Длабока Река

река во Македонија
(Пренасочено од Нистровска Река)

Длабока Река (албански: Proi i Fel) — река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[3]. Буковите шуми во нејзиното течение се прогласени за светско наследство на УНЕСКО[4]. Извира под високите врвови на Кораб, образувајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија[5].

Длабока Река
Долината на Длабока Река со Корапскиот Водопад во позадина
Местоположба на Длабока Река
Местоположба на Длабока Река
Местоположба на Длабока Река во Македонија
МестоОпштина Маврово и Ростуша
Најблиска паланкаГостивар, Дебар
Прогласено19 април 1949
Управно телоНационален парк Маврово
Службен назив: Букови прашуми во Карпатите
Тип:Природно[1]
Критериуми:ix
Прогласено:31 јули 2021 (2021-07-31)[2]

На неа се наоѓа познатиот Корапски Водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влева во Рибничка Река.

Светско наследство

уреди

На седницата на УНЕСКО во 2021 г. буковите шуми во долината на Длабока Река се прогласени за светско наследство поради нивната недопреност како дел од целината „Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа“. Предлагач на ова подрачје биле Министерството за животна средина и просторно планирање и Националниот парк Маврово.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Primeval Beech Forests of the Carpathians and Other Regions of Europe“. whc.unesco.org (англиски).
  2. „Convention concerning the protection of the World Cultural and Natural Heritage“ (PDF). cbd.int. Посетено на 30 October 2023.
  3. Апостолски, Михаило (1984). Природни и социо-географски одлики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ.
  4. 4,0 4,1 „УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство“. Република. 29 јули 2021. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 30 јули 2021.
  5. Зиков, Михаило. Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995