Бесправно доселување

(Пренасочено од Нелегална имиграција)

Терминологија

уреди

Со нелегалната имиграција се опишуваат луѓето кои без формална дозвола влегуваат во некоја земја. Постојат голем број гледишта за нелегалната имиграција кои зависат од политичка гледна точка:[1]

  • Странец со нелегален престој
  • Нелегален имигрант
  • Нелегални работници
  • Sans papiers/„без документи”
  • Нелегален имигрант/мигрант/странец/работник/жител
  • Луѓе кои „се кријат/живеат/престојуваат/работат во сенка”
  • Непријавен имигрант/мигрант/странец/работник/жител
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без дозвола за работа
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител без документи
  • Имигрант „без статус на имигрант/без правен статус”
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител чија виза е истечена и нелегално престојува во земјата
  • Имигрант/мигрант/странец/работник/жител кој не е натурализиран
  • Бегалци кои се обидуваат да избегаат со чамец од својата родна земја во други земји т.н.“boat people“

Причини

уреди

Економија и пазари на трудот

уреди

Нето приливот на нелегална имиграција речиси целосно го сочинуваат имигранти кои потекнуваат од земји со пониски социоекономски нивоа кон земји со повисоки социоекономски нивоа , а особено од земјите во развој кон развиените земји. Иако постојат други причини кои се поврзуваат со посиромашните земји (опишано подолу),најчестата мотивација за нелегалните имигранти е потрагата по поголеми економски можности и квалитет на живеење во земјата-одредиште. Според дискусија за основен трошок/корист за нелегална имиграција, потенцијалните имигранти сметаат дека веројатноста и придобивките од успешното мигрирање во земјата-одредиште се поголеми од трошоците. Овие трошоци можат да вклучат ограничувања на живеењето како нелегален имигрант во земјата-одредиште, оставајќи ги зад себе семејството и начинот на живеење , како и веројатноста дека можат да бидат фатени и санкциите кои произлегуваат од тоа. Предложените економски модели, кои се засноваат на рамката на трошок/корист, имаат различни размислувања и степени на сложеност.

Неокласичен модел

уреди

Неокласичниот економски модел само ја разгледува веројатноста за наоѓањето работа и успех кога се имигрира, како и порастот на реалниот доход кој може да го очекува нелегалниот имигрант. Ова обајснување ги зема предвид економиите на двете земји , вклучувајќи колку од „факторите на привлекување” има земјата-одредиште во однос на подобро платени работни места и подобрувања во квалитетот на живеење. Исто така ги опишува и „факторите на одбивање” кои произлегуваат од негативните услови во родната земја, како што се недостаток од вработувања или економска подвижност. Неокласичната теорија исто така ја зема предвид веројатноста за успешна нелегална емиграција. Факторите кои влијаат на ова се географската близина, граничната полиција, веројатноста и последиците од апсењето, олеснување на нелегалното вработување и можности за легализација во иднина. Овој модел доаѓа до заклучок дека во земјата-одредиште нелегалните работници се стремат кон тоа да се вклучат и да се натпреваруваат со масата неквалификувани работници. Според овој модел нелегалните работници се успешни во наоѓањето работно место со тоа што се подготвени да добиваат пониски плати, понекогаш и под минималната плата ,отколку луѓето кои се родени во таа земја. Економистот Џорџ Борјас (George Borjas) ги поддржува гледиштата на овој модел и според неговите пресметки, фактичките плати на работниците во САД коишто немаат завршено средно образование, во периодот од 1980 до 2000 година се намалија за 9 % поради конкурентноста на нелегалните имигранти .

Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од Мексико во САД, големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикувале моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги зел предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите години од 20 век и покрај значајниот економски дебаланс. Со цел да се образложат останатите фактори предложени се значителен број на појаснувања, како што е наведено подолу.

Либерализација на трговијата

уреди

Во последните години земјите во развој ги следат придобивките од глобализацијата со тоа што се залагаат за нејзино намалување со цел да ја либерализираат трговијата. Но, брзото отворање на домашни пазари може да доведе до раселување на голем број земјоделци или неквалификувани работници ,за кои постои поголема веројатност преку нелегална имиграција да бараат вработување и повисок квалитет на живеење. Ова е најчесто наведуван доказ за да се објасни како Северноамериканската асоцијација за слободна трговија може да ги осиромаши земјоделците во Мексико , особено во однос на производството на пченка, кои не биле во можност да се натпреваруваат со повисоката продуктивност на субвенционираното земјоделство на САД. Така, НАФТА можеби неочекувано го зголемила нивото на образование потребно за работните места во индустријата во Мексико , затоа што новите, извозно ориентирани, текстилни фабрики произведуваа производи за извоз за кои се потребни вештини и образование, а кое што голем број работници го немаа.

