Сојузни покраини во Австрија
Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини (германски: Bundesländer).
Секоја покраина има собрание (Landtag), покраинска влада (Landesregierung) и управник (Landeshauptmann). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.
Покраините имаат мошне ограничени права во носењето на закони, што не било случај секогаш. Во прво време уживале многу поголема автономија, но со време државата претрпила постепена централизација. Денес во покраинска надлежност се зонското планирање, заштитата на природата, ловот, риболовот, земјоделските работи, заштита на младите, извесни аспекти од здравството и социјалата и поситни давачки.
Функцијата на управникот има поголема политичка тежина бидејќи е надлежен за спроведување на политиката и одлуките на централната власт, покрај зонското планирање и јавните набавки.
Сојузни покраини
уредиПокраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве:
Грб | Сојузна покраина | Главен град | |||
---|---|---|---|---|---|
Македонски | Германски | ||||
Градиште | Burgenland | Ајзенштат | |||
Виена | Wien | — | |||
Горна Австрија | Oberösterreich | Линц | |||
Долна Австрија | Niederösterreich | Санкт Пелтен | |||
Корушка | Kärnten | Клагенфурт | |||
Предарлска | Vorarlberg | Брегенц | |||
Салцбург | Salzburg | Салцбург | |||
Тирол | Tirol | Инсбрук | |||
Штаерска | Steiermark | Грац |
Население и површина
уредиНа следнава табела се претставени податоците за населението, површината и густината на населеност на покраините на 1 јануари 2011 г. според Статистичката служба на Австрија:[1]
Бр. | Покраина | Главен град | Население | Површина (км²) |
Густина (жит/км²) |
Градови | Села |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Виена | – | 1.707.000 | 414,65 | 4.113,3 | 1 | 0 |
2 | Долна Австрија | Санкт Пелтен | 1.609.800 | 19.186,26 | 83,9 | 75 | 498 |
3 | Горна Австрија | Линц | 1.412.300 | 11.979,91 | 117,9 | 32 | 412 |
4 | Штаерска | Грац | 1.208.900 | 16.401,04 | 73,7 | 34 | 508 |
5 | Тирол | Инсбрук | 708.900 | 12.640,17 | 56,1 | 11 | 268 |
6 | Корушка | Клагенфурт | 560.700 | 9.538,01 | 58,8 | 17 | 115 |
7 | Салцбург | Салцбург | 531.800 | 7.156,03 | 74,3 | 10 | 109 |
8 | Предарлска | Брегенц | 370.200 | 2.601,12 | 142,3 | 5 | 91 |
9 | Градиште | Ајзенштат | 284.000 | 3.961,80 | 71,7 | 13 | 158 |
Поврзано
уреди„Сојузни покраини во Австрија“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Сојузни покраини — Статистичка служба на Австрија (германски) посет. 12 јули 2013 г