Необновливи извори на енергија

Необновливи извори на енергија претставуваат група на ресурси кој не можат да обноват кога ќе се искористат еднаш. Тука спаѓаат фосилни горива (нафта и природен гас), минерали, руда како и подземните води во одредени облици, иако водата содржи елементи кои се конзервирани.

Рудникот на јаглен во Вајоминг, Соединети Држави. Јагленот, произведен во текот на повеќе милиони години, е конечен и необновлив ресурс.

Спротивно од необновлите ресурси има обновливи во кој спаѓаат: вода, ветар, дрво итн.

Фосилни горива

уреди

Ресурсите како што се нафта и земен гас се потребни и до неколку илјади години да се формираат и не можат да се заменат толку брзо колку во денешно време што се користат. Се смета дека ресурсите кој се засновани на фосил има шанси да станат скапи и да не се преработубаат, па човекот да мора да се пренасочи на други извори на енергија како што се сончева енергија и енергијата на ветрот.

Моментално главниот извор кој го користи човекот се необновливите фосилни горива. Од 19 век со појавата на Мотор со внатрешно согорување, нафта и останатите фосилни горива се во константна потрага. Константно користење на фосилните горива довело до тоа да имаме појава на глобално затоплување, како и остри климатски промени.

Минерали и руда

уреди

Минералите и рудата, како и металите се пример за необновливи извори. Самите минерали се присутни во огромни количества во Земјината кора и нивната екстракција од страна на човекот настанува исклучиво на местата каде се концентрирани природни геолошки процеси (како што се топлина, притисок) во таа мерка да станат економски одржливи за екстракција. Овие процеси обично траат од неколкку десетина илјади до милиони години.

Јадрени горива

уреди

Употреба на јадрената технологија која се заснова на цепење во природата се појавува како радиоактивен материјал, односно гориво. Ураниум е најчесто цепење на горива, а присутен е во релативно ниски концентрации, и се експлоатира во 19 земји. Ураниум се користи како гориво за јадрен реактор, кој генерира топлина која пак се користи за напојување на турбината за производување на струја.

Јадрена енергија обезбедува околу 6% светска енергија и 13%-14% светска електрична енергија. Јадрената произведувачка е поврзана со потенцијална опасност радиоактивна контаминација, бидејќи се потпира на несигурни елементи.