Мездра (Бугарија)

Мездра,
Бугарија Бугарија

Мездра

Мездра

Област

Врачанска

Општина

Мездра

Население

10 918
(според 2011[1])

Регистарска ознака

ВР (BG)
Градоначалник Иван Аспарухов
Надморска височина 219 м
Портал http://www.mezdra.bg/
Координати: 43.150N С, 23.700E И

Мездра (бугарски: Мездра) — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската област. Градот е административен центар на општина Мездра.

Домот на железничарите и училиштето „Христо Ботев“.
Станицата Мездра.
Црква „Св. вмчк Георги Победоносец“

ГеографијаУреди

Градот е сместен краj река Искар, на кривината од југ на исток северно од Стара Планина. Релјефот на општината е полупланински. Најголем дел од нејзината територија заземаат земјоделските површини и шуми. Климата е умерено континентална.

ИсторијаУреди

Сегашната населба е основана со изградбата на железничката линија Софија - Горна Орјаховица во крајот на 19 век и населението е дојдено од околните села. На местото се пуштила во употреба станицата „Мездра“ и крај неа почнуваат да се населуваат луѓе. По изградбата на линијата Мездра - Видин, станица Мездра станала втората по важност во Северна Бугарија, веднаш зад Горна Орјаховица.

Голем дел од населението во Мездра се наследници на доселеници од градот Кичево и неговата околина во Македонија. До 1944 г. има културно-просветно друштво со името на познатиот кичевски војвода Јордан Пиперката.

Има статус на град од 1953 г.

ИнтересноУреди

Поморски нос (’рт) Мездра (англиски: ’’Mezdra Point’’) на островот Сноу на Антарктикот е наречен во чест на градот.[2]

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди