Каликс (река)

река во северна Шведска

Каликс (шведски: Kalix älv или Kalixälven; дијалектно: Kölisälva севернолапонски: Gáláseatnu; мејанкиелиKaihnuunväylä за долното течение и Kaalasväylä за горното течение) — една од четирите најголеми реки во областа Норланд, северна Шведска. Позната е по тоа што останува надопрена од хидротехнички зафати. Долга е 461 км.

Каликс
Изворно имеKalix älv / Kölisälva
Местоположба
ЗемјаШведска
ОкругНорботен
Физички особености
ИзворКебнекајсе, Скандинавски Планини
 • местоОпштина Кируна
 • координати68°7′4″N 18°31′41″E / 68.11778° СГШ; 18.52806° ИГД / 68.11778; 18.52806
УстиеБотниски Залив
 • место
Каликс
 • координати
65°50′N 23°11′E / 65.833° СГШ; 23.183° ИГД / 65.833; 23.183
 • надм. вис.
0 м
Должина450 км[1]
Големина на сливот18.130 км2[2]
Проток 
 • просечен290 м3[1]
Особености на сливот

Течение

уреди

Ивира од планината Кебнекајсе во општината Кируна. На југоисток тече низ Лапонија, а на југ низ округот Норботен, па се влева во Ботнискиот Залив југоисточно од гратчето Каликс.

Притоки

уреди

Поважни притоки се Тверон, Енгесон и Теренде, која е растоја која носи вода од Турне.

Особености

уреди

Ова е трета река по должина во Норботен. Турне е долга 522 км, а Луле е малку покуса од Каликс со 460,81 км. Најголемиот водопад на реката е Јокфал, сместен во општината Еверкаликс.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Kalixälven“. Nationalencyklopedin. Посетено на 14 јули 2010. (бара претплата)
  2. „Län och huvudavrinningsområden i Sverige“ (PDF). Swedish Meteorological and Hydrological Institute. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-09-28. Посетено на 14 јули 2010.

Надворешни врски

уреди