Онхоцеркијаза

(Пренасочено од Онхоцероза)

Онхоцеркијаза, позната како речно слепило и Роблесова болест, е болест предизвикана од инфекција со нематоден црв Onchocerca volvulus.[1] Симптомите вклучуваат неподносливо чешање, поткожни грутки и слепило.[1] Ова е втор најчест причинител за слепило кој се должи на инфекција по трахомата.[6]

Онхоцеркијаза
СинонимиРечно слепило, Роблесова болест
Возрасна црна мува со паразит Onchocerca volvulus кој излегува од антената на инсектот, зголемено 100x
СпецијалностИнфектологија
СимптомиЧешање, поткожни нодули, слепило[1]
ПричинителиOnchocerca volvulus пренесен од црна мува[1]
СпречувањеИзбегнување на убоди (употреба на репеленти, соодветно облекување)[2]
ЛековиИвермектин, доксициклин[3][4]
Честота15.5 милиони (2015)[5]
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Околу 15.5 милиони луѓе во светот имаат речно слепило.[5]

Причинител и дијагноза

уреди

Нематодниот црв се пренесува преку убоди од црна мува од родот Simulium.[1] Потребни се повеќе убоди пред да настане инфекцијата.[7] Мувите живеат покрај реките, па оттаму доаѓа името на болеста.[6] Кога ќе влезе во човекот, црвот создава ларва која излегува на површината од кожата.[1] На овој начин ќе ја инфицира следната црна мува која ќе му направи убод на човекот.[1] Постојат повеќе начини за дијагноза, вклучувајќи: биопсија на кожата со нормален физиолошки раствор и чекање ларвата да излезе и проверка на очите за појава на ларви, и преглед на поткожните грутки за присуство на возрасни црви.[8]

Превенција и лекување

уреди

Не постои вакцина против болеста.[1] Превенцијата вклучува избегнување на убоди од муви.[2] Тука може да се опфати употребата на средство против инсекти и соодветна облека.[2] Потоа, се прави напор да се намали популацијата на муви со прскање инсектициди.[1] Со лекување на цели групи луѓе двапати годишно се прави напор да се отстрани болеста на неколку места во светот.[1] Заразените се лекуваат со лекот ивермектин, кој се дава на секои шест до дванаесет месеци.[1][3] Лекот ги уништува ларвите, но не и возрасните црви.[4] Лекот доксициклин, кој ги убива поврзаните бактерии наречени Wolbachia, ги ослабува црвите, па некои го препорачуваат за употреба.[4] Можно е и хируршко отстранување на поткожните грутки.[3]

Епидемиологија и историја

уреди

Од 17 до 25 милиони луѓе се заразени со речно спелипо, а околу 800.000 луѓе делумно го имаат изгубено видот.[4][7] Повеќето инфекции се појавуваат во Екваторска Африка, но има и пријавени случаи во Јемен и во изолираните области на Централна и Јужна Америка.[1] Во 1915 година, докторот Родолфо Роблес бил првиот кој го поврзал црвот со очната болест.[9] Во Светската здравствена организација ја нарекуваат запоставена тропска болест.[10]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 „Onchocerciasis Fact sheet N°374“. World Health Oragnization. March 2014. Посетено на 20 March 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Onchocerciasis (also known as River Blindness) Prevention & Control“. Parasites. CDC. May 21, 2013. Посетено на 20 March 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Murray, Patrick (2013). Medical microbiology (7. изд.). Philadelphia: Elsevier Saunders. стр. 792. ISBN 9780323086929.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Brunette, Gary W. (2011). CDC Health Information for International Travel 2012 : The Yellow Book. Oxford University Press. стр. 258. ISBN 9780199830367.
  5. 5,0 5,1 GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
  6. 6,0 6,1 „Onchocerciasis (also known as River Blindness)“. Parasites. CDC. May 21, 2013. Посетено на 20 March 2014.
  7. 7,0 7,1 „Parasites – Onchocerciasis (also known as River Blindness) Epidemiology & Risk Factors“. CDC. May 21, 2013. Посетено на 20 March 2014.
  8. „Onchocerciasis (also known as River Blindness) Diagnosis“. Parasites. CDC. May 21, 2013. Посетено на 20 March 2014.
  9. Lok, James B.; Walker, Edward D.; Scoles, Glen A. (2004). „9. Filariasis“. Во Eldridge, Bruce F.; Edman, John D.; Edman, J. (уред.). Medical entomology (Revised. изд.). Dordrecht: Kluwer Academic. стр. 301. ISBN 9781402017940.
  10. Reddy M, Gill SS, Kalkar SR, Wu W, Anderson PJ, Rochon PA (October 2007). „Oral drug therapy for multiple neglected tropical diseases: a systematic review“. JAMA. 298 (16): 1911–24. doi:10.1001/jama.298.16.1911. PMID 17954542.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори