Музеј на Стара Херцеговина

Музејот на Стара Херцеговина е музеј во Фоча, кој постои од 1956 година. Содржи пет постојани поставки. Музејот се наоѓа во зградата на поранешниот хотел „Герстл“ на плоштадот „Крал Петар“ во Фоча.

Дел од поставката на д-р Ристо Јеремиќ во Музејот на Стара Херцеговина.
Стен - дел од етнографската поставка во Музејот на Стара Херцеговина во Фоча.
Токи - дел од етнографската поставка во Музејот на Стара Херцеговина.
Спомен соба на паднатите војници и цивилни жртви на одбранбената татковинска војна - детаљ.
Периодот на Фоча во НОБ во Музејот на Стара Херцеговина.

Историја

уреди

Музејот на Стара Херцеговина е основан во 1956 година. Се наоѓа во зградата на поранешниот хотел „Герстл“, изграден во 1906 година, кој бил урнат за време на Втората светска војна. На истото место е повторно изграден хотелот „Вучево“, кој подоцна бил адаптиран за потребите на музеолошките активности. Во рамките на Музејот од 2014 година исто така е активен и Градскиот народен театар Фоча.

Музејски поставки

уреди

Музејот има богат музејски фонд и има пет постојани поставки. Во галеријата на музејот се изложуваат и гостински изложби на различни теми.[1]

Поставка д-р Ристо Јеремиќ

уреди

Поставката д-р Ристо Јеремиќ е една од постојаните поставки на Музејот на Стара Херцеговина. Д-р Ристо Јеремиќ е еден од иницијаторите и основачите на српското културно-просветно друштво „Просвета“, а потоа и претседател на Главниот одбор. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Грац и бил првиот Фочанин кој имал високо стручно образование, а потоа и прв домашен хирург на подрачјето на БиХ. Тој е автор на петнаесет книги и повеќе од седумдесет научни и стручни трудови од различни области. Беше директор на Државната болница во Сараево, почесен доктор на Белградскиот универзитет и академик.

Поставка Фоча во минатото

уреди

Изложбата „Фоча во минатото“ им овозможува на посетителите да се запознаат со богатото минато на подрачјето на Фоча. Хронолошки го покрива периодот од стариот до средината на 20 век. Поставката содржи бројни предмети и фотографии кои прикажуваат различни периоди и истакнати личности од минатото на Фоча. Особено внимание привлекуваат експонатите од античкиот период, како што се оружје, алатки и керамика, средновековни копја, мечеви и буздовани, а од османлискиот период занаетчиски украсено и направено оружје. Во рамките на изложбата исто така можете да видите нумизматичка колекција, која ги содржи различните валути што се користат во регионот на Фоча.

Поставка од периодот Фоча во НОБ

уреди

Оваа поставка го прикажува периодот на Фоча во НОБ од 20 јануари до 10 мај 1942 година, кога Фоча била центар на поширока партизанска слободна територија. Во тоа време во Фоча се наоѓал ЦК на КПЈ и Врховниот штаб на чело со Тито, и се вршело организирање на воената, политичката и заднинската структура на НОВЈ. Во исто време, се вршело прием и обезбедување на лекарска помош на партизаните, учесници на Игманскиот марш. Во тоа време, Моша Пијаде ги напишал „Фочански прописи“ кои станале основа на идната социјалистичка Југославија.

Етнографска поставка

уреди

Етнографската поставка вклучува мебел, домашни предмети и фрагменти од народни носии, создадени во изминатите времиња, а кои не се веќе во употреба, и го отсликуваат начинот на живот на населението во областа Фоча во минатото. Изложените предмети ја откриваат внатрешноста на селската и градската куќа од почетокот на 20 век, а исто така постојат автентични украси на занаетчиски производи.

Спомен соба

уреди

Спомен собата е на паднатите борци и цивилни жртви од војната во Босна и Херцеговина. Поставката е изработена од страна на боречката организација на општината Фоча и привремено се наоѓа во просториите на Музејот. Во спомен собата се чува споменот на 642 загинати припадници на војската на Република Српска, како и на невино загинати цивили од областа на општина Фоча. Поставката содржи фотографии, документи и предмети од периодот на граѓанска војна 1992-1995 година. Значаен дел од поставката е посветен на злосторството што се случило во селото Јошаница, на 19 декември 1992 година, кога 55 српски борци и цивили биле убиени од страна на припадници на армијата на Босна и Херцеговина, меѓу кои голем број жени и деца. Еден дел од поставката го прикажува уништувањето на општината за време на агресијата на НАТО на Република Српска во 1995 година.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Музеј Старе Херцеговине Фоча - поставке“. Музеј Старе Херцеговине Фоча. Посетено на 17 јануари 2019.