Структурна побарувачка во развиените земји

уреди

Даглас Меси тврди дека во развиените земји разгранетиот пазар на трудот создава структурна побарувачка, со цел неквалификуваните имигранти да ги пополнат оние работни места кои не се барани и кои граѓаните кои се родени во таа земја не ги прифаќаат, независно од висината на платите. Според оваа теорија во постиндустриските економии постои јаз кој се зголемува помеѓу доброплатените , канцелариски работни места, за кои се потребни се повисоки нивоа на образование и „човечки капитал” за кои домашното население и легалните имигранти можат да се квалификуваат , и оние најниските работни места што се обележани како работа за лица без образование. Овие работни места кои се сметаат за „поткласа“ вклучуваат собирање на жетвата, неквалификувана работна сила во уредување на земјиште и градежништво, чистење куќи и работење како чистачка и помошник келнер во хотели и ресторани, секаде онаму каде што има непропорционален број нелегални работници. Со намалувањето на бројот на „среднокласните“ работни места во индустријата и со сè помалиот број на работни места за работници без формално образование, помладите генерации од домашното население се одлучиле за стекнување повисоко образование. Најголемиот дел од новите работни места на работничката класа се „поткласна” работа која ја споменавме погоре, што страда од несигурност (односно привремените работни места наспроти работа во фабрика), подредени улоги и недостаток од потенцијал за напредување. Во исто време , многу попривлечни се приправничките работни места и работните места во услужниот сектор ,кои им нудат можности за напредување на домородните работници со цел да влезат во доминантната образована класа , па дури и ако ги плаќаат исто или помалку од работната сила. Оттука, оваа теорија тврди дека во една развиена земја како што е САД , каде што денес само 12 % од работната сила е само со завршено основно образование, постои недостаток од домашни работници кои немаат друг избор освен да прифатат да работат мануелна работа која не ја посакуваат. Од друга страна, нелегалните имигранти имаат многу пониско образование (околу 70 % од нелегалните работници кои од Мексико имигрирале во САД немаат завршено средно училиште). Тие сѐ уште се подготвени да прифатат работни места кои се сметаат за „поткласа “,поради многу повисоките релативни плати отколку оние во нивната родна земја. Недостатокот од можност за напредување не им претставува проблем на нелегалните имигранти, бидејќи тие често очекуваат само привремено да работат во земјата-одредиште. Доказ за ова може да се види во една анкета на Центарот за истражување „Пју” извршена врз повеќе од 3 000 нелегални имигранти кои имигрирале од Мексико во САД , која покажа дека 79% доброволно би се приклучиле кон програма за привремена работа која би им овозможила легално да работат неколку години ,но која потоа ќе им наложи да заминат. Теоријата на структурна побарувачка претпоставува дека волјата да се работи на непосакувано работно место ,отколку да се работи за вообичаените ниски плати е она што им овозможува на нелегалните имигранти да најдат работа. Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и домашните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти „прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги „намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници

Сиромаштија

уреди

Иако економските модели го испитуваат релативното богатството и приходот помеѓу земјите на потекло и земјите-одредишта, тие не мора неопходно да подразбираат дека нелегалните мигранти се секогаш осиромашени од стандардите на земјата на потекло. Кај најсиромашните слоеви во земјите во развој може да се појави недостаток од ресурси кои им се потребни за да се обидат да преминат нелегално или да ги одржат врските со пријателите или семејството во земјата-одредиште. Истражувањата на центарот „Пју” покажуваат дека нивото на образование и плати кај нелегалните мексикански имигранти во САД се колку средните вредности во Мексико , а припаѓањето на семејство со роднини кои емигрирале или на заедница со многу емигранти претставува силен показател за евентуален избор да се емигрира. Други примери покажуваат дека порастот на сиромаштијата , особено кога е поврзана со непосредна криза, може да ја зголеми можноста за нелегална миграција. Економската криза во Мексико од 1994 година , која настапи по започнувањето на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), беше поврзана со распространувањето на сиромаштијата и пониското вреднување на пезото во однос на доларот. Исто така таа го означи и почетокот на масивниот бран на емиграција во Мексико, во кој нето нелегалната миграција во САД секоја година се зголемуваше почнувајќи од средината на осумдесеттите години од 20 век па сè до средината на првата декада од 21 век. Исто така, постојат примери каде што природните непогоди и пренаселеноста можат да го зголемат приливот на миграции предизвикани од сиромаштијата.

Пренаселенот

уреди

Порастот на населението што го надминува максималниот капацитет на една област или опкружување резултира со пренаселеност. Наглиот пораст на населението може да предизвика проблеми како загаденост, недостаток на вода и сиромаштија. Светското население се зголемило од 1,6 милијарди во 1990 година на околу 6,7 милијарди денес. Само во Мексико , населението се зголемило од 13,6 милиони во 1900 година на 107 милиони во 2007 година. Во 2000 година Обединетите нации проценија дека светското население се зголемувало со стапка од 1,14% (или околу 75 милиони луѓе) годишно. Според податоците од “Светската книга на факти” на ЦИА од 2005-2006 година , денес светското население секојдневно се зголемува за 203 800 луѓе. Бирото за попис на САД објави ревидирана прогноза за светското население која ги зголеми своите предвидувања за 2050 година за над 9,4 милијарди луѓе, почнувајќи од 9,1 милијарда луѓе. На секои 12 години додаваме по 1 милијарда. Речиси секој пораст ќе се појавува во помалку развиените региони.

Повторно обединување на семејството

уреди

Некои нелегални имигранти настојуваат да живеат со своите најблиски, како со брачниот другар или други членови на семејството. За визи за повторно семејно обединување може да се поднесе барање од страна на законски жители или натурализирани граѓани за легално да ги донесат членовите на своето семејство во некоја земја , но овие визи можат да бидат ограничени во однос на бројот и да бидат подложени на годишни квоти. Ова може да ги принуди членовите на нивните семејства да влезат нелегално во земјата за повторно да го обединат своето семејство. Со проучувањето на мексиканските модели на миграција, Даглас Меси смета дека веројатноста некој Мексиканец нелегално да имигрира во САД драматично се зголемува ако тој веќе има еден или повеќе членови на семејството кои престојуваат во САД, легално или нелегално. Поради неможноста да стапат во брак, двојките од ист пол од кои на еден му истекува визата може да се соочи со “непријатен избор помеѓу тоа да ја напушти земјата или да остане да живее со личноста што ја сака и да ги прекрши законите за имиграција на САД.”

Војни и азил

уреди

Нелегалната имиграција може да биде поттикната од желбата да се избегне граѓанска војна или репресија во земјата на потекло. Неекономските фактори на одбивање вклучуваат прогонување (верско и друго), честа злоупотреба, малтретирање, угнетување и геноцид, како и ризик за граѓаните за време на војна. Традиционално, политичките мотиви го поттикнуваат приливот на бегалци, на пример за да се избегне диктатура. Важно е да се напомене дека статусот „ нелегален имигрант” може да се совпадне или да биде заменет со статусот „барател на азил” за емигранти кои избегале од војна или репресија и кои нелегално преминале во друга држава. Ако се признаени како „легални “ азиланти од земјата-одредиште , тогаш ќе добијат правен статус. Сепак , во една држава-одредиште може да има голем број потенцијални азиланти кои не сакаат да поднесат барање за азил или на кои им бил одбиен статусот на азилант , а со тоа се категоризирани како „нелегални имигранти” и можат да подлежат на казна или депортација. Постојат голем број случаи на масовна емиграција од посиромашните држави или државите погодени од војна и во нив се вклучуваат примерите како Африка, Колумбија и Ел Салвадор. По неколку децении на вооружен конфликт, денес еден од десет Колумбијци живее во странство. На пример, бројот на Колумбијците кои емигрираат во Шпанија пораснал прогресивно од малку повеќе од 7 000 емигранти во 1993 година на повеќе од 80 000 во 2002 година и 224 000 во 2003 година. Исто така, бројките од Министерството за внатрешна безбедност на САД укажуваат дека Колумбија е четврта водечка земја на нелегална имиграција во САД. Според неговите проценки , бројот на нелегални Колумбијци во САД тројно се зголеми почнувајќи од 51 000 во 1990 година на 141 000 во 2000 година . Според Бирото за попис во САД , во 2000 година бројот на легални колумбијски имигранти во САД изнесуваше 801 363 имигранти. Податоците од пописот се важни, бидејќи како што тврди Министерството за внатрешна безбедност на САД „податоците од пописот се поцелосни и поверодостојни (отколку податоците на Службата за имиграција и натурализација) поради националниот обем на собирање податоци , многу поголемите примероци на податоци, како и поголемата подготовка и следење на активностите кои се вклучени во спроведувањето на десетгодишниот попис.“ Ел Салвадор е една од земјите која доживеала значителна емиграција како резултат на граѓанската војна и репресијата. Најголемиот извор на имигранти по глава на жител во САД потекнува од Ел Салвадор. До една третина од населението кое е родено во Ел Салвадор живее надвор од земјата , најчесто во САД. Според округот Санта Клара, Калифорнија, Канцеларија за меѓучовечки односи:

И покрај фактот дека улогата на владата на САД во конфликтот во Ел Салвадор беше единствена во давањето поддршка за одложување на граѓанскиот конфликт, владата и Службата за имиграција и натурализација во САД (ИНС) изразија мало сочувство за луѓето кои беа погодени од војната. Во осумдесеттите години од 20 век ИНС одобри само 2 % од барањата за политички азил, тврдејќи дека во Ел Салвадор постои демократија и дека извештаите на САД и „ескадроните на смртта” спонзорирани од владата биле претенциозни. Како одговор на она што тие го сметаа за неуспех на владата на САД за решавање на ситуацијата на бегалците од Ел Салвадор во земјата, американските активисти воспоставија слаба мрежа за помош на бегалците. Делувајќи спротивно на американските закони за имиграција, овие активисти примија бегалци во своите домови, им помагаа при патувањето , ги криеја и им помагаа да најдат работа и ова стана познато како „движење за наоѓање засолниште.”

Опасности

уреди

Со нелегалното влегување во друга земја ,нелегалните имигранти се изложуваат себеси и ги изложуваат локалните граѓани на опасности. Настрана од тоа што можат да бидат пресретнати и депортирани , познати се и некои значително поопасни последици кои резултираат од нивните активности. Како на пример, нелегалните имигранти можат да бидат подложени на трговија со луѓе за експлоатација.

Ропство

уреди

По крајот на меѓународната легална трговија со робови на Европа и САД во почетокот на 19 век , иако на многу пониски нивоа, нелегалниот увоз на робови продолжи понатаму. Иако не толку често колку во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка, некои од жените несомнено се шверцувани во САД и Канада. Некои луѓе биле киднапирани или биле прелажани во ропство за да работат како физички работници, како на пример во фабриките. Оние со кои се тргува на овој начин често се соочуваат со дополнителни препреки при избегнувањето на ропството , бидејќи нивниот статус на нелегални имигранти им го отежнува пристапот до помош или услуги. На пример жените од Мјанмар тргувани во Тајланд и принудени да работат во фабрики или како проститутки, можеби не го зборуваат јазикот и се изложени на злоупотреба од страна на полицијата поради нивниот статус на нелегални имигранти .

Проституција

уреди

Некои луѓе кои се принудени на сексуално ропство се соочуваат со предизвиците од обвиненијата за нелегална имиграција. По паѓањето на железната завеса , Западна Европа се соочува со сериозен проблем поврзан со сексуалната експлоатација на нелегалните имигранти (особено оние од Источна Европа)односно проституција.

Смрт

уреди

Секоја година има по неколку стотици нелегални имигранти кои загинуваат на границата помеѓу САД и Мексико. Во текот на жешката летна сезона во пустините во југозападниот дел од САД се јавува смрт поради исцрпеност .

Методи

уреди

Преминување на границата

уреди
 
Контрола на поморската граница од страна на Агенцијата за царинска и гранична заштита на САД.

Имигрантите од земји кои немаат директен договор за виза или кои на друг начин не би можеле да се квалификувале за виза , често нелегално ги преминуваат границите во некои области како границата помеѓу САД и Мексико , каналот Мона меѓу Доминиканската Република и Порторико , Гибралтарскиот Проток , Фуертевентура и Протокот Отранто. Познато е дека оние кои се обидувале да имигрираат се задушувале во транспортни контејнери,товарни вагони и камиони,тонеле во бродоломи предизвикани од бродови кои се непогодни за пловење, умирале од хипотермија за време на долгите патувања без вода. Помеѓу 1998 и 2004 година, според една официјална проценка при нелегалните преминувања преку границата помеѓу САД и Мексико бројот на загинати изнесувал 1 954. Шверцот со луѓе е практика на посредниците за финансиска добивка да им помагаат на нелегалните имигранти , кои често ги има во големи групи, при преминувањето преку меѓународните граници .Шверцот со луѓе се разликува од , но понекогаш и се поврзува со, трговијата со луѓе. Шверцерот со луѓе за да добие надомест ќе им го олесни нелегалниот влез на имигрантите во земјата , но по пристигнувањето на нивното одредиште шверцуваното лице најчесто е слободно. Шверцот со луѓе вклучува процес на употреба на физичка сила, измама или залажување за да се придобијат и да се пренесуваат луѓе. Во озлогласени шверцери со луѓе спаѓаат бандите „Змиска Глава“ (Snakehead),кои се застапени во континентална Кина (особено во Фуџиен) и шверцуваат работна сила во земјите од Тихоокеанскиот Обрач (што ги прави кинеските квартови секојдневни центри на нелегална имиграција) или „ Којотите”(Coyotes) кои шверцуваат нелегални имигранти во југозападнен САД и е познато дека злоупотребувале или дури и убивале патници. Понекогаш ,кога ќе се појават проблеми, шверцерите на луѓе ги напуштаат имигрантите кои притоа често настрадуваат, а понекогаш дури можат да бидат и намерно убиени.

Престој по истекување на визата

уреди

Некои нелегални имигранти легално влегуваат во една земја и потоа престојуваат откако ќе им истече визата или не го почитуваат рокот на важност на визата. На пример, голем број од проценетите 200 000 нелегални имигранти во Канада (можеби достигнува и до 500 000) се баратели на азил чии барања за азил биле одбиени ,но кои сѐ уште не се протерани од земјата. Еден од начините за да се стане нелегален имигрант е со помош на бирократски средства. На пример, на некој може да му се дозволи да остане во една земја или да биде заштитен од протерување ,бидејќи на тој/таа му е потребна посебна пензија за здравствената состојба во која се наоѓа, потоа поради длабока љубов кон жител кој е по потекло од таа земја, или дури и да избегне да му се суди за некое кривично дело во неговата/нејзината родна земја ,ако не е во можност да ја регулира неговата/нејзината ситуација и да добие работа и/или дозвола за престој. Оттука, се создаваат категории на луѓе кои не се ни нелегални ни легални имигранти и кои законски не живеат во „ниту една земја”. Друг пример е кога децата на странците кои се родени во земји кои го применуваат правото на стекнувањето на државјанството со раѓање на територијата на таа држава (jus soli), како во Франција до 1994 година и во Ирска до 2005 година. Во овие земји, постоел услов да се добие француско или ирско државјанство доколку си роден во Франција пред 1994 година или во Ирска пред 2005 година. Денес, дете од родители со странско потекло кое е родено во Франција не се здобива автоматски со француско државјанство сè додека не ги исполни условите за времетраењето на престојот. Од 1 јануари 2005 година , доколку не исполнува одредени услови дете кое е родено во Ирска не се здобива автоматски со ирско државјанство.

Правен и политички статус

уреди

Во минатото голем број земји имале или и ден-денес имаат закони кои ја ограничуваат имиграцијата од економски или националистички политички причини. Резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на ОН за борба против тероризмот, донесена во октомври 2001 година, побара од земјите-членки на ОН да ги ограничат законите за имиграција. Дали на некое лице ќе му биде дозволено легално да престојува во една земја, може да се одлучи со квоти или доселување по систем на точки или може да се заснова на фактори како што се роднински врски (брак, постара мајка итн.) Исто така чести се и исклучоците поврзани со политичките бегалци или луѓето кои имаат здравствени проблеми. Имигрантите кои не учествуваат во овие судски постапки или на кои во текот на овие постапки им била одбиена дозволата за престој, а кои и понатаму влегуваат или престојуваат во земјата се нелегални имигранти , како и лица кои се родени на територијата на државата (понатаму не се употребува поимот „имигранти”) но кои не добиле државјанство од земјата врз основа на раѓање и немаат законско право на престој. Голем број земји имаат закони со кои се бара работниците да имаат соодветна документација, со која тие често имаат за цел да го спречат или да го намалат вработувањето на имигранти кои немаат работна дозвола. Меѓутоа, често казните против работодавците се мали и прифатливите услови за идентификација се нејасни и недефинирани, а исто така и ретко се проверуваат или спроведуваат што им олеснува на работодавците да вработуваат нелегална работна сила. Нелегалните имигранти особено им се омилени на работодавците, бидејќи тие можат да им платат помалку од законската минимална плата или да имаат небезбедни услови за работа , знаејќи со сигурност дека малкумина работници кои немаат дозвола за работа ќе ги пријават кај властите за злоупотреба. Често, минималните плати во една земја можат да бидат неколкупати поголеми од висината на платата која преовладува во земјата од која потекнуваат нелегалните имигранти , што прави дури и овие работни места да бидат привлечни за нелегалните работници. Како одговор на негодувањето во однос на општопознатиот холокауст, новоформираните Обединети нации одржаа меѓународна конференција за бегалците, каде што беше одлучено дека бегалците ( законски дефинирани како лица кои во својата матична земја се прогонувани и потоа влегуваат во друга земја и бараат безбедност) треба да бидат изземени од законите за имиграција. Секако тоа зависи од засегнатите земји да одлучат дали одреден имигрант е бегалец или не , а со тоа дали тие се подложени на контролата на имигрантите. Често во уставот или во законите за човекови права на една земја е содржано правото на слобода на движење на лицето во рамките на националните граници, но овие права се ограничени на граѓаните и ги исклучуваат останатите. Некои тврдат дека слободата на движење во рамките на земјите и меѓу нив претставува основно човеково право и дека политиките на национализам и имиграција на владите на државите го прекршуваат ова човеково право, кое тие влади го признаваат во рамките на своите граници. Според член 13 од Универзалната декларација за човекови права, основните човекови права се кршат кога на граѓаните им се забранува да ја напуштат својата земја. Меѓутоа,на имигрантите не им се обезбедува правото на влез во друга држава и тоа право ѝ се препушта на претпазливоста на земјата-домаќин. Нелегалните имигранти имаат ограничен или немаат никаков пристап до здравствените системи , соодветно живеалиште, образование и банки, бидејќи немаат соодветен правен статус и важечки документи за идентификација, како на пример лични карти. Немањето пристап може да резултира во создавање или ширење на нелегално тајно фалсификување со цел да ги добијат овие документи. Властите преангажирани во обидите да ја спречат нелегалната имиграција во одредени историски периоди прибегнувале кон амнестијата. Со амнестијата се поништува клаузулата „предмет на депортација” што се поврзува со нелегалните странци.

