Олга Саладуха (украински: Ольга Саладуха; 4 јуни 1983, Донецк) е украинска атлетичарка, која се натпреварува во дисциплината трискок.

Олга Саладуха
Саладуха на Светското првенство 2013
Лични податоци
Роден(а)4 јуни 1983(1983-06-04)(40 г.)
Донецк, Украина
Висина&100000000000001760000001,76 м
Тежина58 kg (128 lb)
Спорт
Земја Украина
СпортАтлетика
ДисциплиниТрискок

Првиот значаен успех, Саладуха го постигнала на Универзијадата во Бангкок во 2007 година, на која го освоила првото место, со личен рекорд од 14,79 метри. Во следните неколку години не постигнала некои посебни успеси, сè до европското првенство во Барселона во 2010, каде со прескокнати 14,81 метри се закитила со златниот медал. Веќе следната година, на европската титула Саладуха ја придодала и светската, победувајќи на светското првенство во Тегу со прескокнати 14,94 метри. На европското првенство во Хелсинки во 2012 година, таа успешно ја одбранила титулата освоена две години претходно, победувајќи со нов личен рекорд од 14,99 метри. Околу месец и половина потоа, таа го освоила бронзениот медал на Летните олимписки игри 2012, прескокнувајќи 14,79 метри. Во 2013 година, Саладуха не успеала да го одбрани златниот медал освоен на светското првенство две години претходно и на првенството во Москва го освоила бронзениот медал со прескокнати 14,65 метри. На европското првенство во Цирих, таа го одбранила златниот медал освоен од претходните две европски првенства со прескокнати 14,73 метри.

Најдобар резултат во кариерата на Саладуха во дисциплината трискок се прескокнатите 14.99 метри на европското првенство во Хелсинки. Таа исто така се натпреварува и во дисциплината скок во далечина и нејзин најдобар резултат е 6.37 метри.

Таа е омажена за украинскиот велосипедист Денис Костјук.

Лични рекорди уреди

Дисциплина Резултат Место Датум
Трискок На отворено 14.99 м Хелсинки, Финска 29 јуни 2012
Во сала 14.88 м Гетеборг, Шведска 29 јуни 2013
Скок во далечина На отворено 6.37 м Рио де Жанеиро, Бразил 14 мај 2006
Во сала 6,31 м Суми, Украина 22 февруари 2006

Надворешни врски уреди