Насредин-оџа
(Пренасочено од Насредин Оџа)
Насредин-оџа (османски турски: نصر الدين خواجه, турски: Nasreddin Hoca) — селџучки сатиричар и суфија од анадолското село Хорту, денес во Сиврихисарскиот Округ, Ексишехирската Област во Турција. Се смета за популистички филозоф и умен човек, запаметен по своите смешни приказни и анегдоти. За него се зборува во стотици приказни, во кои држи духовита или умна улога, а понекогаш и како будалест човек. Една типична приказна за него се состои од суптилен хумор и наравоучение. Меѓународниот „Насредин-оџа фест“ се одржува секоја година од 5 до 10 јули во неговото родно село.
Извадок од приказна раскажана од човек од с. Бродец, Скопска Црна Гора. | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Насредин-оџа како тема во книжевноста
уреди- „Итар Пејо и Насрадин-оџа“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[1]
Наводи
уреди- ↑ Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 32-35.