Нојштат во Саксонија

(Пренасочено од Нојштат (Саксонија))

Нојштат во Саксонија (германски: Neustadt in Sachsen) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа близу границата со Чешка, 35 километри источно од Дрезден и 23 километри југозападно од Бауцен. Кај Нојштат, се наоѓа кулата за набљудување Гецинген, една од најстарите решеткасти кули во светот.

Нојштат во Саксонија
Административна зграда во Нојштат
Административна зграда во Нојштат
Административна зграда во Нојштат
Грб на Нојштат во Саксонија
Нојштат во Саксонија во рамките на Германија
Нојштат во Саксонија
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Градоначалник Манфред Елснер
Основни податоци
Површина 83,05 км2
Надм. височина 340 м
Население 11.888 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 143 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01841–01844
Повик. бр. 03596
Портал www.neustadt-sachsen.de
Местоположба на градот Нојштат во Саксонија во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 51°01′26″N 14°13′0″E / 51.02389° СГШ; 14.21667° ИГД / 51.02389; 14.21667

На 1 август 2007, селата Бертелсдорф, Лангбуркерсдорф, Нидеротендорф, Оберотендорф, Рикерсдорф и Ругисвалде од поранешната општина Ховалд биле припоени кон градот.[2]

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. Страница на поранешната општина