Обично попче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Попчиња
Род: Попчиња
Вид: Обично попче
Научен назив
Prunella modularis
(Linnaeus, 1758)
Prunella modularis

Обично попче (научPrunella modularis) — мала врапчевидна птица која живее во умерените делови на Европа и Азија. Таа е најраспространетата птица од семејството на попчињата, која се состои претежно од планински видови. Птиците кои живеат во посеверните делови на опсегот се преселници, а останатите се постојани жители. Обичното попче го има и во Македонија.

Опис

уреди

Обичното попче е долго 13.5–14 см, прилично еднолично во изгледот, a потсетува на врапче со својот набразден грб и општата форма. Кафеаво е по боја и има остро клунче. На возрасните главата им е сива. Половите се слични. Овој вид надокнадува за својот безличен изглед со своето сексуално поведение. Женките се често полиандрични, имаат два мажјака истовремено. Мажјаците се натпреваруваат за женката, и за успешноста на својата сперма, но испитувањата покажуваат дека често во едно легло пилињата се од различни татковци. Мажјакот сака да го обезбеди своето наследство и ја клука клоаката на женката за да ја стимулира да ја исфрли спермата од другите мажјаци со кои била неодамна.[2] Копулацијата кај обичното попче трае само една дестина од секунда, но дневно се случуваат повеќе од 100 копулации.[3] Мажјакот пружа родителска грижа, пропорционално со успехот на парењето, па затоа не е необично да се видат два мажјака и една женка како се грижат за истото легло. Полиандријата е ретка кај птиците, со само 2% што покоажуваат ваков систем на парење, додека повеќето се моногамни.

Пеење на обичното попче

Пеење

уреди

Огласувањето на обичното попче е главно пискливо циип и потпевнувачки ноти кои ја откриваат птицата што инаку не може да се забележи.[4] Песната е брза, тенка и ѕвонлива, слатка мелодија која може да се помеша со онаа на палчето (Troglodytes troglodytes), но е е малку покуса и понемоќна. Пеењето на попчето е пријатно и потсетува на чкрипењето на тркалата од количка.

Размножување

уреди
 
Cuculus canorus canorus + Prunella modularis

Обичното попче е претежно шумска птица која живее во грмушки. Гради уредни гнезда во ниски грмушки или во иглолисни дрвја, а снесува околу 3-5 сини јајца.

Обичното попче е домаќин на кукавицата. Најеројатно ова се случува од неодамна, бидејќи кукавиците своите јајца ги снесуваат кај птиците што имаат слични јајца со нивните, а во случајов не е така. Но, обичното попче не прави разлика и ги прифаќа јајцата на кукавицата.

Систем на парење

уреди

Кај обичното попче постојат повеќе комбинации на парење во: моногамна врска (една двојка - мажјак и женка); полиандрична врска (два или три мажјака и една женка); полигинична врска (еден мажјак и две женки) и полигинандрични врски (два или три мажјака и две до четири женки). Мажјакот има најголем успех за репродукција во полигинична врска, а најмал во полиандрична. Спротивно, успехот на женката е најголем во полиандричната врска. Овие спротивставени потреби доведуваат до конфликт и до натпреварувачки начин на парење.[5]

Во однос на територијата, женките секогаш имаат предност. Ако два или три мажјака делат една или повеќе женки, териториите на мажјаците ќе се преклопуваат и тие ќе соработуваат за да ја одбранат. За тоа, кај мажјаците постои хиерархија; постарите мажјаци се алфа-мажјаци, а едногодишните птици се обично бета-мажјаци. Проучувањата не наишле на случаи на блиски роднински врски кај мажјаците кои се вклучени во комбинациите на парење. Можноста на мажјакот да го контролира пристапот до женката зависи од големината на женскиот опсег, односно од количеството храна. Кога ресурсите на храна се помали, женскиот опсег е помал и тогаш мажјакот полесно ја монополизира. Ова води кон полигинични и полигинандрични комбинации кои се поволни за мажјакот. Ако, пак, ресурсите со храна се поголеми, и територијата на женката е поголема, а тоа води кон полиандрични врски.[6]

Што се однесува до родителската грижа, мажјаците не ги дискриминираат пилињата, без разлика дали се нивни или на друг мажјак од полиандричните врски.[7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Prunella modularis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Davies, N. B. (1983). „Polyandry, cloaca-pecking and sperm competition in dunnocks“. Nature (journal). Nature Publishing Group. 302 (5906): 334–336. doi:10.1038/302334a0.
  3. Birkhead, Tim (2012). Bird Sense.
  4. Peterson, Roger; Mountfort, Guy; Hollom, P.A.D. (1954). A Field Guide to the Birds of Britain and Europe. London: Collins.
  5. Davies, N. B., Houston, A. I. (1986). Reproductive success of dunnocks, Prunella modularis, in a variable mating system. Journal of Animal Ecology.
  6. Davies, N. B., Lundberg, A. (1984). Food distribution and a variable mating system in the dunnock, Prunella modularis. Journal of Animal Ecology.
  7. Burke, T., Davies, N. B., Bruford, M. W., Hatchwell, B. J. (1989). Parental care and mating behavior of polyandrous dunnocks Prunella modularis related to paternity by DNA fingerprinting. Letters to Ecology.
  • Blasco-Zumeta, Javier. „Dunnock“ (PDF). Laboratorio Virtual Ibercaja. IberCaja Obra Social (324): 1–4.[мртва врска]
  • Davies, N.B. (1954). Dunnock Behaviour and Social Evolution. Oxford: Oxford University Press.

Надворешни врски

уреди