Јужноамериканска Плоча

тектонска плоча

Јужноамериканска Плочатектонска плоча која го опфаќа континентот Јужна Америка како и голем дел од тлото на Атлантскиот Океан на исток до Африканската Плоча со која го образува јужниот дел на Средноатлантскиот Гребен.

Јужноамериканска Плоча
Јужноамериканската Плоча
Видголема
Површина43.600.000 км2
Движење1западно
Брзина127-34 мм годишно
ОпфаќаЈужна Америка, Атлантски Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Источниот раб е раздвојувачка граница со Африканската Плоча; јужниот рабе сложена граница со Антарктичката, Скошанската и Сендвичката Плоча; западниот е приближувачка граница со подвлекувачката Насканска Плоча; северниот раб е граница со Карипската Плоча и океанската кора на Северноамериканската Плоча. Во Чилеанската Тројна Точка, близу западниот брег на полуостровот Тајтао–Трес Монтес се наоѓа океанскиот гребен наречен Чилеански Гребен кој активно се подвлекува под Јужноамериканската Плоча.

Геолошките истражувања покажуваат дека Јужноамериканската Плоча се движи на запад, оддалечувајќи се од Средноатлантскиот Гребен.[1] Како последица од ова, источно насочената и погуста Насканска Плоча се подвлекува под западниот раб на Јужноамериканската долж тихоокеанскиот брег на континентот, со стапка од 77 мм годишно.[2] Судирот на овие две плочи е одговорен за издигањето на Андите и настанокот на бројни вулкани (стратовулкани и штитести) расеани по тој планински венец.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Meijer, P.T.; Wortel, M.J.R. (30 јули 1992). „The Dynamics of Motion of the South American Plate“. Journal of Geophysical Research. 97 (B8): 11915. Bibcode:1992JGR....9711915M. doi:10.1029/91jb01123.
  2. Pisco, Peru, Earthquake of August 15, 2007: Lifeline Performance. Reston, VA: ASCE, Technical Council on Lifeline Earthquake Engineering. 2010. ISBN 9780784410615. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2012.
  3. „Convergent Plate Boundaries - Oceanic/Continental: The Andes“. The Geological Society. Посетено на 2 јули 2018.
  4. Penvenne, Laura Jean (27 јануари 1996). „South America buckles under the pressure“. New Scientist. Посетено на 2 јули 2018.