Нарач (езеро)

езеро во Белорусија

Нарач (белоруски: Нарач; руски: На́рочь; полски: Narocz; литвански: Narutis) — езеро во северозападниот дел на Белорусија, во Минската област. Езерото е сместено во сливот на реката Вилија. Претставува најголемо езеро во Белорусија (во периодот 1921-1939 било најголемо езеро во Полска).

Нарач
ПодрачјеМинска област
Координати54°51′09″N 26°44′59″E / 54.85250° СГШ; 26.74972° ИГД / 54.85250; 26.74972
Сливни земји Белорусија
Најг. должина12,8 км
Површина&1000000000000007959999979,6 км2
Најг. длабочина24,8 м
Зафатнина710 милиони км3
Брег41 км
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Нарач е дел од „езерската група Нарач“ (други езера се Мјастра, Баторин, Бледнае). Било создадено пред околу 11 илјади години по леденото доба плеистоцен. Има површина од 79,6 км2, најголемата должина изнесува 12,8 км, максималната длабочина 24,8 метри, а просечната длабочина изнесува 8,9 метри,[1] со волумен од 710 милиони кубни метри. Езерото е опкружено со борова шума. Истоимената река истекува од него.

Нарач има 22 вида на риби, а брегот и островчињата во него се посетувани од различни птици, како што се црвеноклун лебед, орел-рибар и мал нуркач.

Историја

уреди

Луѓето се населиле околу езерото пред околу 10 илјади години. Јазичарите мислат дека името веројатно потекнува од индоевропскиот корен „нар-“ кој се наоѓа во имиња на водни површини.[2] Археолозите откопале многу погребни тумби на Балтите и Словените, кои живееле околу Нарач.

Од средниот век, мештаните главно живееле од рибарство и земјоделство. Во XIX век, најдоходовна работа било ловењето на ракчиња. Во XX век, јагулата станала најловена риба.

Во текот на Првата светска војна, околината на езерото била средишна точка на Битката (март-април 1916 г.), неуспешна операција на руските сили против германската војска.

Во 1919 година, германскиот композитор Зигфрид Вагнер направил музика за поемата на Гинтер Холштајн (1892-1931) за воената битка, наречена „Ноќ на Нароч“ (Nacht am Narocz).

Во 1930-тите години, рибарите на Нарач се побуниле против полските власти за нивното право за рибарење на езерото.

Од 1950-тите години, езерото претставува популарно одморалиште и туристичко одредиште, главно посетувано во истоимениот град. Пионерски камп од национално значење „Зубрионок“ се наоѓал покрај езерото. По распадот на Советскиот Сојуз, кампот бил претворен во детски камп „Зубранија“ и денес претставува најважен детски камп во Белорусија.

Во 1999 година, владата на Белорусија го создала Национален парк Нарачански.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Main characteristics of the largest lakes. Main Geographic Characteristics of the Republic of Belarus“. Land of Ancestors. 2012. Посетено на 30 август 2013.
  2. E.M. Pospelov, Geograficheskie nazvaniya mira (Moscow: Russkie slovari, 1998), p. 283.

Надворешни врски

уреди