Имиграција по држава или регион

уреди

Ангола

уреди

Во 2007 година 44 000 Конгоанци биле принудени да ја напуштат Ангола. Од 2004 година повеќе од 400 000 нелегални имигранти , речиси сите по потекло од Демократска Република Конго биле протерани од Ангола.

Аргентина

уреди

Преамбулата од уставот на Аргентина наведува дека негова цел е да ги обезбеди благодетите на слободата за сите луѓе од светот кои сакаат да живеат на аргентинско тло. Понатаму, членот 25 од овој устав наведува дека Сојузната влада треба да ја поттикнува имиграцијата во Европа и не може да го ограничи или да го оптовари со каков било данок влезот на странците на територијата на Аргентина, кои дошле со цел да ја обработуваат земјата, да ги подобрат индутриите и да воведат и да предаваат наука и уметности. Меѓутоа иако уставот на Аргентина го оневозможува постоењето на такво нешто како „нелегални имигранти” , сепак во земјата постојат непријавени имигранти. Во 2001 година, непријавените имигранти биле проценети од 50 000 на 2,500,000.

Бутан

уреди

Имиграцијата на доселениците од Непал во Бутан (Лоцампа (Lhotshampa)-термин кој се користи за бегалци од Непал во Јужен Бутан) полека започна кон крајот на 19 век. Со цел да го контролира напливот на нелегални имигранти, во 1985 година владата донесе нов Закон за државјанство кој го потврди и се обиде да го спроведе Законот за државјанство од 1958 година. За нелегални имигранти беа прогласени оние лица кои пред 1958 година не можеле да обезбедат доказ за престој. Во периодот помеѓу 1991 и 1992 година, од Бутан беа протерани околу 100 000 етнички Непалци, од кои повеќето оттогаш па наваму живееле во седум кампови за бегалци во источен Непал. САД предложи раселување на 60 000 од 107 000 бегалци од Бутан кои имале непалско потекло и кои сега живеат во кампови за бегалци на ОН во Непал. Дури и денес владата на Бутан не може да го реши проблемот за доделување државјанство на оние кои се во брак со Бутанци, и покрај тоа што тие веќе 40 години живееле во земјата.

Бразил

уреди

Бразил веќе долго време е дел од одредиштате за меѓународна имиграција. Во 2009 година владата го проценила бројот на непријавени имигранти на околу 200 000, а пак една католичка добротворна организација, која работи со имигранти, изјавила дека во Бразил има 600 000 илегалци (од кои 75 000 се од Боливија). Истата година бразилскиот парламент одобри амнестија, со која започна период од шест месеци во кој сите странци можеа да побараат легализација без оглед на нивниот претходен правен статус. Во 1998 година Бразил последен ги легализираше сите имигранти. Исто така чести се и билатералните договори ,кои се потпишани во 2005 година и се едни од оние кои во Боливија ја промовираа легализацијата на сите имигранти .

Во Бразил нелегалните имигранти ги уживаат истите привилегии како и родените Бразилци во однос на пристапот до социјалните услуги, како едукација на јавноста и системот на јавно здравство во Бразил. Најголемиот број нелегални имигранти во Бразил доаѓаат од Боливија, Парагвај, Перу, Кина (најчесто од Фуџиен), Северна Кореја и Потсахарска Африка . Федералната полиција ги испитуваше имигрантите од Кина кои патувале низ шест земји пред да пристигнат во Саун Пауло за да работат во супстандардни услови во текстилна индустрија. По потпишувањето на нацрт-законот за амнестија од 2009 година , во еден говор претседателот Лула рече дека „репресијата и нетолеранцијата кон имигрантите нема да ги реши проблемите кои ги предизвикала економската криза “, а со тоа исто така остро ја критикува „ политиката на дискриминација и предрасуди” против имигрантите во развиените земји. Во едно октомвриско издание на бразилскиот весник „О Глобо” (“O Globo”) беше цитирана студијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која го процени бројот на нелегални имигранти на 1,4 милиони и укажа на неодамнешен бран на ксенофобија меѓу општото население.

Канада

уреди

Не постојат достапни веродостојни информации во однос на нелегалната имиграција во Канада. Проценките се движат помеѓу 35 000 и 120 000 нелегални имигранти во Канада. Џејмс Бисет (James Bissett), поранешен директор на Канадската служба за имиграција, укажа дека непостоењето на веродостоен процес за проверка на бегалците, во комбинација со големата веројатност дека ќе се игнорираат наредбите за депортација, резултираше со десетици илјади неизвршени налози за апсење на лица чиешто барање за статус на бегалец било одбиено, додека обидите за спроведување на правото се малобројни. Бегалците кои поднеле барање во Канада не мора да се обидуваат повторно да влезат во земјата за да го дознаат статусот на нивното барање. Во извештајот од 2008 година на главниот ревизор Шила Фрејзер (Sheila Fraser) беше наведено дека Канада им ја изгубила трагата на дури 41 000 нелегални имигранти. Се предвидува овој број драстично да порасне со истекувањето на привремените работни дозволи кои биле издадени во 2007 и 2008 година и кои во многу случаи не биле обновени поради недостатокот од работни места , како резултат на рецесијата.

