Мон Пеле

активен вулкан на Малите Антили

Мон Пеле (француски: Montagne Pelée; антилски креолски: Montann Pèlé; што се преведува како „ќелава планина“ или „излупена планина“)[3]активен вулкан на северниот дел од Мартиник, остров и француски прекуморски департман во вулканскиот лак на Малите Антили на Карибите. Неговата вулканска купа е составена од стратумирани слоеви на стврднат пепел и зацврсната лава.[4] Неговата последна ерупција била во 1932 година.[5]

Мон Пеле
Највисока точка
Надм. вис.1397 м [1]
Истакнатост1381 м
Координати14°49′N 61°10′W / 14.817° СГШ; 61.167° ЗГД / 14.817; -61.167
Име
Изговорфранцуски: [pəle]
Географија
Мон Пеле на карта

Карта

МестоМартиник
Геологија
Старост на карпата89+
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасВулкански лак на Мали Антили
Последен избув1929–1932[2]
Искачување
Најлесен патпешачење

Ерупцијата на стратовулканот во 1902 година го уништила градот Сен Пјер, а за некулку минути убила од 29.000 до 30.000 луѓе; ова било најголемата вулканска катастрофа во 20 век. Од главната ерупција, на 8 мај 1902 година, преживеале само тројца жители на градот. Луџер Силбарис преживеал затоа што бил во лошо проветрувана затворска ќелија, слична на зандана. Леон Компер, кој живеел на периферијата од градот, избегал со тешки изгореници.[6] Хавивра Да Ифриле била млада девојка која со чамец побегнала во блиската морска пештера, издржувајќи ги изгорениците од пепелот кој паѓал.[7]

Во 2023 година, Планината Пеле била ставена на списокот на светско наследство од УНЕСКО.[8]

Географска положба и опис

уреди

Планината Пеле настанала како резултат на типична зона на подвлекување. Подвлекувањето го создало островскиот лак на Мали Антили, заоблена вулканска верига со должина од приближно 850 км, помеѓу Порторико и Венецуела, каде што Карипската Плоча се допира со атлантската океанска кора која припаѓа на Јужноамериканската Плоча. Во овој островски лак има и други вулкани познати по нивната вулканска активност, како: Суфриер на Свети Винсент, вулканот Ла Гранде Суфриер во Гвадалуп, Суфриер Хилс во Монсерат и подморскиот вулкан Кикем Џени.[4]

Геолошка историја

уреди

Вулканолозите идентификувале три различни фази во еволуцијата на вулканот Пеле: почетна, средна и современа.[4] Во почетната фаза, наречена „Палео-Пеле“ етапа, Планината Пеле била обичен стратовулкан. Конусот на Палео-Пеле бил составен од многу слоеви на текови од лава и фрагментирани вулкански остатоци. Остатоците од конусот Палео-Пеле сѐ уште се видливи на северниот дел од вулканот денес.

Втората фаза, наречена средна фаза, по долг период на мирување започнала пред околу 100.000 години. Оваа фаза е групирана со формирање на куполата на лавата Морне Макуба, потоа подоцна, калдерата Морне Макуба. За време на средната фаза, имало неколку ерупции кои произвеле пирокластични текови како оние што го уништиле Сен-Пјер во ерупцијата во 1902 година. Пред околу 25.000 години, се срушил југозападниот сектор, кој предизвикал лизгање на земјиштето. Овој настан бил сличен на ерупцијата на Сент Хеленс во 1980 година.[4]

Во современата фаза од еволуцијата на Планината Пеле бил создаден најголемиот дел од сегашниот конус, со наслаги од пемза. Во текот на последните 5.000 години се идентификувани преку 30 ерупции .

Сегашен статус

уреди

Вулканот моментално е активен. Секоја година на Мартиник има неколку вулкански тектонски земјотреси, а Планината Пеле е под постојан надзор од геофизичари и вулканолози (IPGP). Пред ерупцијата во 1902 година (уште во летото 1900 година) имало знаци на зголемена фумаролска активност во кратерот Етанг Сек.[9] Релативно мали фреатични (парни) ерупции кои се случиле во 1792 и 1851 година биле доказ дека вулканот е активен. На секоја идна ерупција на Планината Пеле најверојатно би претходела зголемена активност, а минатата активност (вклучувајќи ги и насилните ерупции откриени со јаглеродно датирање) се исклучително важен фактор за проценка на опасноста.[10]

Градот Сен Пјер никогаш не бил целосно обновен, иако на негово место се појавиле некои села. Проценетото население на општината Сен Пјер во 2017 година изнесува 4.123 жители.[11]

Биологија

уреди

Вулканската жаба од Мартиник, Allobates chalcopis, е ендемична на Планината Пеле,[12] и е единствен вид од сродните жаби (семејство Aromobatidae) ендемичен на океански остров.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „La Montagne Pelée“. Observatoire volcanologique et sismologique de la Martinique (француски). Institut de Physique du Globe de Paris. Посетено на 8 March 2017.
  2. „Pelee“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 8 March 2017. (англиски)
  3. Scarth, Alwyn (2002). La Catastrophe: The Eruption of Mount Pelee, the Worst Volcanic Eruption of the Twentieth Century. Oxford: Oxford University Press. стр. 2. ISBN 0-19-521839-6.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Mount Pelee“. Mount-pelee.com. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 2024-02-14.
  5. „Glossary“. NOAA. Посетено на 27 January 2021.
  6. „The eruption of Mount Pelee“. SDSU. Посетено на 27 January 2021.
  7. Bressan, David. „May 8, 1902: La Pel e“. Scientific American Blog Network (англиски). Посетено на 2021-01-27.
  8. „Martinique : la montagne Pelée et les pitons du nord inscrits au patrimoine mondial de l'Unesco“. Les Echos (француски). 2023-09-17. Посетено на 2023-09-18.
  9. Scarth, p. 30
  10. Reed, Christina. „Mount Pelée, Martinique 1902-2002“. Geotimes. Посетено на 27 January 2021.
  11. Population en historique depuis 1968, INSEE
  12. Frost, Darrel R. (2014). Allobates chalcopis (Kaiser, Coloma, and Gray, 1994)“. Amphibian Species of the World: an Online Reference. Version 6.0. American Museum of Natural History. Посетено на 23 September 2014.
  13. Fouquet, A.; Pineau, K. V.; Rodrigues, M. T.; Mailles, J.; Schneider, J. B.; Ernst, R.; Dewynter, M. L. (2013). „Endemic or exotic: The phylogenetic position of the Martinique Volcano Frog Allobates chalcopis (Anura: Dendrobatidae) sheds light on its origin and challenges current conservation strategies“. Systematics and Biodiversity. 11 (1): 87–101. Bibcode:2013SyBio..11...87F. doi:10.1080/14772000.2013.764944.