ПУ „Браќа Миладиновци“ - Студена Бара

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Студена Бара; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Студена Бара, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Куманово.[2]

Браќа Миладиновци

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Студена Бара
Адреса: с. Студена Бара
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 10 (2023/24)[1]
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по истакнатите македонски преродбеници браќата Миладиновци.

Местоположба уреди

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Студена Бара, сместено на самиот влез во селото.

Градба уреди

Објектот на училиштето не е обновен и истиот е во лоша состојба. Површината на објектот е 96 метри квадратни, има 2 училници.[1]

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Браќа Миладиновци" - Куманово“. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово. 2023 г. Посетено на 8 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „За училиштето“. ООУ „Браќа Миладиновци“. Посетено на 7 јануари 2024.

42°1′36.9″N 21°43′34.1″E / 42.026917° СГШ; 21.726139° ИГД / 42.026917; 21.726139