Над Татрите светат

(Пренасочено од Над Татроу са блиска)

Над Татрите светат (словачки: Nad Tatrou sa blýska) е државна химна на Словачката Република. Текстот за химната е напишан од страна на Јанко Матушка во 1844 година, додека за мелодијата инспирација била народната песна Kopala studienku (Копала извор). Песната стекнала голема популарност за време на буните од 1848 и 1849 година и од тогаш стаува национална песна на Словаците.

Nad Tatrou sa blýska
макед. Над Татрите светат
Првата печатена верзија на „Над Татрите светат“

Национална химна на  Словачка
ТекстЈанко Матушка, 1844
Музиканародна песна
Усвоена1 јануари 1993  Словачка

Првата строфа, заедно со првата строфа на чешката химна „Kde domov můj?“ (Каде е мојот дом) ја сочинувале химната на Чехословачка од нејзиното формирање во 1920 година, па сè до мирната дисолуција на Словачка и Чешка на 1 јануари 1993 година, кога првите две строфи од химната биле прогласени за посебни национални химни.

Текст

уреди
словачки[1] Превод на македонски

Nad Tatrou sa blýska
hromy divo bijú.
Zastavme ich bratia,
ved' sa ony stratia,
Slováci ožijú.

To Slovensko naše
posiaľ tvrdo spalo.
Ale blesky hromu
vzbudzujú ho k tomu,
aby sa prebralo.

Над Татрите има громови,
громовите силно ечат
Ајде да ги запреме, браќа,
Нив ќе ги снема
Словаците ќе преживеат.

Нашата Словачка,
беше во сон долго време,
но громовите
стануваат се посилни и посилни
со цел да ја разбудат.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Government Office of the Slovak Republic, National anthem