Роберт Опенхајмер

(Пренасочено од Опенхајмер)

Роберт Опенхајмер (анг. Robert Oppenheimer; 22 април 1904 - 18 февруари 1967) — северноамерикански физичар, професор на Универзитетот во Калифорнија (до 1942). Повеќе години се занимавал со експерименти и имал повеќе пронајдоци на полето на атомската физика. Негов пронајдок е Опенхајмер-Филипсовата реакција.

Роберт Опенхајмер.

На покана на Министерството за одбрана на САД го напушта универзитетот (1942) и зема водечка улога во решавањето на проблемите на создавањето на првата атомска бомба. До 1945 година бил директор на лабораторијата за изградба на атомска бомба во Лос Аламос, кога Министерството за одбрана му доверило да работи на проектот за примена на атомската енергија во воени цели.

Од 1953, под сомнение дека одржува врски со комунистите, оневозможена му е понатамошна работа на атомските пронајдоци во САД, затоа што бил противник на произведување на водородни бомби и се залагал за користење јадрена енергија во миротворни цели. Рехабилитиран е во 1963 година.