Норботен (шведски: Norrbotten = „Северна Ботнија“) — покраина (landskap) во најсеверниот дел на Шведска. Се граничи со Вестерботен на југ, Лапонија на запад и Финска на исток.

Норботен
Norrbotten
Знаме на Норботен Norrbotten
ЗемјаШведска
КрајНорланд
ОкругНорботен
Површина
 • Земјишна26,671 км2 (10,298 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно192,542
Народ
 • Наречјенорландски
Култура
 • Дветарктичка малина
 • Животносибирска сојка
 • Птица
 • Рибамала белица
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Управа

уреди

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат само културно-историски целини. Меѓутоа во овој случај округот е постар од покраината. Со создавањето на Големото Кнежевство Финска како дел од Русија, се јавило потреба од формирање на нов округ. Така, во 1810 е создаден округот Норботен, сочинет од северните делови на Лапонија и Вестерботен. Со текот на времето северен Вестерботен прераснал во посебна покраина.

Историја

уреди

Во средниот век Норботен се сметал за „ничија земја“ поради големите пространства и слабата населеност (релативно мал број на Лапонци, Квени и племенски народи сродни на Финците). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.

Историски, под „северна Шведска“ се подразбирале покраините Вестерботен и Лапонија.

Грбот ги симболизира четирите големи реки во Норботен што се Одлеваат во Ботнискиот Залив: Турне, Каликс, Луле и Пите.

Летата се необично топли за една ваква северна област, дотолку што во покраината е забележана највисоката температура во целиот Норланд (+37 °C).

Население

уреди

Норботен има 192.542 жители[1] кои живеат на површина од 26.671 км2, што значи густината изнесува 7,2 жители на [[км2]].

Култура

уреди

Покраината има над 8.000 археолошки наоѓалишта. Се говорат повеќе јазици: шведски, мејанкиели, фински и лапонски. Некои говорници на мејанкиели постепено почнале да сметаат дека припаѓаат на народот Квени, кои се доселиле во подрачјето многу порано од шведските доселеници.

Црковното село Гамелстад близу Лулео е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

67°00′N 20°00′E / 67.000° СГШ; 20.000° ИГД / 67.000; 20.000