Никта (старогрчки: Νύξ; латински: Nox, „ноќ“) — старогрчка божица (или персонификација) на ноќта. Таа припаѓа на првата генерација божества. Ретко се појавува во митовите, но е сметана за исклучително убава и моќна. Имала свое пророчиште (храм) во акрополата на Мегара, а нејзината статуа се наоѓа во Храмот на Артемида во Ефес.

Никта
Νύξ
Ноќ
СопружникЕреб
РодителиХаос
Браќа/сестриЕреб, Геја, Тартар и Ерос
Децапогл. во текстот
Римски панданНокс

Митологија уреди

Хесиод уреди

Според Хесиодовата Теогонија, Никта се создала од Хаос и имала бројно потомство. Со Ереб, богот на вечната темнина ги имала Етер, вечната светлина, рајот, и Хемера, денот[1].

Кога титанот Крон го осакатил својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес ги родила, по пат на партеногенеза: Мом (вината, критиката), Морос (судбината, проклетството), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилнaта смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот).

Хесиод во својот опис на Тартарот вели дека кога Никта влегува таму, Хемера излегува, и обратно.

Хомер уреди

Во четиринаесеттата книга на Хомеровата Илијада, Хипнос, богот на спиењето, синот на Никта, ја потсeтува Хера на старата услуга, кога побарала да го заспие Зевс. Тој веќе еднаш го заспал Зевс по барање на Хера за да му наштети на син му Херакле. Зевс бил толку лут што сакал да го фрли Хипнос во морето, но тој избегал кај мајка си Никта да го заштити. После тоа, Хипнос ретко се осмелувал да го вознемирува Зевс бидејќи се плашел од него и секогаш трчал кај мајка си.

Орфеј уреди

Никта имала уште поголема улога во песните што му се припишуваат на Орфеј. Во нив Никта, а не Хаос, е првото божество. Таа живее во пештера од каде ги извршува своите пророштва. Пред пештерата Адрастеја силно удира во тапани и чинели тресејќи го целиот космос во естатичен танц, во ритам на баењата на Никта. Необичниот хермафродит Фан е дете или татко на Никта.

Потомство уреди

 
Бронзена статуа на Никта (или Селена) од римско време
 
Никта претставена во X век во Парискиот псалтир, до пророкот Исаија
  • Со Ереб (богот на темнината) ги имала децата:
    • Етер, вечната светлина, рајот, воздух на Боговите;
    • Харон, возачот на чамецот во подземниот свет Ад;
    • Епифрон, разборитост, внимание<
    • Хемера, денот;
    • Морос, проклетството, судбината (Хесиод смета дека Никта го родила Морос партеногено, а Цицерон и Хигин дека татко му е Ереб)<
    • Немезида, одмаздата (Хесиод и Павзанија сметаат дека е родена партеногено, Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб, а други, пак, за татко ги наведуваат Океан или Зевс)<
    • Стикс, омразата (Само Хигин за нејзини родители ги смета Никта и Ереб, а сите останати извори Океан и Тетија).
  • Деца родени партеногено:
    • Ахлис, магла на смртта<[2]
    • Апата, измамата (Хесиод смета дека Апата е зачната партеногено, а Цицерон за татко го смета Ереб);
    • Ерида, караницата, раздорот, (само Хесиод вели дека Никта партеногено ја родила Ерида; Хигин за татко го наведува Ереб; Хомер, дека родители ѝ се Зевс и Хера, а брат близнак Арес);
    • Ериниите; (Есхил, Виргилиј и Овидиј сметаат дека Никта партеногено ги родила Ериниите; Хесиод и Бакхилид сметаат дека ги родила Геја која била оплодена од Урановата крв; во Орфичките химни нивни родители се Ад и Персефона);
    • Герас, староста (Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереба);
    • Хесперидите, самрак, вечер, (Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб; Диодор го спомнува Атлас);
    • Керите, насилнaта смрт (Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб);
    • Мојрите, судбината (различни извори за родители на Мојрите ги наведуваат: Никта; Никта и Ереб; Никта и Крон, Ананка, Хаос, Океан и Геја, Зевс и Темида);
    • Мом, вината, критиката, исмејувањето (Хесиод; а Хигин за татко го смета Ереб);
    • Езис, сиромаштија, беда (Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб);
    • Онеирите, сништата (Хесиод и Сафо; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб; Овидиј ги смета за деца на Хипнос);
    • Танат, смртта (Хомер, Хесиод, Павзаниј и Сенека; а Хигин и Цицерон за татко го сметаат Ереб);
    • Фан (постојат разни варијанти: дека Фан е татко на Никта, брат, сопруг или син; други извори пак како негови родители ги наведуваат Крон и Ананка, Хидрос и Геја, Порос и Пенија);
    • Филота, дружењето, нежноста (Хесиод; а Цицерон и Хигин за татко го сметаат Ереб);
    • Хипнос, сонот (Хомер, Хесиод, Павзаниј и Сенека; а Хигин и Цицерон за татко го сметаат Ереб).
  • Со Уран, небото:
    • Лиса, бесот (Еврипид смета дека Лиса ја родила Никта која била оплодена од крвта на Уран, додека Хигин како нејзини родители ги наведува Етер и Геја).

Култ уреди

Во антиката Никта не била почитувана и во нејзина чест не се граделе храмови, освен храмот во акрополата на Мегара (според Павзаниј)[3] Почесто, таа била во позадината, како на пример, во Храмот на Артемида во Ефес има и нејзина скулптура[4]. Кога го сликале нејзиниот лик ја претставувале како замислена жена прекриена со темна облека. Ваквиот лик на Никта го има на релјефите на вазните, како и на надгробните споменици. Нејзин најпознат приказ е на Зевсовиот олтар од Пергам (180 - 160 година пред нашата ера) кој денес се чува во берлинскиот музеј.

Како алегориски лик Никта оживеала на платната на сликарите од ренесансата и барокот.

Поврзано уреди

  • Никта — месечина на Плутон наречена по митската личност

Наводи уреди

  1. Хесиод, Теогонија 124–125; Ганц, стр. 4.
  2. Ахлис, проект Теои: „Веројатно, но никаде не е запишано“
  3. Pausanias 1.40.1).
  4. Pausanias, 10.38.6, trans. Jones and Ormerod, 1918, from perseus.org.

Литература уреди

  • Аристофан, Птици
  • Gantz, Early Greek Myth: A Guide to Literary and Artistic Sources, Johns Hopkins University Press, 1996, Two volumes: ISBN 978-0-8018-5360-9 (Vol. 1), ISBN 978-0-8018-5362-3 (Vol. 2).
  • Grimal, Pierre, The Dictionary of Classical Mythology, Wiley-Blackwell, 1996, ISBN 978-0-631-20102-1. "Nyx" p. 314
  • Hesiod, Theogony, in The Homeric Hymns and Homerica with an English Translation by Hugh G. Evelyn-White, Cambridge, MA.,Harvard University Press; London, William Heinemann Ltd. 1914.
  • Otto Kern ed., Orphicorum Fragmenta.
  • Павзанија, Описи на Грција.
  • Simmons, Olympos.
  • Smith, William; Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, London (1873). "Nyx"

Надворешни врски уреди