Негирање на климатските промени
Негирањето на климатските промени е збир на организирани обиди за минимизирање, отфрлање или поништување на политичкиот и научниот консензус за степенот на глобалното затоплување, неговите опасности или неговиот однос со човековата активност, врз основа на комерцијални или идеолошки мотиви.[1]. Типично, таквите обиди имаат реторичка форма на научен спор без всушност да се следат правилата забележани во таквите спорови.Негирањето на климатските промени е поврзано со лобито за индустријата за гориво [лобисти од индустријата за гориво; лоби за фосилни горива], застапници на големи бизниси и конзервативни тинк-тенкови (најчесто во САД).[2][3][4] Тоа се смета за форма на научно негирање.[5][6][7][8][9][10][11]Негирањето на климатските промени не треба да се меша со научниот скептицизам, кој е неопходен за унапредување на науката. По дваесет години откако оваа тема е во центарот на вниманието, нема сериозни обиди за научно побивање на постоечките теоретски концепти и главните последици што произлегуваат од нив.[9][12] Односот помеѓу негирањето на климатските промени финансиран од корпорации е спореден со претходните напори на тутунската индустрија да ја поткопа довербата во научните докази за опасностите од пасивното пушење.[13] Некои изјави на политичките лидери се сметаат и како демантирање на климатските промени.[14]
И покрај Научниот концензус за климатски промени [15] Политички аспекти на глобалното затоплување , во комбинација со јавната дебата за глобалното затоплување ги забавила глобалните напори минимизирање на климатските промени. Голем дел од дебатата се фокусирала на економски аспекти на глобалното затоплување.
Некои коментатори го критикувале терминот негирање на климатските промени како обид да се оцрнат „скептичните“ ставови и да се прикажат како морално бескрупулозни. [16] [17] Сепак, постојат многу докази дека, од 1990-тите, различни истражувачки центри,, корпорации и деловни групи навистина се вклучиле во намерно негирање на науката за климатските промени[18] [19] [20] [21], и голем број автори и организации, вклучувајќи го и Националниот центар за научно образование (САД), го класифицираат негирањето на климатските промени како псевдонаука. [22] [23] [24]
Познато е дека помеѓу 2002 и 2010 година, конзервативните милијардери донирале околу 120 милиони долари на повеќе од сто организации за да се обидат да ја поткопаат довербата во науката за климата.[25]
Историја
уредиПочетокот на кампањата против науката за климатските промени произлегува од создавањето на организација од страна на тутунската индустрија, Центар за промоција на чесна наука,( TASSC), нејзината цел била да ја „поврзе загриженоста за пасивното пушење со други популарни стравови, вклучително и глобалното затоплување“. TASSC се обиделе да се појават пред јавноста како спонтано социјално движење. Стратегијата за односи со јавноста им било со цел да се фрли сомнеж врз науката окарактеризирајќи ја како „лажна“ и на тој начин да ја сврти јавноста против каква било владина интервенција заснована на научни докази.
Во сега озлогласениот документ од една од тутунските компании се вели: „Нашиот производ е сомнеж, тоа е најдоброто оружје за соочување со фактите што ги интернализира јавноста. Исто така, ќе помогне да започнете расправија“.[26] Некое време подоцна, TASSC почнале да добива ат субвенции од ExxonMobil и други нафтени компании, а нивната веб-страница за „лажна наука“ почнала да се полни со материјали против науката за климата.
