Нантски планетариум

Нантски планетариумпланетариум во Нант. Бил отворен на 18 јуни 1981 година и има за цел да претставува емисии поврзани со астрономијата, за широк круг на публика.

Нантски планетариум
Поглед на јужната фасада на Нантскиот планетариум од плоштадот Моазан
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан18 јуни 1981
МестоНант, Франција
Координати47°12′08″N 1°34′39″W / 47.202221° СГШ; 1.577458° ЗГД / 47.202221; -1.577458
ТипПланетариум
Посетеност25.000 (2012)
50.000 (2018)
Мреж. местоhttps://planetariumnantes.wixsite.com

Местоположба

уреди

Планетариумот се наоѓа на десниот брег на Лоара, на ридот Сент-Ан, на ул. Акадјен бр. 8, на плоштадот Марсел-Моазан, во квартот Белви-Шантене-Сент-Ан. Во близина се наоѓа и музејот на Жил-Верн.

Особености

уреди

Планетариумот нуди сесии од приближно еден час, закажани според однапред утврден распоред и прилагодени за одреден вид јавност, во зависност од возраста или нивото на знаење.

Куполата со пречник од 8 метри, може да прими 59 гледачи[1] и да прифати околу 60 000 посетители годишно, ученици или поширока јавност.

Во приемната сала има три големи метеорити (најтешкиот 36 кг), кои посетителите може да ги допрат, витрини во кои се изложени повеќе парчиња од различни видови метеорити, разни макети што претставуваат различни роботи на површината на Марс, Венера, Месечината, Титан (месечина на Сатурн) и на комета, планетарни глобуси, ракети, Меѓународната вселенска станица, сонди како Јуно (околу Јупитер) или Хабл (вселенскиот телескоп) и телескопот Џејмс Веб (неговата замена) и други марсовски ровери.

Нантскиот планетариум има и продавница што нуди модели на ракети, „3Д“-разгледници, мобилни карти на небото, вистински метеорити, некои книги за почетници и разни гаџети.

Историја

уреди

Во 1978 година, Музејот Жил Верн ги отворил своите врати на брдото Сент Ана. За време на изложбата посветена на 150-годишнината од раѓањето на Жил Верн во Пале де ла Бурс (денес FNAC), бил изложен планетариум од компанијата Цајс.

Следната година градот Нант одлучил да набави свој планетариум. Во тоа време, во Франција, имало само еден голем планетариум: оној од 23,5 метри во Париз (во Пале де ла декуверт), 8-метарски во Марсеј, кој изгорел во 1983 година, два мали 6-метарски: Ремс во поранешниот колеџ на језуитите и оној на Националната школа за цивилно воздухопловство во Тулуза резервиран за нејзините студенти. Нантскиот планетариум се планирал да се изгради во горниот дел на плоштадот Моазан (напуштен во тоа време).

Планетариумот бил отворен за јавноста на 18 јуни 1981 година и е опремен со проектор Цајс, модел ZKP2 идентичен со оној во Ремс, Ним (кој бил отворен една година подоцна) и Марсеј (кој набрзо бил затворен).

Меѓу 1999 и 2000 година, градот Нант ги зголемил просториите со две канцеларии од 9 квадратни метри, што овозможило да се зголеми приемната сала и да се инсталираат некои модели и збирки на метеорити.

Есента 2005 година, 25 години по инсталацијата и за околу 480 000 евра, оптомеханичкиот проектор цајс бил заменет со дигитален тип. Градот Нант му го понудил својот стар планетарен цајс на Националниот универзитет во Кордоба во Аргентина, кој ќе го отвори својот планетариум користејќи со нантскиот цајс во 2017 година[2]. Во тоа време, во Франција, три големи планетариуми биле опремени со дигитална технологија: Digistar II, рибиното око Evans & Sutherland (Vaulx-en-Velin, Pleumeur-Bodou и Тулуза), Сент-Етјен експериментирал со мултивидеопроектори. Затоа, Нант е првиот планетариум во светот што вградил пет видеопроектори (за покривање на целиот свод) од типот DLP во просечна просторија.

Во есента 2013 година, Нантскиот планетариум бил затворен заради работи за надградба: промена на видеопроектори, компјутери и софтвер за приближно 500 000 евра. Овие два месеци затворање за јавноста овозможиле освежување на седиштата, пребојување на куполата и реорганизирање на јавната приемна сала.

Наводи

уреди
  1. „ACCUEIL“ (француски). Посетено на 2020-11-19.
  2. WPD. „Planetarium de Cordoba (Argentine)“. Архивирано од изворникот на 2022-09-26.

Надворешни врски

уреди