Невил Годард
Невил Ланселот Годард (англиски: Neville Lancelot Goddard) — барбадошко-американски автор и мистик, кој пишувал за вистинското значење на Библијата како несветовна историја, не историски, туку само строги и едноставни приказни што го поучуваат човештвото на патот кон духовното будење и вистинското спасение. Неговото суштинско учење било дека човековата вообразба е Бог, дека сите ние сме Бог преродени како човек, пробудејќи се во нашата божествена свест преку Христос (моќта и мудроста Божја) во нас.
Невил Ланселот Годард | |
---|---|
Годард ок. 1939 г. | |
Роден/а | 19 февруари 1905 г. Сент Мишел, Британски Западни Инди |
Починат/а | 1 октомври 1972 г. (возр. 67) Западен Холивуд, САД |
Почивалиште | Сент Мишел |
Предмет | Библија |
Ран живот
уредиГодард е роден во Фонтабел, Сент Мишел, Барбадос на 19 февруари 1905 г., во семејството на Џозеф Натаниел Годард, трговец; и Вилхелмина Годард, (родена Хинксон). Невил бил четвртото од десетте деца. Тој исто така бил постар брат на крикетарот и стопанственикот Џон Годард.[1] На 17-годишна возраст, Годард се иселил во Њујорк во 1922 г. за да учи драма и ја започнал својата театарска кариера како танчар во Њујоршкиот театар во 1925 г.[2] Помеѓу 1929 и 1936 г., негов учител бил етиопскиот рабин по име Абдула во Њујорк. Во тоа време, Абдула го запознал со кабалата и го научил хебрејски.[3] Писателот на „Новата мисла“ Џозеф Марфи, исто така, го признал Абдула како свој учител.[4]
Во 1942 г., на 38-годишна возраст, бил повикан во војска и распореден во кампот Полк, Луизијана во 11-та оклопна дивизија. По отслужувањето на само девет месеци, тој добил почесно отпуштање од неговиот баталјонски командант, полковникот Теодор Билбо Помладиот. По овој краток престој во војска, на Годард му било дадено американско државјанство, бидејќи до тој миг бил британски државјанин.[5]
Наводи
уреди- ↑ Goddard, Richard. „John D. C. Goddard 1919-1987“ (PDF). The Goddard Association of Europe. Посетено на 9 October 2023.
- ↑ Regardie, Israel (1946). The Romance Of Metaphysics: An Introduction To The History, Theory And Psychology Of Modern Metaphysics. The Aries Press, Chicago. стр. 91–108.
- ↑ „Where Neville Goddard Lived in New York and West Hollywood“. Coolwisdombooks.com. Посетено на October 8, 2023.
- ↑ Horowitz, Mitch (2019). Magician of the Beautiful : an Introduction to Neville Goddard. G & D Media. ISBN 9781722523879.
- ↑ Beronius, George L. (1951-07-07). „Neville Goddard; Religious Topics Author-Speaker“. Los Angeles Times. стр. A2. ProQuest 166277786.
Надворешни врски
уреди„Невил Годард“ на Ризницата ? |
- Аудиокниги на Невил Годард на македонски
- Coates, Robert M. (1943-09-04). „A Blue Flame on the Forehead“. The New Yorker. стр. 58.