Наоми Орескес, една од авторите на книгата
„Трговци на сомнеж“, Како неколку научници ја прикриваат вистината - од пушење до климатски промени опишува како мала група пензионирани нуклеарни физичари, кои станале влијателни и познати по нивната работа на атомското оружје, заговараат позиција на „сомнеж“ за низа прашања кои се предмет на јавна дебата во САД. Според Орескес, тие го прават тоа „не за пари, туку во одбрана на идеологијата на владините неинтервенцији и нерегулации“. Конзервативниот аналитички центар основан во 1984 година „Институтот Џорџ Маршал“, чија нејзина првична цел била да ја одбрани Стратешката одбранбена иницијатива на Роналд Реган од оние научници кои ја бојкотираат. Во исто време, еден од основачите на оваа организација, поранешниот шеф на Академијата на науките на САД, станал платен консултант на тутунската компанија Р.Ј. Рејнолдс Тобако. Во оваа функција, тој дејствувал како бранител на производите на компанијата, тврдејќи дека за прашањето за опасностите од пушењето, „науката не е јасна“ и затоа американската влада не треба да воведува мерки против пушењето.[27] Сајц стана и автор на славната „Петиција во Орегон“, насочена против Протоколот од Кјото. Придружниот преглед на доказите за глобалното затоплување на петицијата експлицитно го отфрлал научниот консензус кој го поврзувал глобалното затоплување со емисиите на стакленички гасови и, згора на тоа, ги потврдувал „придобивките“ од Индустриската револуција за животната средина. Американската академија на науките била принудена да даде посебна изјава за нејзината неинволвираност во овој документ, кој бил објавен во дизајн кој ги копирал изданијата на делата на академијата.[7] Институтот Џорџ Маршал продолжил да се користи и по крајот на Студената војна за кампања против еколошките прашања кои почнале за киселиот дожд, озонските дупки, пасивното пушење и климатските промени. Во сите случаи, аргументот бил ист: научните докази се премногу несигурни и затоа владата не треба да се меша во функционирањето на пазарот. Според Орескес, дури релативно неодамна историчарите успеале да ги „поврзат точките на сликата“, а во времето на настаните, самите научници се соочиле со противење на нивните предупредувања за штетата на ДДТ или опасноста за озонската обвивка, не знаејќи дека во исто време истите структури ги користат истите аргументи против други научници во дискусиите за опасностите од пушењето, пасивното пушење или климатските промени.[27]
Лобирање
уредиРепубликанската партија на САД и Доналд Трамп
уредиРепубликанската партија на САД во моментов е единствената влијателна политичка партија во светот која отворено ја негира потребата од напори за ублажување на климатските промени[28] „истражувачките центри“ поврзани со оваа партија издаваат голем дел од литературата за негирање на климатските промени.[29]
Изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјавил дека глобалното затоплување е „измислено од Кинезите“[30], било значајна победа за негирање на климатските промени.
Назначените личности од Трамп на важни позиции во Агенцијата за заштита на животната средина имаат долга историја на кампања против климатските науки и обиди за кривично гонење на научниците за климата. Документите објавени за време на стечајната постапка на неколку американски компании за јаглен укажуваат дека компаниите за јаглен тајно им плаќале за активностите на некои од нив.[31]
Транзициската администрација на американското Министерство за енергетика објавило прашалник во кој ги прашувало вработените во одделот за нивното учество на конференции за климата. Негативните реакции од јавноста и медиумите, кои изразиле стравување дека се подготвува „лов на вештерки“[32], го принудија тимот на Трамп да се повлече, велејќи дека листот „не бил официјално одобрен“ [33] .
Новата администрација објавила дека истражувањето на НАСА на Земјата од вселената е „политизирано“[34] и нејзиното финансирање ќе биде нагло намалено. Ова предизвикало критики во научната заедница и политичките противници на Трамп реагирале негативно. Гувернерот на Калифорнија Џери Браун на тоа одговорил велејќи декаː „Ако Трамп ги исклучи сателитите, Калифорнија проклето добро ќе ги лансира своите сателити“.[35]
Постоела загриженост дека базите на податоци кои се познати за климата може да бидат уништени кога новиот претседател ќе ја преземе функцијата. [36]
Приватниот сектор
уредиПо објавувањето на Извештајот на IPCC во февруари 2007 година, Американскиот институт за претпријатија им понудил на научниците од САД, Обединетото Кралство и други земји 10.000 долари плус патни трошоци за написи кои ќе го критикуваат извештајот. Институтот е финансиран од Ексон, а околу 20 од неговиот персонал служеле како советници на администрацијата на Џорџ В. Буш.
Кралското друштво на Лондон открило дека Ексон потрошиле 2,9 милиони долари за финансирање на групи кои ја „дезинформираат јавноста за климатските промени“, а 39 од овие групи „лажно ја толкувале науката за климатските промени со целосно негирање на доказите“.[3] [37] Во 2006 година, Кралското друштво официјално побарало од Ексон Мобил да престане да го финансира одбивањето за климатските промени. Компанијата одговорила дека не гледа ништо што би било за осуда во оваа нивна активност.[38]
Во 1989 година група на нафтени, јаглен и автомобилски компании, главно од Соединетите Американски Држави, ја основале „Глобална климатска коалиција“. Тие користеле агресивно лобирање и стратегии за односи со јавноста за да се спротивстават на Протоколот од Кјото и да ги ограничат емисиите на стакленички гасови. Како што напишал Њујорк Тајмс, „додека коалицијата се обидувала да го поколеба јавното мислење [кон скептицизам], нејзините научни и технички експерти признавале дека науката што ја поддржува улогата на стакленички гасови во глобалното затоплување не може да се побие“. Коалицијата станала цел на критики, а имало и повици за бојкот против нејзините членови. Форд Моторс бил првиот што ја напуштил коалицијата, а потоа следеле голем број други компании.[39] [40] [41] Во 2002 година, активностите на коалицијата биле прекинати.
На почетокот на 2013 година, Гардијан напишала за два трговски субјекти, (DonorsTrust и Donors Capital Fund), регистрирани на иста адреса во предградие на Вашингтон. Тие донирале 118 милиони долари на 102 истраживачки центри и активистички групи помеѓу 2002 и 2010 година. Донаторите на овие структури биле конзервативни десничари во американската политика обединети околу заедничката цел - да се спречат мерките против емисиите на стакленички гасови. Формата на финансирање што тие ја избрале била дизајнирана да обезбеди анонимност на донаторите. Како што напишала Гардијан, меѓу примателите на парите имало „истражувачки центри кои работат во интерес на Републиканската партија, мали познати политички форуми во државите Алјаска и Тенеси, автори на научни публикации од Харвард и други универзитети, дури се потрошени пари за купување на ДВД-а од филмот на Алберт Гор. Го финансирале конзервативниот отпор против еколошките иницијативи на претседателот Барак Обама, напори насочени кон елиминирање на можноста за законодавна акција против климатските промени. Парите биле префрлени на огромна мрежа од активистички групи и истражувачки центри кои работеле на прикажување на неутрален научен факт како „прашање за поделба“ во корист на десничарските политичари. Според социологот Роберт Брул, кој проучувал и други екстремно десничарски донаторски мрежи, „Довербата на донаторите е само врвот на ледениот брег“.[25]
Подоцна во 2013 година, Гардијан известувала за активностите на „Мрежата за државна политика“ (СПН), група од 64 американски истражувачки центри. Тие биле ангажирани за скриено лобирање за интересите на големите корпорации. Конкретно, нивната цел била да се спротивстават на мерките против климатските промени. Меѓу донаторите во 2010 година биле многу познати компании AT&T, Microsoft, Facebook, Wallmart итн.
Државни организации
уредиВо 2005 година Њујорк Тајмс ја профилирале работата на Филип Куни поранешен лобист и „лидер на климатскиот тим“ во Американскиот институт за нафта, кој станал шеф на персоналот „Совет за квалитет на животната средина“ во владата на претседателот Џорџ Вилијам Буш. Според протечените внатрешни документи, тој „редовно ги уредувал владините климатски извештаи за да ја минимизира врската помеѓу емисиите и глобалното затоплување“.[42] Како што напишал Newsweek,ː„ Куни „го уреди извештајот за состојбата на климатските науки од 2002 година за да ги вклучи фразите „несоодветно разбирање“ и „значајна несигурност“. Куни, исто така, избришал цел дел за климатските промени во еден од извештаите, по што добил факс од еден од лобистите во кој пишувало: „Направивте одлична работа[5]“. Набргу откако приказната за неговата манипулација со научни извештаи станала јавна, Куни ја објавил својата оставка, но за неколку дена тој добил функција во ExxonMobil.[43]
Училишта
уредиСпоред документите објавени во февруари 2012 година, Институт Хартленд, конзервативните истражувачки центри блицки до американската Републиканска партија, подготвувале училишна програма која ги прикажува климатските промени како предмет на научна контроверзија.[44] [45] [46]
Во март 2017 година, Институтот „Хартленд“ започнал план да им даде на 200.000 учители од училиштата во САД бесплатни книги и ДВД во кои се тврди дека глобалното затоплување е „смешно“. [47]
Според истражувањето објавено во списанието Science во 2016 година, 31% од американските наставници им кажуваат на своите ученици дека причините за глобалното затоплување не се јасно утврдени, уште 10% тврдат дека човековата активност нема значително влијание врз овој процес.
Влијание врз јавното мислење
уредиСтратегијата за „произведена несигурност“ за климатските промени придонесува за ниско ниво на јавна загриженост и неактивност на владите ширум светот. Анкетите покажуваат широк скептицизам за глобалното затоплување во САД, Канада и Велика Британија. Според анкетата на Јеил/Џорџ Мејсон од 2012 година, само 48% од Американците знаат дека повеќето научници се уверени во затоплувањето. Високите степени на неизвесност и скептицизам за постоењето, антропогеното потекло и влијанијата на климатските промени делумно се должат на сомнежите за научниот консензус за климатските промени. Овој сомнеж изразен од пошироката јавност може делумно да биде производ на медиумското покривање на климатските промени како контроверзно и неизвесно прашање.. Јавната свест за научниот консензус за глобалното затоплување е од суштинско значење за поддршка на климатската политика. Сепак, постои значителен јаз меѓу перцепцијата на јавноста и реалноста за ова прашање. Ова е олеснето со информативната политика на медиумите. На пример, 70% од американските телевизиски вести обезбедуваат „балансирано“ покривање на темата за човечките придонеси за климатските промени во однос на природните фактори, покривање вести што значително се разликува од научниот консензус за климатските промени предизвикани од човекот.[48] Во исто време, научните публикации кои го отфрлаат консензусот за глобалното затоплување сочинуваат мал дел од вкупниот број, а нивниот процент продолжува да се намалува со текот на годините. Меѓу научните публикации кои експлицитно изразуваат еден или друг став за антропогеното глобално затоплување, повеќе од 97% го делат научниот консензус за ова прашање..[49]
Фактори кои придонесуваат за климатскиот скептицизам
уредиСоциолошкото истражување во ОК покажувало дека климатскиот скептицизам е особено чест кај постарите луѓе од пониско социо-економско потекло, кои се политички конзервативни и имаат традиционални вредности. Фактот дека климатскиот скептицизам е вкоренет во вредностите и светогледите на луѓето може да значи дека за нив скептичниот поглед на климатските промени е едноставно доследно продолжување на нивниот целокупен поглед на светот. Сепак, јавните изрази на доверба во нивните ставови се концентрирани главно во нескептични групи, што покажувало дека ставовите на климатските скептици не се многу силни.
Луѓето со алтруистички, егалитарни и колективистички ставови се со помала веројатност да бидат климатски скептици отколку поддржувачи на ригидна хиерархија и индивидуализам[50] [51] [52] .
Неодамнешните истражувања покажуваат дека подготвеноста на една личност да прифати различни теории на заговор за популарни теми (како што е американското слетување на Месечината или терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк ) ја зголемува веројатноста личноста да се согласи со негирањето на глобалното затоплување.[53]
Видови климатски скептицизам
уредиСтудијата на Рамсторф (2004) предложила типологија на типови на климатски скептицизам, која е користена во голем број последователни научни трудови.[54]
- Тренд скептицизам - непризнавање на фактот за пораст на глобалните температури
- Атрибутивен скептицизам - непризнавање на антропогената природа на затоплувањето
- Скептицизам на влијание - непризнавање на опасностите од глобалното затоплување.
Покрај овие квалитативни разлики, истражувачите го оценуваат и емоционалниот интензитет или степенот на доверба во скептичните ставови.
Истражувањата покажуваат дека скептицизмот за антропогената природа на затоплувањето (атрибутивен скептицизам) е генерално почест отколку негирањето дека температурите растат (скептицизам на трендот). Сепак, последното, исто така, останува многу влијателно, при што до една третина од населението во САД и Европа има став дека не се случува затоплување (Leiserowitz et al., 2010a;b) . Според анкетите, 40% од Британците се согласуваат со изјавата „сериозноста на глобалното затоплување е многу претерана“. Во Европа овој став го поддржуваат 27%.[55]
Наводи
уреди- ↑ Klein, Naomi (2011-11-09). „Capitalism vs. the Climate“. The Nation. Архивирано од изворникот на 2015-07-01. Посетено на 2012-01-02.
- ↑ Adams, David (2005-01-27). „Oil firms fund climate change 'denial'“. London: The Guardian. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2007-08-03.
- ↑ 3,0 3,1 Adams, David (2006-09-20). „Royal Society tells Exxon: stop funding climate change denial“. London: The Guardian. Архивирано од изворникот на 2013-01-29. Посетено на 2007-08-02.
- ↑ Gelbspan, Ross (1995-12). „The heat is on: The warming of the world's climate sparks a blaze of denial“. Harper’s Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 2007-08-02. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ 5,0 5,1 Begley., Sharon (2007-08-07). „The Truth About Denial“. Newsweek. Архивирано од изворникот на 2007-10-21. Посетено на 2014-04-23. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Timeline, Climate Change and its Naysayers“. Newsweek. 2007-08-13.
- ↑ 7,0 7,1 Monbiot, George (2006-09-19). „The denial industry“. London: Guardian Unlimited. Архивирано од изворникот на 2007-03-24. Посетено на 2014-04-23.
- ↑ Ellen Goodman (2007-02-09). „No change in political climate“. The Boston Globe. Архивирано од изворникот на 2016-03-14. Посетено на 2008-08-30.
- ↑ 9,0 9,1 Christoff, Peter (2007-07-09). „Climate change is another grim tale to be treated with respect - Opinion“. Melbourne: Theage.com.au. Архивирано од изворникот на 2017-07-01. Посетено на 2010-03-19.
- ↑ Connelly, Joel (2007-07-10). „Deniers of global warming harm us“. Seattle Post-Intelligencer. Архивирано од изворникот на 2010-12-05. Посетено на 2009-12-25. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Исследователи выделяют 5 характерных признаков отрицания науки: использование теории заговора апелляция к ложным авторитетам подбор научных данных под заранее сделанный вывод, нежелательные данные игнорируются заведомо неисполнимые требования к научным исследованиям искажение позиции оппонентов и рассуждения с нарушениями логики (См. Diethelm & McKee 2009) [1] Архивная копия от 1 декабря 2016 на Wayback Machine
- ↑ „Royal Society Summer Science 2021“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-07-01. Посетено на 2014-04-23. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Erik Conway; Naomi Oreskes. Merchants of Doubt: How a Handful of Scientists Obscured the Truth on Issues from Tobacco Smoke to Global Warming (англ.). — USA: Bloomsbury, 2010. — ISBN 1-59691-610-9.
- ↑ Monbiot, George (2009-03-09). „Monbiot's royal flush: Top 10 climate change deniers“. London: Guardian. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 2013-07-03.
- ↑ Oreskes, Naomi. Climate Change: What It Means for Us, Our Children, and Our Grandchildren (англ.) / DiMento, Joseph F. C.; Doughman, Pamela M.. — The MIT Press, 2007. — P. 65—66. — ISBN 978-0-262-54193-0.
- ↑ Samuelson, Robert J. (2007-08-20). „Greenhouse Simplicities“. Newsweek. Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 2007-08-16. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „On Comparing Global Warming Denial to Holocaust Denial::By Dennis Prager“. Townhall.com. 2007-02-13. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на 2013-07-03. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ David Michaels (2008) Doubt is Their Product: How Industry’s Assault on Science Threatens Your Health.
- ↑ Clive Hamilton. Requiem for a Species: Why We Resist the Truth about Climate Change (англ.). — Allen & Unwin, 2010. — P. 103—105. — ISBN 1-74237-210-4.
- ↑ Wendy Wagner; McGarity, Thomas O. Bending Science: How Special Interests Corrupt Public Health Research (англ.). — Cambridge: Harvard University Press, 2010. — ISBN 0-674-04714-1.
- ↑ Chris Mooney. The Republican war on science. — New York: Basic Books, 2005. — ISBN 0-465-04675-4.
- ↑ Kennedy, D. An Unfortunate U-turn on Carbon (англ.) // Science. — 2001. — 30 March (vol. 291, no. 5513). — P. 5513. — doi:10.1126/science.1060922. Архивировано 5 января 2016 года. Subscription needed
- ↑ Brown, R. G. E., Jr. (1996-10-23). „Environmental science under siege: Fringe science and the 104th Congress, U. S. House of Representatives“ (PDF). Report, Democratic Caucus of the Committee on Science. Washington, D. C.: U. S. House of Representatives. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-26.CS1-одржување: ref=harv (link)
- ↑ Lahsen, Myanna. Technocracy, Democracy, and the U.S. Climate Politics: The Need for Demarcations (англ.) // Science, Technology, & Human Values[англ.] : journal. — Vol. 30. — P. 137—169. — doi:10.1177/0162243904270710.
- ↑ 25,0 25,1 Goldenberg, Suzanne (2013-02-14). „Secret funding helped build vast network of climate denial thinktanks“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 2013-03-01.
- ↑ „Original "Doubt is our product..." memo“. University of California, San Francisco. 1969-08-21. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2010-03-19. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ 27,0 27,1 Oreskes, Naomi (2010-03-02). „Merchants of Doubt - Video of talk, with slides“. Архивирано од изворникот на 2010-04-10. Посетено на 2010-03-19. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „The Republican Party stands alone in climate denial, The Guardian, 5 October 2015 “. Архивирано од изворникот на 2022-01-06. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „The organisation of denial: Conservative think tanks and environmental scepticism (PDF), Jacques et al, 2008“. Архивирано од изворникот на 2019-01-28. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „US election: Climate scientists react to Donald Trump's victory, CarbonBrief, 09.11.2016 “. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „«Landing Team» for Trump's EPA: Climate Science Deniers and a Lawyer Known For Harassing Climate Scientists, Graham Readfearn, DESMOG, December 7, 2016 “. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Trump Questionnaire Raises Concerns About Retaliation Against Energy Department Staff, Brakkton Booker, Breaking News From NPR, December 10, 2016 “. Архивирано од изворникот на 2016-12-18. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Trump team disavows climate change questionnaire to Energy Department, CNN, December 15, 2016I “. Архивирано од изворникот на 2016-12-17. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Trump to scrap Nasa climate research in crackdown on 'politicized science', Oliver Milman, The Guardian, 23 November 2016“. Архивирано од изворникот на 2021-03-19. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Jerry Brown: 'California will launch its own damn satellite' if Trump stops climate data collection, The Sacramento Bee, Dec 15, 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-12-17. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Scientists are frantically copying U.S. climate data, fearing it might vanish under Trump, Brady Dennis, The Washington Post, December 13 2016 “. Архивирано од изворникот на 2017-02-21. Посетено на 2016-12-17. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Ward, Bob (2006-09-04). „Letter to Nick Thomas, Director, Corporate affairs, Esso UK Ltd. (ExxonMobil)“ (PDF). London: Royal Society. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-03-06. Посетено на 2007-08-06.
- ↑ „Gore takes aim at corporately funded climate research“. CBC News from Associated Press. 2007-08-07. Архивирано од изворникот на 2007-10-18. Посетено на 2007-08-16.
- ↑ „Canvassing Works“. Canvassing Works. Архивирано од изворникот на 2019-07-29. Посетено на 2013-07-19. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Bradsher, Keith (1999-12-07). „Ford Announces Its Withdrawal From Global Climate Coalition“. New York Times. Архивирано од изворникот на 2018-10-02. Посетено на 2013-07-21.
- ↑ „GCC Suffers Technical Knockout, Industry defections decimate Global Climate Coalition“. Архивирано од изворникот на 2018-06-14. Посетено на 2014-04-23. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Revkin, Andrew C. (2005-06-08). „Bush Aide Edited Climate Reports“. New York Times. Архивирано од изворникот на 2017-09-23. Посетено на 2007-08-03.
- ↑ Andrew Revkin (2005-06-15). „Ex-Bush Aide Who Edited Climate Reports to Join ExxonMobil“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2014-10-27. Посетено на 2008-04-23.
- ↑ Justin Gillis; Leslie Kaufman (2012-02-15). „Leak Offers Glimpse of Campaign Against Climate Science“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 2012-02-16.
plans to promote a curriculum that would cast doubt on the scientific finding that fossil fuel emissions endanger the long-term welfare of the planet.
- ↑ .
„Leaked: Conservative Group Plans Anti-Climate Education Program“. Scientific American. Архивирано од изворникот на 2012-02-16. Посетено на 2012-02-15. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ „Heartland Insider Exposes Institute's Budget and Strategy“. DeSmogBlog.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-15. Посетено на 2012-02-15. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Climate Change Skeptic Group Seeks to Influence 200,000 Teachers Архивирано на 30 април 2024 г., FRONTLINE, March 28, 2017(англиски)
- ↑ „Архивированная копия“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-26. Посетено на 2014-04-23. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Support for climate policy and societal action are linked to perceptions about scientific agreement | Nature Climate Change
- ↑ Kahan D, Peters E, Wittlin M, Slovic P, Ouellette L, Braman D, Mandel G. The polarizing impact of science literacy and numeracy on perceived climate change risks.Nat Clim Chang 2012, 2:732-735. 55-57
- ↑ Kahan DM, Jenkins-Smith H, Braman D. Cultural cognition of scientific consensus. J Risk Res 2011, 14:147-174.
- ↑ Whitmarsh L. Scepticism and uncertainty about climate change: dimensions, determinants and change over time. Glob Environ Chang 2011, 21:690-700
- ↑ Левандовски, Стефан , Klaus Oberauer, Gilles E. Gignac NASA Faked the Moon Landing —Therefore, (Climate) Science Is a Hoax. An Anatomy of the Motivated Rejection of Science „Архивированная копия“. Архивирано од изворникот на 2014-04-19. Посетено на 2014-04-25. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ см. напр. Hobson and Niemayer 2013, Poortinga et al. 2011
- ↑ Poortinga et al. Uncertain climate: An investigation into public scepticism about anthropogenic climate change „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2017-06-07. Посетено на 2024-05-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)