Музеј на македонската борба (Солун)
Музеј на македонската борба (грчки: Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα) — музеј во Солун, Егејска Македонија. Посветен е на грчката вооружена пропаганда во Македонија, наречена „Борба за Македонија“ и припојувањето на Егејска Македонија кон територијата на Грција по крајот на Балканските војни.
Поглед кон објектот. | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1893 (изградена) 1980 (музеј) |
---|---|
Место | Солун, Грција |
Тип | музеј |
Мреж. место | www.imma.edu.gr |
Историја
уредиЗградата била изградена во 1893 година во неокласичен стил по проект на архитектот Ернст Цилер на местото на изгорениот грчки конзулат во пожар од 1890 година. Потребните средства биле донирани од грчкиот банкар Андрос Сингрос[1]. По изградбата, зградата делувала како грчки конзулат во Солун, а меѓу 1904-1907 година во него живеел конзулот Ламброс Коромилас, активен деец на Грчката вооружена пропаганда во Македонија од почетокот на XX век.
По заземањето на градот од Грција, во зградата била сместена Земјоделската банка на Македонија од 1915 година, Народната банка на Грција од 1917 година, а во 1923 година во зградата започнало да работи 23-тото основно училиште. За време на германската окупација на Грција зградата се користела од Црвениот крст, а во Граѓанската војна во Грција се користела како политички затвор. Потоа до крајот на 1970-тите години во неа биле сместени неколку училишта[2].
Во 1980 година зградата станала „Музеј на македонската борба“, а од 1999 година се управува од „Фондацијата за музејот на македонската борба“. Во 1988 година кон музејот бил отворен „Истражувачки центар за македонската историја и документација“, кој се занимава со проучување на историјата на Македонија, а особено македонското прашање.
Во музејот како постојани експозиции се чуваат предмети за домаќинството на населението во Македонија, трофејни предмети од Балканската војна, а централно место заземаат експозициите кои го претставуваат Павлос Мелас, андартите (македонските борци) и главната улога на конзулатот во борбата за Македонија. Периодични изложби се прават на архиви од KEMIT, датирани меѓу 1770 и 1912 година.
Наводи
уреди- ↑ „Кратка информација за музејот, преземено од http://www.macedonian-heritage.gr на 15.09.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2011-08-27. Посетено на 2015-10-13. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „Кратка информација за музејот, преземено од http://travelthessaloniki.com на 15.09.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2005-12-30. Посетено на 2015-10-13. Надворешна врска во
|title=
(help)