Нова Севастија

поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија

Нова Севастија (грчки: Νέα Σεβάστεια, Неја Севастија) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина во областа Централна Македонија, Грција.

Нова Севастија
Τούμπα
Нова Севастија is located in Грција
Нова Севастија
Нова Севастија
Местоположба во областа
Нова Севастија во рамките на Лагадина (општина)
Нова Севастија
Местоположба на Нова Севастија во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.34′N 23°20.55′E / 40.87233° СГШ; 23.34250° ИГД / 40.87233; 23.34250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Население (2011)[1]
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало високо во северозападните разграноци на Богданска Планина (дел на пл. Турава), на 7 км северно од с. Сухо и југозападно од Нигрита.[2]

Историја

уреди

Селото е основано во 1922 г. од Грци доведени од областа Сивас (Севастија) во Мала Азија. За првпат официјално е заведено како населено место во пописот од 1940 г. со 293 жители. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило.[2] Нешто подоцна населението се вратило, така што во 1961 г. Нова Севастија имала 325 жители.

Сепак, во текот на тоа десетлетие населението масовно се иселило во градовите поради неповолните услови за живот, па во 1971 г. се свело на само 22 жители.[2] Малку подоцна, во текот на 1970-тите и последните жители си заминале, па селото е отпишано во 1981 г.

Денес од селото е останата единствено црквата „Св. Ѓорѓи“ и училишната зграда, која е обновена.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 295.
  3. Нова Севастија на порталот на општината Лагадина Архивирано на 14 април 2013 г. (грчки)