Топлината се дефинира како енергија во преод која се регистрира (чувствува) и пренесува како резултат на температурната разлика. Топлината секогаш поминува од потопло на постудено тело, така што насоката на распространување е одредена со природен закон (вториот закон на термодинамиката).Топлина е движењето на топлинската енергија од еден предмет со повисока температура на предмет со пониска температура.

Топлинско транслационо движење во гас

Шкотскиот физичар Џејмс Кларк Максвел, во неговото класично дело “Теорија на топлината“ од 1871 г., бил еден од првите кој се обидел да даде модерна дефиниција за топлина. Главно, Максвел истакнува четири одредби за дефинирање на топлината. Првата, дека тоа е “нешто што може да се префрли од едно тело на друго, што го претставува Вториот закон на термодинамиката. Второ, дека таа може да се смета за “мерлива големина“ и затоа може да се третира математички како останатите мерливи големини. Трето, таа “не може да се третира како супстанца“; таа може да се трансформира во нешто што не е супстанца, на пример, механичка работа. Најнакрај, таа е “една од формите на енергијата“.

Топлината се означува со Q, а СИ-единица за топлина е џул (J). Кога температурите ќе се изедначат, топлината е еднаква на нула. Топлината исклучиво е поврзана за преодот, па таа е процесна големина.

Струењето за преод на топлина:

ΔQ > 0 — ако топлината му е предадена на системот
ΔQ < 0 — ако системот ја предал топлината на околината

Топлината се пренесува со спроведување, струење и зрачење.

Формула

уреди

Формулата за количество топлина е:

 

Каде што:

  е маса на телото

  е специфичен топлински капацитет на телото

 , разлика помеѓу температурата на ладење и топлење.

Специфичен топлински капацитет

уреди

Различни тела се создадени од различни супстанци. Тоа доведува и доведува и до различни топлински особини на различни тела. Затоа, секоја супстанца си има свој специфичен топлински капацитет. Во табелата подолу се дадена топлински капацитети на некои супстанци. Специфичниот топлински капацитет се изразува во J/kgK.

Специфични топлински капацитети на различни супстанци
Супстанца J/gK J/kgK
вода 4,2 4200
мраз 2,1 2100
алкохол 2,5 2500
моторно масло 1,9 1900
олово 0,126 126
жива 0,134 134
железо 0,42 420
бакар 0,36 360
стакло 0,77 770
камен 0,84 840