ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Ѓорѓи Сугарев“ (официјално: Основно општинско училиште „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола; скратено: ООУ „Ѓорѓи Сугарев“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Ѓорѓи Сугарев

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Битола
Наречено по: Ѓорѓи Сугарев
Нас. место: Битола
Адреса: ул. „Димитар Влахов“, бр. 32
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1974; пред 50 години (1974)
Директор: Загорка Јовчевска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место www.oudamegruev.mkd.net

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер, Ѓорѓи Сугарев.

Местоположба

уреди

Се наоѓа во близина на ДТЦ „Шехерезада“ на ул. „Димитар Влахов“, бр. 32, а од центарот на градот е оддалечено само 4 минути.

Историја

уреди

Училиштето било отворено на 12 декември 1974 година и спаѓа во новите училишта во градот, понови се само ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ „Св. Климент Охридски“.

Објектот е наменски изграден во 1973 година и има вкупно 3.800 м2 наменска површина. До овој објект се наоѓа фискултурната сала и училишниот двор со асфалтирани терени за фудбал, ракомет, кошарка и за други намени.

Особености

уреди

Опремено е со над 35 училници и кабинети, над 60 стручни наставници, педагог, психолог, логопед и е едно од петте училишта во Македонија вклучено во проектот за осовременување на образованието на лица со пречки во развојот кои од 1984 г. се дел од оваа образовна институција. Училиштето има 2 сали: мала која се наоѓа во училишната зграда и служи за одржување на училишните манифестации, и голема спортска сала која ги исполнува сите норми и пружа можности за секакви спортски активности. Наспроти училиштето се наоѓаат поранешните турски бањи, додека недалеку се наоѓа и „Чинаро“.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.

Надворешни врски

уреди