Могила на непознатиот војник (Москва)

Могилата на непознатиот војник (рус. Могила Неизвестного Солдата) е воен споменик посветен на паднатите советски војници во Големата татковинска војна (1941-1945). Сместен е крај ѕидините на Кремљ во Александровската градина во Москва.

Претседателот на државата Димитриј Медведев го пали Вечниот оган по реконструкцијата, 2010 г.

Паднатите борци во Битката за Москва (1941 г.) најпрвин биле закопани во масовна гробница на 41-виот километар од Ленинградскиот автопат, но во декември 1966 година биле преместени под Кремљскиот ѕид, по повод 25-годишнината од битката. Могилата била отворена на 8 мај 1967 година. Факелот со кој е запален Вечниот оган е пренесен од ленинградскиот вечен оган на Марсовото поле.

Проектанти на могилата се архитектите Д. И. Бурдин, В. А. Климов и Ј. Р. Рабаев и вајарот Н. В. Томски. Во средината стои платформа од плочи од измазнет црвен гранит. Самата надгробна плоча, вградена во 1975, е украсена со бронзена склуптура на ловорово гранче и шлем врз бајрак.

Пред надгробната плоча, во квадратна вдлабнатина стои петокрака, од која гори Вечниот оган на славата. Пламенот го осветлува натписот: „Твоето име е незнајно, подвигот твој е бесмртен“ (Имя твоё неизвестно, подвиг твой бессмертен).

Лево од могилата стои гранитен ѕид со вградена камена плоча со натпис „1941 - За оние што паднаа за татковината - 1945“. Десно од могилата има гранитна алеја со плочи од порфир во кои се содржи почва од градовите-херои на војната: Ленинград, Киев, Сталинград, Одеса, Севастопол, Минск, Керч, Новоросијск, Тула и Брест. Сè до 2004 г. натписот на Сталинград гласел „Волгоград[1]

Во 1997 г. со федерален закон на могилата ѝ е вратена Почесната стража (која претходно го чувала Лениновиот мавзолеј).

Наводи уреди

  1. Распоред на Претседателот на Руската Федерација Архивирано на 1 ноември 2011 г. од 19 јули 2004 г. бр. 320-рп (руски)

Поврзано уреди

Галерија уреди

55°45′17″N 37°36′58″E / 55.75472° СГШ; 37.61611° ИГД / 55.75472; 37.61611