Вестерботен (швед. Västerbotten) или Западна Ботнија е покраина (landskap) на северот на Шведска. Се граничи со покраините Онгерманланд, Лапонија, Норботен и Ботнискиот Залив. Позната е по своето сирење кое го носи името на покраината.

Вестерботен
Västerbotten
Знаме на Вестерботен Västerbotten
ЗемјаШведска
КрајНорланд
ОкругВестерботен
Површина
 • Вкупна15,093 км2 (5,827 ми2)
Население (2009)[1]
 • Вкупно210,679
 • Густина14/км2 (36/ми2)
Народ
 • Наречјенорландско
Култура
 • Цветвошливка
 • Животносрпоклун свиркач
 • Птицаполска еја
 • Рибазмиулка
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Управа

уреди

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка функција, туку постојат само како културно-историски целини. Административниот округ Вестерботен се состои од сета истоимена покраина и јужниот дел на шведска Лапонија.

Географија

уреди

Вестерботен се дели на градови и реони.

Градови

уреди

Највисока планина е Омлиден (550 м), а најголемо езеро е Бигдетрескет (29,2 км2)

Историја

уреди
 
Некогашните граници на Вестерботен што навлегувале во Финска

Сè до завршувањето на Финската војна (или Руско-шведска војна) од 1808-1809 и Фредриксхамнскиот мировен договор, покраината Вестерботен опфаќала и мал дел од денешна Финска. Потоа тој дел ѝ припаднал на финска Лапонија.

Во 1810 округот Вестерботен е поделен на два дела. Северниот дел го добил името Норботен. Потоа мештаните во Норботен почнале да се нарекуваат Норботјани. Вака исцртаните граници постепено создале локален идентитет. Денес Норботен е посебна покраина.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

65°00′N 17°30′E / 65.000° СГШ; 17.500° ИГД / 65.000; 17.500