Чиле

уреди

Неодамна Чиле стана нова привлечна сила за нелегални имигранти, во најголем број од Перу и Боливија , Еквадор, Парагвај, Колумбија и Хаити. Според националниот попис од 2002 година, странското население во Чиле, од 1992 година па наваму, се зголемило за 75%.

Народна Република Кина

уреди

Народна Република Кина гради безбедносна бариера на границата со Северна Кореја за да ги спречи дезертерите и бегалците од Северна Кореја. Исто така, голем број имигранти се обиделе да имигрираат од Монголија во Кина. Можеби има дури 100 000 Африканци во Гуангџоу, од кои најголем дел се имигранти кои остануваат нелегално да живеат откако веќе им истекла визата. За да се охрабрат луѓето да ги пријавуваат странците кои нелегално живеат во Кина , полицијата на предавниците кои пренесуваат информации им дава како награда 100 јени , со што успешно се постигнува прогонување од земјата.

Домениканска Република

уреди

Доминиканската Република , е земја на остров кој го дели со Хаити, има огромен прилив на нелегални имигранти од Хаити. Бидејќи земјената површина на Доминиканската Република изнесува 48 000 км, а бројот на домашното население едвај надминува 10 милиони жители, бројката што ја изнесуваат властите, дека има повеќе од милион нелегални имигранти од Хаити кои живеат на доминиканско тло (што е 10 % од вкупното население), е навистина алармантна.

Европска унија

уреди

Европската унија развива заеднички систем за имиграција и азил и стратегија за единствена надворешна контрола на границата. Во Франција помагањето на нелегален имигрант (на пример снабдување со засолниште) е забрането со закон, кој е донесен на 27 декември 1994 година. Законот беше жестоко критикуван од невладините организации како ЦИМАДЕ и ГИСТИ, левичарските политички партии како Партија на Зелените и Француската комунистичка партија и синдикатите како Синдикатот на правници. Голем број извештаи од локалните грчки острови, кои се наоѓаат во близина на турското крајбрежје, укажуваат на тоа дека Турците ги снабдуваат мигрантите со чамци и ножеви и им кажуваат да ги исечат чамците кога ќе запливаат во водите на Грција. Потоа, според правилата на ЕУ, грчките власти се принудени да се справуваат со приливот на илјадници нелегални имигранти . Грчката полиција не може да работи со своите колеги во Турција, бидејќи турската армија е одговорна за својата граница. Неодамна 14 нелегални мигранти се удавија, бидејќи турските трговци со луѓе кои ги испратиле мигрантите да пловат по морето им кажале да ги засечат малите спортски чамци откако ќе запловат по грчките води. Во јули 2004 година, турскиот весник „Хуријет” (Hürriyet) за првпат ги објави статиите за бродовите на грчката крајбрежна стража кои биле фатени на снимка како крстарат во непосредна близина на неколку стотици метри од турскиот брег и ги оставиле нелегалните имигранти во морето, а по вторпат истите статии биле објавени во мај 2006 година. Наводно, како резултат на оваа практика на 26 септември 2006 година 6 луѓе се удавија помеѓу островите Хиос и Карабурун, додека тројца други исчезнале и 31 биле спасени од турските жандарми и рибари. Меѓутоа, постојат голем број тврдења и сведоштва од граѓани, кои не се Турци по потекло, дека турските власти и/или граѓани ги пренесуваат имигрантите преку морето , што често завршува со нивно напуштање, а понекогаш дури и давење. Еден нов ригорозен закон за имиграција на ЕУ, според кој нелегалните имигранти пред депортација биле притворани и до 18 месеци, предизвикал шокираност во цела Латинска Америка , а претседателот на Венецуела, Уго Чавес, се закани дека ќе го прекине извозот на нафта во Европа.

Грција

уреди

По отворањето на албанските граници во 1991 година, огромен прилив на економски емигранти од Албанија нелегално преминаа во Грција за да најдат работа. Денес тие се проценети на околу 600 000 до 800 000, но поради големиот процент на нелегални имигранти многу е тешко да се направи точна пресметка.

Обединетото Кралство

уреди

Во Обединетото Кралство има помеѓу 500 000 и 700 000 нелегални имигранти. Тешко е да се стигне до Обединетото Кралство, бидејќи поголемиот дел е сконцентритран на еден остров , но сепак шверцерите од Кале, Франција се обиделе да прошверцуваат нелегални имигранти. Голем број од нелегалните имигранти доаѓаат од Африка и Азија. Исто така, има и многу од Источна Европа и Латинска Америка кои нелегално дошле во Обединетото Кралство и нелегално останале по истекувањето на нивните визи.

Индија

уреди

Се проценува дека неколку милиони нелегални имигранти живеат во Индија. Не постојат точни бројки, но се движат од неколку илјади до 20 милиони. Особено во Источна Индија тие главно се економски мигранти од Бангладеш, од кои поголем дел се муслимани. Главно поради постојаниот прилив на муслимани неколку земји од источниот дел на Индија ,вклучувајќи ги Асам и Западен Бенгал , доживеаја значителни демографски промени. На својата источна граница, Индија гради бариери за да се избори против бранот од мигранти. Индиско-бангладешката граница е долга 4000 км (2 500 милји). Во моментов за да ја спречи незаконската трговија од Бангладеш, Индија гради ограда по должината на границата. Оваа опструкција практично ќе го изолира Бангладеш од Индија. Планот за бариерата е заснован на создавањето на бариерата на израелскиот западен брег и ќе биде 3,6 м (11,8 стапки) висока. Целта на создавањето на оградата е да се спречи навлегувањето на терористи, шверцот и да се сопре имиграцијата од Бангладеш.

Иран

уреди

Од крајот на април 2007 година, иранската влада насилно ги депортираше назад во Авганистан главно нерегистрираните (и некои регистрирани) Авганистанци кои живееле и работеле во Иран, чиј број изнесувал помеѓу 250 000 и 300 000 годишно. Присилното иселување на бегалците кои речиси три децении живееле во Иран и во Пакистан се дел од двата поголеми планови на земјата за неколку години да ги вратат сите авганистански бегалци во нивната татковина . Иран вели дека до наредниот март ќе испрати 1 000 000 бегалци ,а Пакистан изјави дека сите 2 400 000 бегалци од Авганистан ,кои во најголем дел живеат во кампови, мора да се вратат во своите домови до 2009 година. Експертите велат дека тоа ќе биде катастрофално за Авганистан. Исто така има многу нелегални имигранти од Африка кои навлегуваат во Иран преку Оманското Море.

Либија

уреди

Либија е дом на голем дел од населението од Потсахарска Африка, чиј број изнесува дури 2 000 000 имигранти. Планот за масовно протерување со цел по кратка постапка да се депортираат сите непријавени имигранти бил објавен во јануари 2008 година од страна на либискиот водач, полковникот Муамер ел Гадафи (Muammar el Gaddafi) . „ Нема да биде поштеден ниту еден жител кој нема легална виза.”

Малезија

уреди

Во Малезија има околу 800 000 нелегални имигранти. Во јануари 2009 година, за да ги заштити граѓаните од масовна невработеност поради глобалната економска криза Малезија го забрани вработувањето на странски работници во фабриките , продавниците и рестораните. Неодамна еден етнички Малезиец од Индија доби казна камшикување и 10 месеци затворска казна, бидејќи во својот ресторан вработил 6 нелегални имигранти. „ По ова, сметам дека на малезиските работодавци ќе им биде страв да вработат странски работници (без работна дозвола ) и убаво ќе размислат пред да направат такво нешто”, рече обвинителот Азлан Абдул Латиф (Azlan Abdul Latiff) од одделот за имиграција. „ Ова е прв случај кога работодавец е казнет со тепање”.-рече тој. Исто така, нелегалните работници пред да бидат депортирани се подложени на тепање.

Мексико

уреди

Само во првите шест месеци од 2005 година, повеќе од 120 000 луѓе од Средна Америка биле депортирани во нивните родни земји. Ова е значително поголема стапка во споредба со 2002 година, кога за една година само 130 000 луѓе биле депортирани. Друга важна група луѓе се Кинезите , кои им плаќаат на шверцерите околу $ 5 500 за да ги пренесат од Хонгконг во Мексико. Се проценува дека во Мексико 2,4 % од отфрлањата на работните дозволи главно се однесуваат на Кинезите. Во големите градови низ земјата на многу жени од Источна Европа, Азија и Централна и Јужна Америка им се нуди работа во стриптиз клубови,поради што Националниот институт за миграција (ИНМ) во Мексико врши рации по стриптиз клубовите и ги депортира странците кои работат без соодветна документација. Во 2004 година, ИНМ депортираше 188 000 луѓе во вредност од 10 милиони американски долари. Од 2004 до 2006 година нелегалната имиграција на Кубанците низ Канкун тројно се зголеми. Во септември 2007 година, мексиканскиот претседател Калдерон остро ја критикуваше владата на САД за преземањето остри мерки во однос на нелегалните имигранти , велејќи дека тоа придонело до протерување на работниците имигранти кои немаат визи. „Јас изјавив дека Мексико не завршува до границата ,туку секаде онаму каде што има Мексиканец , таму е и Мексико. “ Во октомври 2008 година, Мексико ги заостри правилата за имиграција и се согласи да ги депортира Кубанците , притоа користејќи го Мексико како влез во САД. Исто така ја критикуваше и политиката на САД , која најчесто им дозволува на Кубанците да останат во САД откако ќе влезат на нивната територијата . Кубанскиот министер за надворешни работи изјави дека кубанско-мексиканскиот договор ќе доведе до „репатрирање на најголем дел од мнозинството Кубанци.”

Непал

уреди

Во 2008 година, непалската влада предводена од маоистите воведе остри мерки против тибетските бегалци со цел да ги депортираат во Кина сите Тибеќанци кои нелегално живеат во земјата. По неуспешното антикинеско востание во Тибет од 1959 година, Тибеќанците започнаа да навлегуваат во Непал.

Пакистан

уреди

Русија

уреди

Русија доживува постојан прилив на имигранти. Во просек, секоја година во земјата влегуваат по 200 000 легални имигранти, од кои околу половина се етнички Руси кои потекнуваат од другите републики од поранешниот Советски Сојуз. Покрај тоа, во земјата се проценети 10-12 милони нелегални имигранти. Во последниве години, во големите руски градови имаше значителен прилив на етнички Грузијци, Ерменци, Азербејџанци, Таџици и Узбеци, на што многу граѓани гледале како на нешто негативно, а тоа придонело кон појава на националистички чувства. Голем број етнички групи на имигранти имаат многу повисок наталитет отколку родените Руси, што дополнително ја менува рамнотежата. Некои Кинези ја избегнуваат пренаселеноста и прописите за контрола на наталитетот во нивната матична земја и се населуваат во Далечниот Исток и јужен Сибир. Главното тихоокеанско пристаниште на Русија и поморската база на Владивосток, кои некогаш беа затворени за странци, а денес се натрупани со кинески пазари, ресторани и трговски куќи. Ова почна да се случува многу често откако се распадна Советскиот Сојуз. Нелегалното преминување на границата се смета за кривично дело и во одредени случаи оние кои се фатени како нелегално ја преминуваат границата се осудени на затворска казна. На пример, во октомври 2008 година рускиот весник го објави случајот со еден Кореец од Северна Кореја кој бил притворен откако од Кина нелегално ја преминал реката Амур. Според руските власти тој бил „економски мигрант” кој добил затворска казна од 6 месеци, а откако ја отслужил казната бил депортиран во својата земја и покрај тоа што таму можеби ќе биде изложен на ризик да добие и потешка казна. Од почетокот на годината, тоа беше само еден од 26-те случаи на луѓе од различни националности кои нелегално влегуваат во земјата и кои добиле кривична казна во Амурската област.

