Суфриер (Гваделуп)

Суфриер — активен стратовулкан на францускиот остров Бас Тер, во Гваделуп. Ова е највисокиот планински врв на Малите Антили и се издига на височина од 1.467 метри[1].

Суфриер
Највисока точка
Надм. вис.1,467 м
Истакнатост1467 м
Координати16°02′40.56″N 61°39′51.12″W / 16.0446000° СГШ; 61.6642000° ЗГД / 16.0446000; -61.6642000
Географија
Суфриер на карта

Карта

Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1976 до 1977

Последната магматска ерупција била во 1580 година (± 50), во текот на која се изградила тековната лавина купа. Поновите ерупции се френетични по вид[2].

Во 1976 година голем број сеизмички активности довеле до масовна евакуација на 72.000 жители на островот. Постоела и дилема помеѓу научниците за тоа дали треба да се направи евакуација. Вулканот избувнал на 30 август 1976 година, но бил помалку сериозен отколку што било предвидено. Немало жртви, поради целосната евакуација.

Додека островот бил напуштен, германскиот режисер Вернер Херцог отпатувал во напуштениот град Бас Тер каде пронашол селанец кој одбил да го напушти својот дом на падините на вулканот. Неговото патување е снимено во филмот La Soufrière.

Наводи

уреди
  1. Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 353. ISBN 0-89577-087-3.
  2. Feuillard M.; Allege C.J.; Brandeis G.; Gaulon R.; Le Mouel J.L.; Mercier J.C.; Pozzi J.P.; Semet M.P. „The 1975—1977 crisis of La Soufrière de Guadeloupe (F.W.I.): a still-born magmatic eruption“ (PDF). Journal of Volcanology and Geothermal Research. 16: 317–334.