Наум Попески
Наум Попески — македонски писател, поет за деца, новинар, преведувач и публицист.[1]
Наум Попески | |
---|---|
Роден/а | Наум Попески 25 ноември 1947 Вевчани, НР Македонија, ФНРЈ |
Занимање | новинар, писател, поет, преведувач, публицист и филолог |
Националност | Македонец |
Жанр | поезија за деца и публицистика |
Книжевно движење | современа македонска книжевност |
Животопис
уредиНаум Попески е роден во Вевчани на 25 ноември 1947 година. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Долгогодишен новинар и уредник на додатокот за деца „Колибри“[2] на „Нова Македонија“.Член на ДПМ од 2000 година[3]. За своето долгогодишно - плодно поетско творештво за деца, добитник е на повеќе награди и признанија, како и Наградата Гран при и Награда за животно дело.
Творештво
уредиНаум Попески е автор на книгите:
- „Ајде да растеме“ поезија за деца,(1982)
- „Бонтон за деца“, (1991)
- Бонтон за деца, преведена на албански јазик: Bontoni per femije (1995)
- ,Еко - бонтон за деца“,(2006)
- „Марко Поло - големиот морепловец и истражувач“, публицистика (1994)
- „Детелинка со четири листа“ поезија за деца (1995)
- ,Дневникот на Мартина“ патеписни белешки од Јадран (2003)
- „Принцезата Дијана“ - бајка која се претвори во трагедија публицистика (1997)
- „Спомени во слики“ (2007)[4]
- „Една грешка - мака тешка“,песни и раскази за сообраќајната култура на децата (2009) [5]
- ,Изворчиња - поточиња“, поезија за деца (2007)
- „Летни светни светулке“ поезија за деца (2012)
- Анегдоти - згоди и незгоди на македонските писатели за деца (2013)
- „Наумување“ поезија за деца (2015)
- „Низ сончевиот пат на македонската азбука“, македонската азбука опеана во стихови за најмалите и со соодветни илустрации (2016)
- Ново, дополнето издание, „Бонтон за деца“, адаптирано за децата од претшколска возраст, издание на „Детска радост“ „Просветно дело“, Скопје (2017)
- „Поетот од Порече“, монографска книга во соавторство со поетот Саво Костадиновски (2018)
- „Чаробна крила“, избор од поезијата за деца на Наум Попески, во препев на Душан Ѓуришиќ, доајен на поезијата за деца во Црна Гора (2018)
- „Златна диплома“ од босанскиот писател за деца проф. д-р Бајрузин Хајро Планјац, во превод на Наум Попески (2018)
- „Дувни, дувни ветренце“, стихозбирка за деца (2019)
- Мојот прв албум за природата - Безбедна природа, безбедно детство, стихови на Наум Попески, во издание на Здружение за заштита на животна средина НОВ ИМПУЛС (2019)
- ,,Тајните на дедовата воденица“, роман за млади од проф..д-р Хајро Плањац, во превод на Наум Попески, рецензент проф.д-р Ферид Мухиќ (2022)
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 208.
- ↑ НМ (2020-12-29). „Од перото на уредниците на „Колибри": Евгенија Шуплинова, Перо Миленкоски и Наум Попески“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
- ↑ „Вест за Попески“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-02-11.
- ↑ Спомени во слики[мртва врска]
- ↑ „Вечер за Попески“. Архивирано од изворникот на 2009-06-23. Посетено на 2010-02-11.
- ДПМ за Наум Попески Архивирано на 30 септември 2010 г.
- Културно наследство на Струга
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |