Необични приказни
Необични приказни (српски: Необичне приче) е збирка куси раскази од српскиот писател Давид Албахари. Збирката е објавена во 2004 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од српски јазик е направен од Виткор Шиков.
Технички податоци
уредиЗбирката „Необични приказни“ е објавена како 16 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 79 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-44-5. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“, а книгата е испечатена во печатницата „Винсент графика“. На предната корица е ставена слика на Пол Дроан (Paul Drohan). На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Необични приказни“ содржи 60 куси раскази, а на крајот на книгата се наоѓа кус осврт на расказите на Албахари, под наслов „Проѕирност на нештата“, напишан од Виктор Шиков. Во збирката се поместени следниве раскази: Снег; Читател; Звук; Погодување; Пет, не повеќе; Лист; Мачка; Жубор; Маса; Тишина; Рид; Кондуктер; Брод; Купола; Валзер; Обвинет; Небо; Внатре; Надзорник; Внимателност; Ненапишана приказна; Последица; Истражувач; Болничарка; Совршенство; Слушалка; Ноќ; Среќа; Круг; Судба; Точност; Татко ми во базен; Пријателство; Сенка; Вечер; Реченица; Професор Петровиќ; Пакет; Разлика; Моќта на песната; Во шума; Само ова; Момче; Слугинка; Ден во животот на еден рачен часовник; Разгледници; Временски прилики; Освојување на просторот; Скок; Исчезнување; Збрка; Одлука; Совладување на ужасот; Меѓународен натпревар; Лизарче; Повторување; Сосетка; Убавина; Глас; Не може од ова да се направи приказна.[2]