[1]

Коселска Река
Коселска Река како Опејничка Река низ Опеница
Местоположба
Физички особености
ИзворПлакенска Планина
 • надм. вис.1070 м
УстиеОхридско Езеро
 • место
Даљан, Охрид
 • надм. вис.
693 м
Должина66 км
Големина на сливот214 км2
Проток 
 • просечен1,30 м3
Особености на сливот

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Трајковски, Мики (1/04/2010). „Помор на риби во Коселска река“. Алсат - М. Архивирано од изворникот на 2010-04-03. Посетено на 2010-04-21. Text "language" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)