ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес

ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велесдетска градинка во Велес.[1] Основана на 01.09.1959 година со Решение на Народен Одбор на град Велес. Првите години, работењето на Установата се одвивало во еден објект, но со текот на времето како се развивала потребата од згрижување на деца од предучилишна возраст се отвориле и другите објекти. Според Одлука на Влада (Сл. весник бр. 51/2005) за пренесување на оснивачките права и обврски над постојните јавни установи за деца-детски градинки на општините, објектите на ОЈУДГ „Димче Мирчев”се во сопственост на Општина Велес.

ОЈУДГ „Димче Мирчев“ - Велес

Зградата на градинката во 2024 година
Зградата на градинката во 2024 година
Место
Општина: Велес
Наречено по: Димче Мирчев
Нас. место: Велес
Адреса: ул. „Тодор Христов Офицерчето“ бр.1
Местоположба
Основни информации
Основано: 01.09.1959 година
Директор: Наташа Јанушева
Контактни информации
Мреж. место www.gradinkadimcemircev.mk
Е-пошта gradinkaveles@gmail.com
Телефон 043 231 226

Историја

уреди

Градинката започнала да работи од 1982 година. Дејноста градинката ја врши во 6 организациони единици кои функционираат и денес на територијата на Општина Велес. Детската градинка врши дејност и во други просторни услови во Општина Градско, врз основа на Одлука за основање на група за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во Општина Градско и градинка во с. Караслари.

Услови   за  работа и  организациона  поставеност

уреди

Воспитно-образовната работа во детската градинка се изведува според  „Програмата за рано учење и развој“ и „Стандардите за рано учење и развој“. Од основањето на градинката до денес во градинката се изведува квалитетна воспитно - згрижувачка и јавна дејност, со што таа е препознатлива во општината и државата.

ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес има и своја сопствена химна која децата со радост ја пеат.[2] Во текот на 2016 година на сите објекти на градинката биле поставени термоизолациони фасади преку проектот „Енерџинет“ проект кој бил финасиски поддржан од ЕУ. [3] Планирањето на  воспитно - образовната  и згрижувачка  дејност  на Општинската јавна  установа за деца -  Детска градинка  „Димче Мирчев”[4]  е според програмата за работа и во градинките се реализира од 1 септември до 31 август. Работно време на установата е од 05:30-18:00 часот се реализира според потребите на родителите. Воспитно - образовната работа во детската градинка се организира според возраста на децата во групи. Згрижувањето на децата во детската градинка по правило се остварува во хомогени групи односно хетерогени групи, во зависност од возраста на децата.

Во 2024 година во установата функционираат 7 јаслени, 39 градински групи.[5] И во оваа 2024 тековна година во рамките на Установата функционира проектот: Вклучување на деца - Роми во Јавните општински установи - Детски градинки во Република Северна Македонија” проект со кој можат да бидат вклучени најмногу до 20 деца.

ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес, воспитно - образовната работа ја  реализира  во 6  (шест)  организациони единици во Општина Велес, градинка во други просторни услови во Општина Градско, како и објектот во с.Караслари: Бројот на деца кои се згрижени во објектите секоја година е променлив.[6]

  • Објект 1 „Маргаритки” -  ул. „Трајко  Панов”  бр.15[7] со  капацитет од 125 деца.
  • Објект 2 „Сонце” -  ул. „Тодор Христов-Офицерчето” бр.1[8] со капацитет  од  260 деца. 
  • Објект 3 „Детелинки”- ул. „Тодор  Јанев” бр.7  со капацитет  од 180 деца.
  • Објект 4 „Дизни” -  ул. „Благој  Ѓорев” бр.215[9] со  капацитет  од 120 деца. 
  • Објект 5 „Ѕвездички”-  ул. „Архиепископ Михаил” бр.158  со капацитет  од 100 деца. 
  • Објект 6 „Ѕвончица”-  ул. „Коле Цветков” бр.6 со  капацитет  од  125  деца.
  • Објект 7 „Кокичиња”- Општина Градско[10] - ул. „Маршал Тито” бр.68 со капацитет  од  32 деца. 
  • Објект 8 „Пинокио“ – с.Караслари со капацитет од 40 деца.

Кабинетиː

уреди
  • Логопедскиот кабинет за јазична говорна комуникација има за цел пружање на услуги за логопедска дијагностика, советување и терапија на пореметувањата во комуникацијата и јазично-говорната патологија кај децата, како и ублажување на потешкотиите и спречување на секундарните последици.
  • Сензорната соба[11] е опремена и наменета за деца со потешкотии во развојот. Деца деца кои манифестираат необично однесување како што е прекумерно барање или избегнување на активности, движења, звуци и светлосни дразби. Тоа се деца со развојни нарушувања, аутизам, елементи од аутистичен спектар, АДХД, забавен психомоторен развој, дисхармоничен развој, дисгнозија, диспраксија и дисхронија, деца со интелектуално нарушување, неразвиен говор (алалија, дисфазија), говорни нарушувања, емоционални нарушувања и други развојни потешкотии.
  • Snoezelen собата е соба која е специјално опремена и стимулусот е контролиран. Snoezelen се користи кај деца со аутизам, растројства во развојот, повреди на мозокот како и за мали деца. Од најчестите истражувања кои ги покажале клиничките студии покажуваат дека во Snoezelen средината е намалена вознемиреноста и стереотипното однесување за 50%, а агресивното однесување и самоповредувачкото однесување за 75%. Овие соби се посебно дизајнирани да предизвикуваат кај децата, одмор, мир, добросотојба, задоволство и радост. Пријатното опкружување им навраќа на децата пријатни спомени. Со ова кај децата се зголемува потенцијалот за развивање на идеи. Бенефитот од постоењето на оваа соба секако не е наменет само за децата со потешкотии во развојот туку за сите деца кои доаѓаат во градинката да ја користат како една од стимулативните средини и место каде на еден поинаков магичен свет можат да осознаваат и учат.

Проекти и проектни активности   

уреди

Секоја година стручен совет во установата одлучува кои проекти ќе се работат за таа воспитно - згрижувачка година со децата кои се на возраст од 4 - 6 годишна возраст. Главна цел на проектните активности кои се реализираат во сите објекти на градинката е потикнување на со цел да се поттикнат сите компоненти на детскиот  развој да го поттикнат интересот, љубопитноста, креативноста, фантазијата и проширување на детските сознанија.

        Поради тоа што голем дел од она што децата го учат во предучилишна возраст го учат брзо и лесно, детската љубопитност воспитувачот ја негува и поттикнува, имајќи во предвид дека детето никогаш нема да научи толку многу и за кратко време како во предучилишна возраст.

         Знаејќи дека тоа е и најуспешниот начин на учење, стручниот тим прилагодува материјали и средства кои на најдобар начин ќе одговорат на  детските желби  и  интереси. Токму од таа причина во современата воспитно-образовна пракса водени од претходното позитивно искуство се продолжува со работа  на  проектни активности.

Стручните работници заеднички донеле одлука во 2024/25 година во рамките на Установата да се реализираат следните проектни активности  и тоа:

  • Проект „Јас можам сам”
  • Проект ,,Мали математичари”
  • Проект „Спортуваме, другаруваме”
  • ЕКО градинка[12]

Факултативни програми во Установата

уреди

Согласно интересите на децата и родителите во Установата се организираат факултативни програми од областа на:

  • Ритмика и балет
  • Спорт и рекрација
  • Англиски јазик

Наводи

уреди
  1. „Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев". Општина Велес. Посетено на 2024-10-04.
  2. Gradinka Dimche Mirchev Veles (2016-03-29), “НАШАТА ГРАДИНКА“ - Химна на ОЈУДГ “Димче Мирчев“ Велес, Посетено на 2024-10-04
  3. „Нова фасада за детските градинки од Велес“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-04.
  4. „Certificate IASS - Certificate IASS“. sertifikat.eu.mk. Посетено на 2024-10-04.
  5. „Градинка „Димче Мирчев" – Градинка „Димче Мирчев". 2024-09-02. Посетено на 2024-10-04.
  6. „Велешките градинки со 300 деца повеќе од капацитетот“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-10-04.
  7. Gradinka Dimche Mirchev Veles (2017-06-28), Завршна Приредба 2017 Објект Маргаритки група 2 ОЈУДГ Димче Мирчев Велес, Посетено на 2024-10-04
  8. Јаневски, Виктор (2021-09-16). „Едукативна работилница за најмладите во ОЈУДГ „Димче Мирчев". Општина Велес. Посетено на 2024-10-04.
  9. Gradinka Dimche Mirchev Veles (2017-06-22), Завршна Приредба 2017 Објект Дизни ОЈУДГ Димче Мирчев Велес, Посетено на 2024-10-04
  10. „ОЈУДГ „Димче Мирчев" – Велес, клон 7 „Кокичиња" Градско | Општина Градско“ (англиски). Посетено на 2024-10-04.
  11. „(фото и видео) Нови три занимални и една сензорна соба отворени во објект „Детелинки" на ОЈУДГ „Димче Мирчев" во Велес - ДУМА.мк“. 2024-01-24. Посетено на 2024-10-04.
  12. „Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2024-10-04.

Надворешни врски

уреди

Директор на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ - Велес

Новогодишни желби ги преточија во една волшебна бајка

https://www.youtube.com/user/gradinkaveles

https://deca.mk/dechina-od-veleshka-gradinka-napravija-kolachina-za-zdravstvenite-rabotnitsi-vo-znak-na-blagodarnost/

https://www.youtube.com/@gradinkaveles