Никола Лазаревски

Никола Лазаревски (роден на 29 март 1931 година во Скопје - починал на 4 декември 2002 година во Скопје) — македонски филмски сценограф.[1]

Никола Лазаревски
Роден 29 март 1931
Скопје, Кралство Југославија
Починал 4 декември 2002
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање сликар
педагог

Животопис уреди

Никола Лазаревски своето средно образование го завршил на архитектонски отсек во Скопје. Во кинематографијата влегол во 1953/54 година кога се вработил во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје. Работел како асистент-сценограф, а продолжил како сценограф, иако понекогаш работел и како организатор, асистент на режија и директор на филм. Како пензионер, од 1988 година продолжил да работи на одредени филмски проекти.

За својата работа на филмот, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои:

  • Златна арена за сценографија за филмот Македонска крвава свадба, на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1968)
  • Златна плакета за сценографија за филмот Среќна Нова '49 на Третата смотра на југословенската сценографија, костими и музика, Младеновац (1986)
  • Награда „13 Ноември
  • Награда „11 Октомври[2]

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лазаревски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 784. Text "series " ignored (help)
  2. „Лазаревски Никола“. http://www.maccinema.com. Посетено на 2020-08-17. Надворешна врска во |publisher= (help)