Специфичен топлински капацитет

(Пренасочено од Специфична топлина)

Специфичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура:

Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K).

Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи:

Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:

Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба.

Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина.

Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv).

Специфична топлина на некои тела

уреди

Оваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија:

Супстанција Агрегатна состојба Специфична топлина
J/(kg·K)
Алуминиум цврста 900
Легура на бакарот и цинкот цврста 377
Бакар цврста 385
Дијамант цврста 502
Етанол течна 2460
Злато цврста 129
Графит цврста 720
Железо цврста 444
Литиум цврста 3582
Жива течна 139
Нафта течна ≈ 2000
Вода течна 4186
цврста (0 °C) 2060
Таму каде не е поинаку назначено
се употребени стандардни услови