Селена
Селена (грчки: Σελήνη = „Месечина“) била грчка божица на месечината. Таа била ќерка на титаните Хиперион и Теја, како и сестра на Хелиј (богот на Сонцето) и на Аврора (божицата на утринското руменило). Како и нејзиниот брат Хелиј, таа се возела со кочија по небото, влечена од два бели коња или две говеда (чии рогови ја симболизираат полумесечината). Хомеровата химна за Селена најдобро ја отсликува божицата. Подоцнежните митови ја опишуваат како белорака божица со убави локни, со долги крила и со златна круна во форма на зраци.[1]
Митот за Селена
уредиЕдинствено еден познат мит се поврзува за божицата, кој се однесува на нејзината љубов кон убавото момче Ендимион, најчесто претставуван како пастир. Една ноќ, божицата го нашла момчето заспан во пештера на планината Латмо (во Карија). Ноќи и ноќи таа легнувала до него сѐ додека тој не заспиел. Има многу верзии на овој мит, но преовладува верзијата дека Ѕевс го дарувал Ендимион со вечен сон и вечна младост. Ова може да се протолкува како казна бидејќи Селена со своето отсусутво ја занемарувала својата должност на небото или, пак како исполнување нажелбата на Селена за нејзиниот сакан.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.