Кишава (планина во Тесалија)
планина во Тесалија, Грција
Оваа статија се однесува на планина во Тесалија. За истоименото село во Битолско, погл. Кишава.
Кишава (грчки: Κίσσαβος, Кисавос) или Оса (Όσσα) — планина во Ларискиот округ на областа Тесалија, Грција, висока 1.978 м. Сместена помеѓу планините Пилио (Пелион) на југ и Олимп на север, од која е одделена со Темпејската Долина. Словенското име „Кишава“ има значење „мокра“ или „дождлива“[2] и го дели потеклото со истоименото село во Битолско.
Кишава | |
---|---|
Όσσα / Κίσσαβος | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.978 м [1] |
Истакнатост | 1.854 м [1] |
Координати | 39°47′49″N 22°41′13″E / 39.7969° СГШ; 22.6869° ИГД [1] |
Географија | |
Место | Лариски округ, Грција |
Во митологијата
уредиВо старогрчката митологија, Алоадите направиле обид да ја стават планината Пелион врз Оса (Кишава) за да се искачат на Олимп.[3]
Поврзано
уреди- Пилио
- Темпејска Долина
- Оса — истоимена планина, највисока на островот Тасманија, Австралија
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Oros Ossa (Kissavos), "Europe Ultra-Prominences". Peaklist.org. посет. 19 февруари 2012 г
- ↑ Vasmer, Max (1941). Die Slaven in Griechenland. Berlin: Verlag der Akademie der Wissenschaften. стр. 100.
- ↑ Псевдо-Аполодор, Библиотека i, 7, 4.
Надворешни врски
уреди- Кишава (планина во Тесалија) на Ризницата ?
- Кишава (Оса) — Peakbagger (англиски)
- Планинска флора на Кишава Архивирано на 26 септември 2017 г. (англиски)
- Виртуелна прошетка на Кишава Архивирано на 23 февруари 2014 г.
Оваа статија место во Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |