Наум Торбов (Гопеш, 18 ноември 1880 - Софија, 2 јуни 1952) — виден бугарски архитект, ја проектирал зградата на Централните хали во главниот град на Бугарија, Софија.

Наум Торбов
Naum-torbov.jpg
Роден 18 ноември 1880
Гопеш
Починал 2 јуни 1952
Софија
Занимање архитект

ЖивотописУреди

 
Спомен-плоча на Торбов на Влезот во Халите во Софија

Наум Торбов - роден во големото македонско влашко село Гопеш, Битола, тогаш во Отоманското Царство. Татко му на проф. Цеко Торбов му бил прв братучед. Неговото семејство емигрирало во Бугарија и се населило во градот Орјахово, а Наум бил испратен да студира архитектура во Романија, на Институтот за ликовни уметности во Букурешт. По дипломирањето во 1904 година, Торбов се враќа во Бугарија и започнува да работи во Софија во Министерството за јавни згради, патишта и јавни работи. Во 1906 година бил назначен за раководител на отсекот „Архитектура“ при општина Софија, а во 1908 година започнал приватна архитектонска пракса.[1] Бил член на Бугарското инженерско-архитектонско друштво.[2]

ТворештвоУреди

Торбов бил приврзаник на национално-романтичниот тренд во архитектурата. Автор е на над 100 јавни, индустриски и станбени објекти во Софија, Орјахово, Силистра, Ботевград, Дупница, Мездра. Меѓу неговите најпознати градби се:

  • Хотел Континентал
  • Хотел Париз
  • Куќата на Хентови на улица Књаз Борис I бр. 135 во Софија (1906)
  • Градска уметничка галерија Софија (поранешното казино – 1908)
  • Куќата на Станишеви, подоцна Главно муфтиство, на улицата Браќа Миладинови бр. 27 во Софија (1909)
  • Столарска зграда на булеварот Христо Ботев бр. 71 во Софија (1910)
  • Централни софиски хали на булеварот „ Принцеза Марија-Луиза“ во Софија (1911)
  • Зградата на Димитар Костов на улица „Алабин“ бр. 36 во Софија (1914)
  • Романски институт на улицата Егзарх Јосиф во Софија (1933)

ГалеријаУреди

 
Централните хали во Софија

НаводиУреди

  1. Енциклопедия България, т.7, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, София, 1996, стр. 37.
  2. Цонев, Младен (2001). Дейци на Българското инженерно-архитектурно дружество 1893-1949. София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 199.

Надворешни препраткиУреди