Саудиска Арабија

уреди

Саудиска Арабија започнала со изградбата на бариера за одвојување помеѓу нејзината територија и Јемен за да го спречи нелегалното движењето на луѓе и добра во и надвор од Кралството. Во 2006 година, во еден мултимилионски проект Саудиска Арабија, за да ги осигура границите на кралството предложи планови за изградба на безбедносна ограда по должината на целата нејзина пустинска граница со Ирак долга 560 милји (900 км), со цел да ја подобри внатрешната безбедност, контролата на нелегални имигранти и да ја зајакне својата одбрана од надворешни закани.

Јужна Африка

уреди

Јужна Африка е дом на околу пет милиони нелегални имигранти , вклучувајќи околу три милиони Зимбабвејци. Кон крајот на 2007 година, нападите врз странските државјани значително се зголемиja и се смета дека од почетокот на 2008 година имало најмалку десеттина напади. Од 11 мај 2008 година во Јужна Африка се појавиле серија антиимигрантски нереди .

Сирија

уреди

Од март 2003 година, по инвазијата врз Ирак предводена од Америка, се зголемил бројот на бегалци од Ирак . Обединетите Нации проценуваат дека од 2003 година приближно 2 200 000 Иранци ја напуштиле земјата, од кои секој месец приближно 100 000 пребегнуваат во Сирија и Јордан. Голем број од оние кои заминуваат во Јордан и Сирија создаваат демографски поместувања кои ги загрижуваат и двете влади. Бегалците се заглавени во сиромаштија, бидејќи најчесто не можат да најдат работно место во земјите-домаќини. Властите во Сирија стравуваат дека новиот прилив на бегалци би ги ограничил ресурсите на земјата. За изворите како нафтата, греењето, водата и струјата се вели дека стануваат сè повеќе оскудни откако се зголемила побарувачката. На 1 октомври 2007 година новинарските агенции соопштија дека Сирија повторно ги наметнала рестрикциите врз бегалците од Ирак, како што изјави портпаролот на високиот комесар за бегалци на ОН. Според новите правила на Сирија, само ирчките трговци, стопанственици и универзитетски професори кои добиле виза од сириските амбасади можат да влезат во Сирија.

Турција

уреди

Турција прифаќа голем број економски мигранти од соседните земји како Ерменија, Грузија и Азербејџан , но исто така и од Авганистан, Средна Азија и Пакистан. Се смета дека војната во Ирак го зголемила приливот на нелегални имигранти во Турција, додека глобалните страни, кои директно биле вклучени во конфликтот, се обвинуваат дека дале помалку помош и од самата Турција за решавањето на критичната ситуација на имигрантите кои биле заглавени на преминот .

Се проценува дека во САД живеат помеѓу 7 и 20 милиони нелегални имигранти, но поради природата на нелегалната имиграција точната бројка не е позната. Проценките на центарот за истражување „Пју “ покажуваат дека во март 2009 година бројот на нелегални имигранти се намалил на 1,1 милион,во однос на максимумот од 12 милиони во март 2007 година. Мнозинството нелегални имигранти потекнуваат од Мексико. Во САД нелегалната имиграција претставува долгогодишен проблем ,кој создаде огромна контроверзија. Економистот Џорџ Х. Борјас (George J. Borjas) од универзитетот Харвард објаснува дека контроверзноста е сконцентрирана во „ огромна прераспределба на богатството од неквалификуваните американски работници кон американските работодавци кои ги користат нелегалните имигранти.” Во 2007 година , претседателот Буш го повика Конгресот да го поддржи неговиот предлог за вработување странски работници, изјавувајќи дека нелегалните имигранти ( вклучувајќи ги лицата со законски постојан престој, бегалци и баратели на азил) прифаќаат работни места кои Американците не би ги прифатиле. Центарот за истражување „Пју” забележа дека од осумдесеттите години од 20 век бројот на легалните имигранти (вклучувајќи ги законските постојани жители, бегалците и барателите на азил) не се променил значително, додека бројот на нелегалните имигранти драматично се зголемил и од средината на деведесеттите години од 20 век го надминал и бројот на легалните имигранти. Казните за работодавците кои вработуваат нелегални имигранти се движат од $2 000-$ 10 000 и до 6 месеци затворска казна. Меѓутоа, казните за работодавците најчесто не се спроведуваат. Политичките групи како „Американците кои се залагаат за легална имиграција“ (АЛИПАЦ) биле формирани за да се борат против она на кое тие гледаат како на закана од нелегална имиграција, барајќи од САД да ги спроведува законите за имиграција и да ги обезбеди границите. Меѓутоа, АЛИПАЦ исто така повика на гранични премини со „безбедно заминување” каде што нема да се прават криминални проверки за нелегални активности. Неколку земји од САД избрале да ги искористат полицајците како службеници за имиграција.

Венецуела

уреди

Има стотици илјадници, а можеби дури и милион колумбиски имигранти кои живеат во Венецуела. Во 1995 година, Венецуела најави дека планира да спроведе попис, за да ги лоцира и депортира нелегалните имигранти. Околу 200 000 Колумбијци ја избегнаа граѓанската војна во Колумбија и побараа безбедност во Венецуела. Голем број од нив немаат документи за идентификација и тоа го попречува нивниот пристап до услугите, како и до пазарот на трудот. Владата на Венецуела немаше конкретни политики во однос на бегалците.

Наводи

уреди
  1. Taylor, Mark (December 2007). "The Drivers of Immigration in Contemporary Society: Unequal Distribution of Resources and Opportunities". Human Ecology. 35 (6): 775–776. doi:10.1007/s10745-007-9111-z. S2CID 153735765.