Суфриер (Свети Винцент)

вулкан на Гваделуп

Ла Суфријер ("Сулфатарата") или Суфријер Сент Винсент – активен вулкан на островот Сент Винсент од Приветрените Острови на Карибите. Повеќе вулкани на Карибите се наречени Суфријер (француски: излез на сулфур) – Суфријер Хилс на Монтсерат и Ла Гранд Суфријер на Гваделуп, предмет на филмот Ла Суфријер од Вернер Херцог од 1977 година.

Ла Суфријер
La Soufrière
Soufray
Soufriere.jpg
Највисока точка
Надм. вис.1234 м [1]
Истакнатост1234 м [1]
Координати13°20′N 61°11′W / 13.333° N; 61.183° W / 13.333; -61.183Координати: 13°20′N 61°11′W / 13.333° N; 61.183° W / 13.333; -61.183
Географија
МестоСент Винсент, Сент Винсент и Гренадини, Западни Инди
Геологија
Видстратовулкан (активен)
Вулкански лак/појасМалоантилски вулкански лак
Последен избув9 април 2021
Искачување
Најлесен патод атлантската страна
🌋

Географија и структураУреди

Со своите 1234 метри Ла Суфријер е највисокиот врв на Сент Винсент како и највисока точка на островската држава Сент Винсент и Гренадини [1]. Ла Суфријер е стратовулкан со кратерско езеро и е најмладиот и најсеверниот вулкан на островот.

Историја на избувиУреди

 
Вулканска прашина од Ла Суфријер, 1902

Ла Суфријер имала жестоки избуви во 1718, 1812, 1902, 1971, 1979 и 2021 година. На 8 февруари 1843 година земјотрес предизвикал ерупција на карипскиот остров Гваделуп во која настрадале преку 5.000 луѓе. [2] Избувот на Сент Винсент на 6 мај 1902 година, само неколку часа пред избувот на Монт Пеле на Мартиник, убил 1.680 луѓе. Зоната на смртта, каде што скоро сите луѓе биле убиени, практично значело уништување на последното голем остаток од карипската култура,[3] со оглед дека Доминиканската Карипска Територија во тоа време била далеку помала.

Последниот забележан избув бил во април 2021 година, со големи евакуации на населението и негово сместување по други острови.

Прочуената слика на Вилијам Тарнер за избувот на 13 април 1812 година му припаѓа на Галерија и музеј Викторија при универзитетот во Ливерпул. [4] [5] [6]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди